1.Презадоволна од било кој од шампоните на Лореал. Последно овие два ги земав, не содржат силикони, убаво ја мијат косата и и даваат сјај. Вториот моментално е на акција во Зегин и кошта 109 ден. 2.Течно руменило на Алверде Остава убава и нежна боја, нешто измеѓу розе и праска, која и дава природен и свеж изглед на лицето. Долготрајно е и тешко се брише. 3. Лакчињата на Maybeline Имаат убав избор на бои , пигментирани се и долготрајни. Лакот ми држи и до 1 недела.
Weleda крем од невен- Преубава крема. Незнам што да кажам! Сувите делови на кожата ми се препородија! Иако е за бебиња си ја врши работата и кај возрасни. Ја ставам сегде каде што имам потреба на телото. Универзал. За ништо нема да ја сменам, бидејќи долго време барав крема од невен на природна база и од мене има чиста 10ка! Балеа крема за лице со алое- Кремава ја купив бидејќи има добра декларација и е наменета за нормална/мрсна кожа. Алоето прави мат ефект и трае околу 4 часа кај мене, особено на жешково. До сега, од се што сум користела, ми се покажа како океј кремчево за во лето. Исто да напоменам дека на сувите делови хидрира и не ми се појавуваат лишаи, барем сега за сега.
1: Лакови Гламур Смешна цена се ( 20-30 денари ), а ги имам купено од голден роуз на рекорд. Издржуваат околу 7 дена,со миење садови, бањање и се , не се сушат после подолг период како другите и четката е одлична за рамномерно нанесување на лакот и немам потреба од топ коут и слични работи иако имам долги нокти. Е да, мааната е тоа што и нема баш некој избор на поубави нијанси . 2: Лосион за стапала Авон со шеќер и лимета Преубаво мириса и ги негува стапалата Не знам дали уште го има бидејќи јас го земав од поодамна. Има течна текстура ( воопшто не е леплив ),зеленкаста боја и дава чувство на ладење на стапалата. Цена: 80-90 денари 3: Црна маска Revuele Јас доцна посегнав по ова чудо бидејќи бев скептик, ама брат ми ме натера Ја користиме и двајцата за носот после бањање и ги вади сите нечистотии и ги чисти порите убаво ( кожата е мазна, се гледа дека порите се " празни " ) и не ми ја иритира кожата. Цена: ја земав во дм на акција 140 денари. 4: Голден Роуз Силки тач камена пудра Откако користам течна, користам и пудра во прав бидејќи имам ненормално мрсна кожа. Пудрава е повеќе од одлична бидејќи никогаш не ја поправам, а " се држи " и до 8 часа, никогаш не сум ја сменила и сум презадоволна од тоа како ми легнува на лице. Не е тешка, а сепак убаво покрива, се совпаѓа со течната и делува мн природно и неприметливо на лицето. Цена: 140 денари 5: Шампон Гарниер со 5 билки Има доволно пишувано на форумов за него да не се повторувам. Има супер состав, убаво мириса, ја остава косата чиста и за масна коса како мојата е спас по топлово . Цена: 160 денари 6: Ингрид бронзер и хајлајтер Ги користам многу време, презадоволна сум од ефектот кој го даваат ( посебно хајлајтерот ). Се заљубив во пакувањето, бронзерот е нежен и не е многу пигментиран што значи дека не можеш да претераш и да изгледа како некој да те шлапнал и мислам дека одговара на секој тен. Хајлајтерот исто така, дава нежен сјај на лицето, не е воопшто нападен туку се " топи " со пудрата и многу ми се допаѓа како ми стои бидејќи сум мнооогу бледа.За невешти и неискусни како мене овие 2 производа се супер Цена: Ги земав во космо за околу 310-350 ден едно. За толку ниска цена се добива многу производ што е супер
Romantic Sunset пaлетaтa нa Аурa дефинитивен фaвoрит oвaј месец. Супер бoи, леснo се кoмбинирaaт. Фенoменaлнa Неутрoгенa гел и мaскa зa лице_ oвa е нештoпoјaк гел зa миење нa лице, aмa aкo имaте мaснa кoжa кaкo мене супер е. Длaбински чисти , кoжaтa oстaнувa мекa и нежнa, и нaјбитнo темелнo исчистенa. Вo пoтрaгa пo нoв кoректпр, oдлучив дa гo прoбaм Кaтрис кaмуфлaжa ине згрешив. Мнoгу ми се дoпaднa кaкo се стoпувa сo кoжaтa, прекривa супер, дoлгoтрaен е ине ми се вoвлекувa вo пoрите Oвие кaрмини нa Гoлден рoс се мислaм фaвoритo нa гoдинaтa зa мене. Сaкaм мaт кaрмини, aмa мнoгу ми сметa тoa штo усните се суви вкoчaнети итн. Е кaј oвие кaрми и тoa гo немa. Ем се мaт , ем се кремaсти. Не ги сушaт усните, лесни се зa нoсење , супер.
Cosmo, а ја има и во ДМ. Мислам дека беше околу 400-500 ден. Не се сеќавам баш бидејќи на попуст ја земав.
Производот кој ми го спаси лицето овие неколку месеци. Највеќе ми се најде за на одмор, на плажа, ставав на лицето и деколтето, бев изложена на јако сонце и воопшто не изгорев. На лицето изгледаше многу убаво, некаков природен сјај даваше. Исто така ми се јави алергија од сонце, како црвенило на градите, и ми ја смируваше. Омилена крема за заштита од сонце за лице Благодарам до @LollySky за кремата
Го користам неколку години по препорака на дерматолог и сум презадоволна. Имам фотосензитивна кожа склона кон црвенило и алергија, а кремот е вистинското решение да го пребродам летото.
Органска е, да. Јас имам комбинирана кожа летово, па ми одговараше. Се сеќавам и читав по форумов кога ја прашуваа @Biodevojka за органска крема со спф која највеќе одговара за комбинирана кожа и таа ја имаше предложено. Бело не остава, но е малку густа, и ако ставиш повеќе ќе ти свети на лицето. Јас на почеток додека да погодам колку и како да ја нанесам си светев, ама ништо страшно Плус е малку тонирана, за на плажа е баш топ https://www.ecco-verde.com/eco-cosmetics/sunscreen-spf-50-1 Еве може ќе ти се најде ова
Масло од јојоба. Откако почнав да го користам ова масло заборавив на речиси сите проблеми со лицето. Маслото веднаш се впива во кожата и воопшто не го масти лицето и воедно го прави мазно и свиленкасто. Мислам дека слободно може да ги замени анти ејџ производите, бидејќи со еден месец користење веднаш забележав подобрување на тонусот на кожата на лицето. Навистина вреди за секој денар