1. Авон маска Treasures of the desert Маската содржи расул глина и арганово масло. Има портокалова боја и убав мирис. Составот ми се виде добар т.е. нема парабени и останати „лоши“ состојки. Не остава затегнувачко чувство како обичната зелена глина. 2. Авон True Color бронзер Medium Riviera Бронзеров пријатно ме изненади зашто ја нема класичната портокалова боја и светки. Совршен е за деновите кога кога ме мрзи да се шминкам, а сакам да постигнам природен излед. 3. Алверде пакување за коса Не знам од која причина се вика „пакување“ ама да не должам. Го користам како регенератор/маска иако од истата линија има шампон и регенератор. Мирисот е најубав на свет и долго се задржува на коса. На факултет имавме пуштено клима и бидејќи дуваше директно во мене го чувствував мирисот. Косата ја прави свиленкава и нежна. 4. Аура илуминатор Glamglow Уште еден производ што го користам кога ме мрзи да се шминкам. Имам забележано кога ќе се забетонирам со шминка ми ја брише пудрата кога ќе го нанесам, а кога ќе се поминам само со коректор дава баш убав здрав сјај.
Одамна не пишувам тука. 1. Влошки Jessa Покрај многубројните проблеми со останатите влошки, користев само Always night понекогаш и парфимираните, но испадна дека и тие не се здрави за нашата вагинална флора па барав нешто поприродно од памук. По препорака на другарка ги земав овие влошки во Дм, најдолгите и го големо пакување и сум презадоволна, немам никакви проблеми, удобни и не пропуштаат. 2. Тампони Jessa Покрај користените o.b.тампони исто ги препорачувам и овие, само на jessa ми се подобри и убави од о.б. така да кога сум надвор и повеќе од 4 часа да ја носам не ми протекува. До сега немам забележано несакани ефекти и внатре имате пакување за 2 менструации со мали интервални денови. Симболична цена од 69 денари во дм имате различни големини и типови. 3. Poop feel коректор за црвенила - green concealer Солиден квалитет за смешна цена, нарачан од алиекспрес. Навидум течен со мини густа текстура, но многу покривен. Имам ситни бубулици како резултат на овулација и пред добивање што ми се појавуваат, па овој коректор се покажа одличен по 2 користења.
NYX Proof it! - база за сенка Базава за сенка ја купив кога бев во Скопје минатиот месец. Ја користам секојдневно и сум многу задоволна. Структурата е полу-течна , со помош на апликатор нанесувам на очниот капак , размачкувам и по 1 минута местото станува мат. Шминката не мрда додека не ја извадам цената беше околу 550 денари (дефинитивно производите на NYX во Македонија се многу скапи ) Aura defining pencil browmatic - молив за веѓи Моливот за веѓи на Аура е фантастичен. Лесно се исцртуваат веѓите , не се размачкува , мојата нијанса е dark brunette и ми е ептен погодена. Среќа ги донесоа производите на Аура и во Гр па кога ќе ми се потроши пак ќе си го земам Benefit Hoola -бронзер за лице Бронзеров ми стоеше така во фиока сигурно 2 месеца па решив да го отворам конечно. Бронзерот е пигментиран , бидејќи сум светла во тенот доволно ми е да ставам сосема малку на лице. Се мислев кој да го купам овој или тој hoola lite , но искрено другиот ми изгледаше како пудра за лице само малку потемна досега овој и тоа руменилото што го користам ко бронзер на Mac се топ , најдобри бронзери што сум користела досега , одговараат сосема на мојот тен цената му е 36 евра , но секако јас прво чекам некој попуст (околу 28 евра го земав)
Една година немам пишано на темава, па еден мал upadate 1. Zara Gardenia eau de parfum Спојлер Верна сум на парфемиве на Зара, моментално овој ми е хит. Многу ми мириса лесно, а сепак благо. И на цвеќиња. Јас не сакам прејаки парфеми така што овој ми е ептен погоден. 2. Dontodent Black shine Спојлер Ептен имав мерак да испробам колку добро функционираат овие маскиве со активен јаглен во нив. Сега за сега оваа ја користам навечер, Пишува дека ги отстранува флеките од чај, кафе вино како и штити од забен камен. Од кога почнав да ја користам имам забележана промена во нијансата на забите. Дефинитивно ми се побели. 3.Sensilis chloracol anti acne lotion Спојлер Едно време многу се исфрлав во пределот на деколтето, хормонски. И пробав се и сешто, ништо не ми помагаше освен лосионов. Сега пак на лицето почнав да се исфрлам хормонски и ова ми помага. Е сега бидејќи го користам два пати на ден, малку ми го исуши лицето и затоа морав да најдам ептен некоја добра крема(следниот продукт) 4. Sebamed baby cream extra soft Спојлер Кремава е мрсничка, ама не толку многу за да ти свети лицето ко ламба За бебешка кожа е наменета, дека јас имам доста осетлива кожа оваа ми ја предложи аптекарката. Инаку има еквивалент на кремава и за возрасни. Јас сум презадоволна, ми ја спаси исушената кожа. 5. 15 all in one color Спојлер Продукт за фарбана и оштетена коса, со 15 различни функции. Косава откако почнав почесто да ја фарбам ми се оштети ептен. Спрејов е life saver. Прво мириса божествено, второ бојата ми ја задржува подолго, и сосема ми одговара на мојата прегуста виткана коса. Само не знам дали го има кај нас, јас од Србија го земав. 6.Highlight palette H&M Спојлер Случајно на каса ја видов додека купував нешто и решив да ја испробам. Не ставам често хајлајтер, ама овој ми изгледаше прекјут. Убави се нијансите, убаво пигментирани, плус траат доста. Од мене 7.Betty Lou Manizer/Bronzing Bandit - The balm cosmetics Спојлер Јас имам пребледа кожа, плус анемична и некогаш стварно не изгледам привлечно само со пудра на мене. Пред овој бронзер ретко кога ставав нешто, зошто ми личеше ко со кал да сум се нашлакала Ама this thing is magical. Преубаво стои, бојата е убава, пигментиран е, стои на лицето доста.
1. Маска за лице за комбинирана кожа од Балеа (Мultimаsking) Маската содржи две пакувања како и останатите маски од овој бренд само што едниот дел е наменет за делот на лицето каде што кожата е нормална (најчесто образите), а другиот дел за т.н. т- зона каде што лачењето на масните жлезди е видно изразено. По нанесување на соодветна количина која би го покрила површинскиот слој, се добива лесно и пријатно чувство за временскиот интервал од 15-20 по кој лицето добро се измива со млака вода и се нанесува крем за лице. Ефектот е чиста и мазна кожа до следната употреба во текот на една недела како што практикувам. Пакувањето може да се користи неколкупати од препорачаната употреба за двапати зашто поголемото количество го дозволува тоа. Искуството е позитивно и ја препорачувам за оние што имаат комбинирана кожа. Цената е 59 ден. 2. Балзам за усни La soy Кремаста структура изработена од природни состојки кои помагаат за заштита и одржување на хидратацијата, за потхранување и нега на кожата која е почувствителна на тој дел. Достапен е во неколку ароми (минт, чоко, папаја, кокос) во мало пакување во форма на гроздова маст. Со редовна употреба го поттикнуваат процесот на заздравување на сувата и оштетена кожа како и ја заштитатуваат здравата од надворешните штетни влијанија. Искуството од овој балзам е далеку позитвно во споредба со други балзами, имајќи во предвид дека имам исклучително суви усни, па подолго време барав производ кој содржи "се во едно". Не содржи парабени. Во составот има природни масла и витамин Е. Цената е 100 ден. 3. Лак за нокти Golden Rose Ice Chic 06 Прекрасна розова боја која одговара на секоја должина на ноктите и за секоја прилика.Одлична структура која по нанесување создава дискретен и неутрален изглед на ноктите. Секогаш сакам да го имам оној општ ефект од бојата со само еден слој кој брзо се суши. Без употреба на Тоp Coat трајноста е 3-4 дена. Посебно ја издвојувам бојата за овој период од годината кога пастелните нијанси се одлика на целокупниот изглед. Цената е 60 ден.
1: Шаума мед и смоква Јас имам масен корен и суви врвови и овие 2 производа беа супер за таквата коса Ова е за сега првиот шампон со кој косата ми издржува 2 дена и и " дава живот ". Освен тоа, преубаво мирисаат ( сите ме прашаа што користам ), составот е супер без парабени силикони, биодевојка единствено имаше замерка за шампонот бидејќи имал голема измивачка моќ, доволна е мала количина бидејќи многу пени и ја остава чиста косата ( со чувство на крцкање ) Од балзамот презадоволна бидејќи е како крема, треба мала количина и немав никаков проблем со расчешлувањето. не се скапи, ги има во дм. 2: Corine di farme мицеларна вода Презадоволна вади и кармин и сенки и туш. Преубаво мириса, дозирањето е супер поради пумпицата, во зегин 159 денари за 500мл производ. Имам проблематична и чувствителна кожа која не поднесува баш се, но од овој производ немам никаков проблем. 3: Нивеа рол-он Нема што да пишам, одлично си ја врши намената. Одлично ја спречува миризбата па дури и количината на пот. 4: Малена течни мат кармини Јас сум познат јадач на кармини, но овој е единствен кој ми издржува. Јадење, пиење па и бакнување, се издржува нема гајле
Многу сум задоволна од кремчево, иако бев доста скептична на почеток. Првично ми се допаѓа бидејќи е во стаклена тегличка, не е во туба и е многу попрактично за нанесување. Структурата е воденикава и многу лесно се разнесува, без никакви траги да остава на кожата. Лицето го чувствувам малку лепливо но после неколку минути убаво се впива. Одлично е како подлога за шминка баш затоа што убаво ја слепува пудрата врз кожата. Јас го користам и пред легнување, во многу мала количина. Приметив дека многу ми ја освежи кожата, воопшто не ми ја мрси и ја држи хидрирана и мека.
125 мл. e околу 20 евра, 60 мл. е мислам 11/12. За лузни од акни е стварно супер, јас за тоа го земав, а за акни не. Не ги влошува, само не влијае никако, не му е тоа намената.
Си имам ветено сама себеси дека ќе почнам по интензивно да ја негувам косата , бидејќи сакам да ја пуштам подолга , а не само тоа туку да биде и здрава. Решив да пробам некои производи на Kerastase,а се одличив за линијата aura botanicа , поточно за шампонот и регенераторот. Мирисот е боженствен , на арган и општо некои билки , од шампоните има два типа , јас го одбрав тој за тенка коса bain micellaire , баш е она редок како водичка. Убаво ја чисти косата , а за регенераторот немам зборови , косата ја остава мека , и по миењето имам чувство како да сум излегла од фризерски салон. Единствен минус е тоа што мене ми треба повеќе волумен а шампонот тоа не го дава. Единствено не ми ја масти косата. Нареден пат ќе им дадам шанса на Moroccanoil Цена на сетот - регенератор плус шампонот - 38 евра Чудово од спреј на MAC не го менувам за ништо. На почетокот се мислев дали вреди да го купам - бидејќи обичната верзија fix plus не ми се допаѓаше (искрено незнаев за што му е намената друго освен хидратација), но немам зборови , јас секогаш го нанесувам по шминкањето , по нанесувањето пудрести производи (пудра и бронзер) од кога ќе се прснам се губи оној изглед на лице пренатрупано со шминка плус изгледа мат. Баш мат. И долго време ја држи шминката мат. Го пробав со камена пудра и без и резултатот е ист. На дното на шишето има бел прав (сметам тоа помага во матирање на лицето) и затоа треба да се разтресе убаво шишето пред да се прснете на лице. Цена со попуст - 14,5 евра Ќе кажам и неколку збора за прајмеров за лице на Smashbox (на соодветната тема имам пишувано за неа) помага при прикривање на порите , го имам пакувањето од 15 мл и се уште го користам , најдобриот прајмер што го имам користено. Цената на 15 мл е 12 евра , на 30мл 23 евра
Млеко за коса на Балеа. Косата ми ја прави многу мека, лесна за расчешлување и обликување, а пред се и дава мноогу сјај. Најбитно од се, воопшто не ја мрси и има прекрасен овошен мирис на манго кој долго после тоа се задржува во косата. Дефинитивно најдобро нешто што го имам ставено на мојата коса. Топло го препорачувам. 2. Maсло за оштетена коса на Лореал Ги негува и обновува врвовите на косата, а истовремено ја измазнува и и дава убав сјај. Од кога го користам косата не ми цвета толку брзо, и влакното е поцврсто . Јас го ставам на влажна коса или пред пеглање, така има поубав ефект.
1. Balea тоник за проблематична кожа Пробав да се депилирам со крем на долниот дел од грбот знаејќи дека кожата ми е чувствителна и се исфрлив. Го купив тоникот и по една недела ми ја смири кожата од тој предел. Оваа линија на производи содржи цинк и салицилна киселина кои се познати борци против акните. Исто така го нанесувам навечер на лице, бидејќи наутро користам серум кој не треба да се меша со салицилна киселина. Од мене само пофални зборови, целата линија за нега на лице е прекрасна. 2. Eucerin oil-control крем за лице Кремот покрај тоа што содржи висок заштитен фактор ја матира кожата и подолго време не светнувам. Малку бев скептична околу матирањето и не ми се даваа толку пари за кремот (чини околу 720 денари), сепак останува на листата на омилени производи за во лето. Пишува дека може да се користи и како подлога за шминка. По нанесувањето обичен крем за лице го употребувам како подлога но без пудра (се поминувам со коректор само каде е потребно). 3. Шеа путер од Био-космос Не сум сигурна дали со менувањето на амбалажата ја сменија и самата формула, но „новиот“ шеа путер е попенест и полесно се размачкува. Предходниот шеа путер имаше грутки кои тешко се растопуваа во допир со кожата. Го користам навечер и се мачкам на лактите, околу очите и устата. Одличен е при заздравувањето на лузни и избледувањето на флеки. Можеби нема да ви се допадне мирисот бидејќи мириса на мелени јаткасти плодови, но мене овој производ ми е свето нешто. 4. Misslyn спреј за фиксирање Го видов од форумов и најпрво не ми се даваа пари за толку мала милитража (390 денари за 50 милилитри) но спрејчево си се оправда. Кога ќе се напрскам не ми ја размачкува шминката како некои други спрееви, лицето не ми свети, брзо се суши, шминката ја држи додека не ја извадам и што е најважно маснотијата не ми избива подолго време. Преку лето е спас за нас маснокожците. 5. Rimmel Stay Matte компактна пудра Пудрава е одлична за сетирање на подочниците и за матирање кога ми е потребно во текот на денот. Не знам дали има повеќе нијаси, јас ја купив на слепо нијансата 003 Peach Glow која совршено се вклопува со мојот тен. Преку лето избегнувам да се шминкам и од производи имам сведено на минимум, но пудрава ми е извор живота за високиве температури.
^^ Млекото го нанесувам на мокра коса пред сушење , стискам одредена количина од производот и го масирам во косата. Го нанесувам од половината на косата до врвовите . Не се плакне . Маслото го ставам отпосле или пред пеглање, по 2-3 капки по должината на косата, посебно на врвовите.
Palmolive Naturals и тоа во неколку варијанти: Olive & Milk,Coconut,Milk & Honey,Almond & Milk. Позитивно дејство забележувам во однос на сјајот на кожата,веројатно поради хидратантното млеко плус екстрактите од производи како маслинки,кокос,бадем кои се богати со масни киселини. Во исто време позитивно дејство има и врз косата, и ја прави убава и бујна. Останати продукти за туширање кои сум ги пробал,или се добри за тело а се промашување за коса,или се добри за коса а се промашување за тело. Bagnodoccia crema,tanta roba...Препорачувам
Да, се измива. Има и регенератор од истата линија. Јас пакувањево го користам како регенератор, навистина не знам што му е намената. Два исти производи се или јас грешам.
Неколку причини зошто маскава ја ставам во Омилени: 1. Имам осетлива кожа, и ми одговара, не ми ја суши 2. Не ми ја иритира воопшто кожата иако е како пилинг 3. Ми го прави лицето премеко 4. Ми го регулира лачењето на маснотија на Т зоната 5. Ми ги отвора порите, буквално ако поминам со нокт на носот, ми излегуваат црнките 6. Го осеќам лицето чисто после употреба