315 денари. Навечер го нанесувам директно на исчистено лице, а наутро прво ставам хидратантна крема, а после од маслото. Да напоменам дека природно кожата на лицето ми е нормална до сува и ваквиот начин на нанесување кај мене функционира
Кој има дива коса,остра,бебешки влакна што штрчат на сите страни,маслово е прекрасно. Како ја омекнува косата и не ја мрси.
1. Garnier Aloe air-dry cream Кремов за коса има прекрасен мирис, не содржи силикони и влакното го прави свиленкаво. Го нанесувам на влажна коса и не ја сушам со фен, а резултатот е мазна и сјајна коса за која постојано добивам комплименти . Алоето е на висока позиција, самата текстура е воденикава и поради големата милитража сигурно ќе ми трае година дена. 2. Babylove крем против осип Скоро сите девојки се соочуваме со иритирана кожа на внатрешната страна на бутовите во лето (чест на исклучоци) поради суќни/фустани/шорцеви. Предходно користев обична цинкова паста со нафтени деривати и мала количина цинк оксид. Кремов против осип содржи цинк оксид на втора позиција и е без штетни состојки бидејќи е наменет за бебешка кожа. Текстурата му е многу густа и треба да се внимава колкава количина се зема. Вообичаено го нанесувам навечер и до сабајле кожата ми е смирена и без црвенила. 3. Ebelin средство за чистење четки Кога сум во фрки да се нашминкам што побрзо, а немам чисти четки при рака ова спрејче ми е спас. Нема мирис на разредувач и работата си ја врши од-лич-но. Прснувам на четката која сакам да ја употребам, ја тапкам на чисто марамче и за 10 секунди имам чиста четка за шминкање. Од мене огромна препорака, ќе продолжам да го купувам во иднина. 4. Balea крем за околу очи Кремов содржи алое вера на втора позиција и сончогледово масло на трета. Има лесна структура и е соодветен за млада кожа бидејќи не содржи анти ејџ состојки. Го употребувам навечер или кога не се шминкам бидејќи е помрсен од обичниот Аква крем и коректорот ми се собира под очите. Било да го изберете овој или Аква кремот нема да погрешите. 5. The Ordinary Azelaic acid suspension Азелаичната киселина помага во избледувањето на флеките и го намалува црвенилото на акните. Препорачливо е да се користи навечер, но доколку се користи наутро задолжително да се нанесе крем со заштитен фактор. Наутро се будам без мрсна кожа за разлика од обичните креми/масла за лице. Структурата му е густа, скоро како силиконски прајмер (само што не содржи силикони) и не остава траги. Производот не може да се купи во продавница, но може да се порача од Beauty Bay, Asos или од официјалната страна на Deciem.
Ја земав пудрава во прав пред месец-два, на намалување, и морам да кажам дека ептен ми се погоди за топлите денови. Има некоја слаба-средна покривност, но со коректор под неа топ е. За изедначување на тенот, 10ка. Би ја опишала како бб крема во прав Мириса преубаво, и лесно се нанесува со сунѓерчето внатре. Речиси како да не ја осеќам на лицето. Би рекла дека е за нормална-комбинирана кожа (со претходно нанесена соодветна крема). Плус е природна козметика. Се на се, за малку пари, преубав производ.
Mi se pojavuvaat vamu tamu i ova mi pomogna dosta, samo prvin za kremot od Clean&Clear prevaraj go na nivnata strana ima kako predupredyvanje i kaki da se koristi bidejki e malku zeznato
1. Овој шампон на Garnier. Убаво ја мие косата и ја хидрира, ја прави многу мека и ми одговара (имам мрсна коса). Исто така задоволна сум и од регенераторот од истата линија. 2. Elseve Ectraordinary oil ова масло многу добро ги "измазнува" и ги потхранува врвовите а не ја мрси косата. 3. Balea лосион за тело со кокос и шеа орев убаво ја хидрира кожата пишува дека е за сува кожа, но мојата кожа не е баш сува и овој лосион ми ја прави многу мека и хидрирана и брзо се впива не е толку мрсно.
Јас се извинувам , случајно разгледувајки на темата видов дека си ставила слика од гелот за миење на лице од чајно дрво , како си задоволна бидејки сакам да го порачам ?
1.Балеа масло за туширање - почнав да го користам пред една недела , 70% е масло и одлично ја чисти кожата , многу добро хидрира и нема потреба потоа од млеко за тело и убаво нежно мириса. Одлично е за зима и есенски период 2.Рексона без алуминиум - одлично заштитува и има прекрасен свеж мирис 3. Авене гел за миење лице , одлично измива потребно една трошка и прави многу пена трае со сигурност 3-4 месеци . Акните ги суши , само пофалби за него 4.Масло од чајно дрво- ги убава акните преку ноќ планирам да го пробам и како освежувач на здив разреден можеби со некој чај во прскалка 5.Најдобриот шампон со бразилски кератин , какао путер , кокосово масло и авокадо масло . Дава сјај , косата ми е многу нека од него , лесно се расчешлува имам волумен и најважно од се тоа е прв шампон што на 4-5 ден се мијам , косата не ја мрси * Од истата линија го имам и регенераторот заедно ги користам Одлични се , преував мирис кој 3-4 дена се задржува на косата 6. Сода која е без алуминиум - незаменлива после секое туширање ставам на влажни пазуви . Спас за непријатно потење ! 7.Силиконска четка за лице - има полнач одлична е , нежна и одлично го чисти лицието 8. Мојата омилена маска од лореал Ставам од неа неделно два пати , лицето ми го препороди после неа лепам од овие за црнки РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ WOW , сите црнки извадени !
Прв пат пробувам руменило и бронзер од Мах фактор, и мора да ги споделам тука со ВАс. Воодушевена сум и мислам дека си ги најдов идеалните производи за оваа намена кои постојано ќе си ги чувам во несесерот. Само никако да најдам така добра пудра. Некој предлог ,нормална до масна кожа?? За истиве производи напишав и рецензија на блогот.
За жал содржи силикони, ако е тоа нешто што ти смета или не сакаш да ги употребуваш. 1. Balea Olfreies Creme-gel 2. Batiste clean&classic dry shampoo
@x.Daisy.x сега проверив состојки со толкави букви пишува dimeticone. И текстурата му е таква, а јас цело време убедена дека не содржи. My bad што не истражив на време, сепак не ми смета силиконот во составот. Второ пакување трошам и не планирам да го сменам, барем за сега.
Засега овој месец ми е на Софи сапунот со невен и бадем за осетлива кожа Го гледав во DM по 199 денари нонстоп и ме заинтересира дали е доста добар бидејќи барав и некој сапун што ќе ми помогне за акните на лицето и е со природни состојки. Овој е со масло од јојоба што е супер за моето лице и некаде 5 пати го користев или повеќе и е супер. Ми го измазнува лицето, го осветлува, намалени се и акните, а тие што се таму се дебело смалени и откако ке го измијам лицето го чувствувам некако поисчистено ама не е како да го триеш со обичен сапун.
Масло од јојоба Биокосмос Првпат маслово е дел од мојата козметика. Премногу сум задоволна. Читав позитивни искуства, но не до степен на беспрекорен производ кој заменува низа други козметички средства (балзами, маски, спрејови, серуми). Го користам редовно за нега на кожата и косата. Резултатите се видливи по само неколку дена.Косата ја прави мека и свиленкаста, а кожата помалку се масти и има убав природен сјај. Го прогласувам за производ на сите времиња. Редовна цена е околу 320 ден. Го земав на намалување по цена од 265 ден.
Estee Lauder Advanced night reapir serum Серумов е одличен , го користам од јули месец и лицето ми е кристал чисто , без црвенила , навистина ми се промени структурата на кожата. Многу го фалат серумов , не само на форумов , туку и на многу страни на нет па решив да му дадам шанса. Откритие ми е на годината , се надевам дека и ќе помогне во првите знаци на стареење и во иднина (иако уште ми е рано ) ставам по 4-5 капки на прстите , ги тријам и нанесувам на лице , се упива веднаш. Серумот има безмасна формула , и не го мрси додатно , можат сите да го користат и тие со најмасна и тие со најсува кожа. Бев скептик за серумов , мене навистина ми го прави лицето убаво. Lush - Let the good times roll Прекрасен чистач за лице , го меркав скоро година и сега реков ќе го пробам па што сака нека биде Мириса боженствено , на колач некој , дури ти доаѓа да го изедеш. Внатре има пуканки , ама ставени се така , како за украс. Ми се допадна многу што прави и благ пилинг и лицето го остава многу нежно. Но , јас би рекла дека е повеќе за нормална до сува кожа , не дека ми направи проблем , ама дава некој сјај на лицето по миење.. може да го земам во иднина за тело , во поголема количина Alverde repair avocado shampoo - Уште еден супер шампон , презадоволна сум од сите шампони за Алверде , смао што за жал ќе морам да го сменам , косата ми паѓа па морам да земам соодветен... инаку дава неверојатен сјај на косата , и иако е за сува коса , мојата мрсна коса не ја мрси..супер е Dr.Hauschka bronzing powder 01 - Бронзерот на Др.Хаушка го користам скоро месец , нијансата е многу убава , мојата е 01 за мојот тен е таман , мириса многу убаво на некои билки , плус има супер состав. Нијансата не е ниту кафена со ладен подтон ниту па портокалова , нешто измеѓу ако ме свативте Негативно е што морам да ја порачувам да ја чекам 5 дена оваа што ја имам сега ја порачав преку брат ми да ми ја купи од Германија