Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. sparklie

    sparklie Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    255
    1. Seventeen парфимиран лосион за тело - мирисот е преубав и долготраен, има и супер хидратација :)
    [​IMG]
    2. Fleurance nature aloe vera крема за лице - доволна хидратација, лесно се впива и ми го смирува црвенилото.
    [​IMG]
    3. Golden rose ice chic лаковите - ми се имаат покажано како најдолготрајни од сите нивни лакови, ми траат околу една недела со минимално лупење на краевите.
    [​IMG]
     
    На Devil99, ivancekitty, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Од каде го зема парфимерaниот лосион за тело на Seventeen?
     
  3. sparklie

    sparklie Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    255
    @poenta од космо во гтц :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.515
    Допаѓања:
    106.014
    Пол:
    Женски
    Lush - Magical moringa moisturiser/primer

    Како досега не сум пишала за овој производ на темава (facepalm)
    Кремава за лице (може да се користи и како база за под пудра по нанесување на некоја друга крема доколку имате комбинирана или нормална кожа) , ја земав во август кога дојдов во Скопје , читав добри критики на интернет дека добро матира без да ја суши кожата и сл. Кремава е навистина магична можам да кажам. Толку е густа што личи на вазелин , сега октомври месец приметувам дека е многу стврдната и ја вадам со шпатула за да ја нанесам на лице- а некои се жалат дека во лето станува баш како масло но мене не ми се има случено тоа... Пред да ја нанесам на лицето , ги тријам двете дланки и кремава станува масло. Откако ќе стане масло ја нанесувам на лицето и се впива за неколку секунди и лицето е мат.
    [​IMG]
    Буквално пудрата по лицето се нанесува како кога ќе нанесеш силиконски прајмер. А кремава содржи многу убави состојки како пченкарно брашно , арганово масло , масло од шипка , масло од моринга , масло од сандалово дрво итн..
    Со ниедна крема досега не ми било вака лицето , да се контролира себумот , било да е органска кремата или неорганска. Јас ја користам преку ден кремава , пред шминка обавезно , ново откритие за моево мрсно лице (поготово пред добивање). Сите што имате проблем со маснотијата на лицето побарајте тестер во Лаш да ја пробате :!:
    Цена - 1700 денари / 55гр

    [​IMG]


    Clarins Extra firming eye wrinkle cream -

    Решив минатиот месец да инвестирам во крема за очи , нешто што би помогнало во иднина за брчките околу очите. Во Сефора ми ја препорачаат оваа крема , ја користам неколку недел и инавистина гледам големи промени со темните кругови , некои ситни брчки и кожата ја осеќам по затегната. Многу ми се допаѓа , и не жалам што дадов 50 евра (со 15% попуст) , но гледам дека почнува да се троши , а гледам да не нанесувам во големи количини баш за да ја штедам :lol: некој нареден пат (кога ќе осетам некоја потреба) сигурно пак би ја купила зашто навистина врши работа)
    [​IMG]

    Reell`e DM фарба за коса - Убава фарба за таа цена - јас ја имав купено 99 денари на попуст и бојата не избледе скоро месец (на 25 дена се фарбам). Ја препорачувам :)

    [​IMG]
     
    На buba4e89, Annath, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Сув шампон
    Освен што си ја врши одлично работата и ја освежува косата, преубаво мириса
    [​IMG]
    Доста покривна моќ има и пријатно сум изненадена од коректоров
    [​IMG]
    Маскарава е предобраа, дава и должина и густина на трепките а не ги слепува премногу.
     
    На EMoonlight, duffi, marchi-cool и 8 други им се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажеш точно во кое Биокосмос има масло од јојоба, некни мм барал незнам точно во кое ама му рекле дека нема од ова, освен во ДМ што има едно околу 1000 ден е, благодарам
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.515
    Допаѓања:
    106.014
    Пол:
    Женски

    Масло од јојоба јас имам купувано во тоа Биокосмос позади работничкиот универзитет во Центар
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    6.074
    Пол:
    Женски
    1.Alverde путер за коса , го нанесувам еден час пред да ја измијам косата , го користам две недели и има резултати косата ми е многу сјајна , мека и не е разлетена (fingers)
    2. Afrodita шампон ПРЕДОБАР ! , многу лесна структура , нежен мирис , многу пени ! Косата од него е многу сјајна , мека и немам потреба за маска или регенератор ( иако нанесувам ) Стварно не вредело за давање пари за шампони кои се многу агресивни + почна да ми се намалува опаѓањето на косата и тоа многу по само 4 користења
    3.серум на балеа , го користам за врвовите и се фенирам
    4.најдобрата четка за лице , сега сфаќам колку лицето е почисто со користење на четка (y) дефинитивно ќе ја купувам уште долго
    5.Алверде масло - прееееедобро за ноќна рутина на лицето , иако имам комбинирана кожа одлично ми одговара !
    6.Пена за лице од The body shop од чајно дрво , ја користам наутро и многу добро озвежува , матира и не го суши лицето
    7.Крем за лице од the body shop - одлично матира а воедно и хидрира без да исушува !
    8.балеа путер од кокос и шеа путер - одличен мирис и хидратација , само многу мало ми е пакувањето би било добро да е поголема грамажа
    9.Ножињата спас !
    Долго време се мачам со секакви восоци , ленти и пак и пакк се појавуват мозолчиња како со гној ! Решив да пробам со овие супер се !
     

    Прикачени фајлови:

    На EMoonlight, ivancekitty, carangigia и 13 други им се допаѓа ова.
  9. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    1. Oma Gertrude крем за стапала
    [​IMG]
    Одамна сакав да пробам некој производ од Ома Гертруде и се израдував кога видов дека кремот за стапала е на акција 1+1 гратис, бидејќи се борам со сува кожа на стапалата и ми требаше некое природно и потхранувачко кремче. Мирисот ме потсети на паста за заби бидејќи содржи еукалиптус. Кремот се впива во кожата и не остава мрсен, тежок финиш.


    2. Alverde Intensiv крем за раце
    [​IMG]
    Чим залади времето, кожата на рацете ми станува ужасна бидејќи се мијам на секои 2 минути и имам проблем со ладни стапала и раце. Нејсе, кремот го купив бидејќи негата на Алверде не ме изневерила. Кремот го содржи тој специфичен Алверде мирис но не ми смета. Кожата изгледа потхранета и со сјај. Ќе го користам додека повторно се стопли, за понатаму ќе одберам некој полесен крем. Исто така може да се нанесува на лакти и стапала, т.е. секаде кај што имате сува кожа бидејќи е доста богат.

    3. Alverde кофеински серум за трепки
    [​IMG]
    Бидејќи не сакам да ризикувам со свилени трепки си го купив серумчево за да си ги мачкам моите. Го појачав со рицинусово масло и редовно, секоја вечер пред спиење го нанесувам на трепките. Кога ставам маскара сум како "Who is she? :makeup: " бидејќи моите трепки за еден месец се поиздолжени и згуснати. Го препорачувам на сите, голем плус е тоа што е органски производ и не е воопшто скап.

    4. Ингрид транслуцентна пудра
    [​IMG]

    Пудрата ја имам купено уште од пред некоја година, но отишла во заборав. Почнав да ја користам бидејќи сакам да си ја порачам RCMA No colour за која се изначитав позитивни рецензии. Пудрава позитивно ме изненади. Имам масна кожа и воопшто не ми избива маснотија кога ќе ја сетирам течната пудра, а шминката си стои на место додека не ја извадам. Не ми текнува колку ја платив, можеби повеќе ја нема ни во продажба.

    5. Catrice ICOnails лак
    [​IMG]
    Иако бојата на лакот не е баш соодветна за периодов, јас се воодушевив од трајноста. Со само еден слој се добива богата боја и лакот се суши за кратко време. Издржа миење садови и разни домаќински обрвски. Имам постар Катрис лак и тој е нула во споредба со новиве лакови. Квалитетот им е значително подобрен. Да начекам попуст ќе си купам уште нијанси.
     
    На EMoonlight, Oxymoron, ivancekitty и 12 други им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    може да кажеш цена на коректорот и маскарата?
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Уф, имам јас едно чудо...

    1. Балсамот за усни од невен на Алверде
    И благодарам на @Rebecca_R за препораката. Ги омекнува усните за најкраток можен рок. Иде време на суви усни, маст хев е :D

    [​IMG]
    2. Alverde Hydro Primer
    Инстантно го освежува лицето. Вчера ни пудра не ставив од што не сакав да го сокриам свежиот изглед што го дава :D Искрено не очекував ништо од прајмерот, многу позитивно сум изненадена
    [​IMG]
    3. Catrice HD Liquid Camouflage Concealer (to conceal all my emotions :wasntme:)
    Шала на страна. Убаво легнува на кожа, лесно се нанесува, не се собира. Совршен за лажење на светот дека си се наспал :D
    [​IMG]
    4. Essence Lash Extension 18 Hour Mascara
    Никогаш не фалам маскари затоа што се што барам е да не се лепи, трепките ми се такви што било која маскара одма прави бум. Ама оваа е нешто посебно. Дефинтивно има дава друга димезија на трепките, ги подига убаво, ги раздвојува, ги шири. Мислам дека прв пат во животот ќе купам иста маскара 2 пати.

    [​IMG]
     
    На EMoonlight, buba4e89, ivancekitty и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам на точната цена, но не беа воопшто скапи коректорот беше 200 и нешто денари,а мислам и маскарата.
     
    На Turna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.485
    Пол:
    Женски
    За нега на лицето изминативе месец, два ги користам производите на Себамед. Освен овие тука имам и сапун ама не беше личен за на слика :D Кожата никогаш не ми изгледала поубаво, почисто, посвежо. Ги користам наутро и навечер, ако имам повеќе шминка сапунот, а наутро најчесто пената. Го чистам лицето со прозиводот, не го плакнам одма него оставам да делува 3 мин. т.е додека ги мијам забите. Резултатите беа видливи уште првата недела кога почнав да ги користам.
    44225852_724730491212107_7801934897798447104_n.jpg За нега на телото се опседнав со овие производи кои ги има само во Голден Роуз. Прилично ефтина козметика која има одличен квалитет барем за мојата кожа. Има еден куп мириси/линии, а секој мирис има гел за туширање, млеко за тело, шампон и регенератор. Од лавандата ги имам шампонот, гелот и млекото и сум презадоволна од се освен од шампонот. Јасминот па е толку пријатен, цела просторија мириса на него. Кожата на телото ми е многу сува и се перути, без разлика што и да користев до наредното утро веќе беше сува, но со овие производи не е така. Кожата ми е негувана, мека, нежна, мириса убаво, не се перути. Цената е и повеќе од одлична, млеката се по 99 денари, а гелот за туширање 129 денари.
    44168544_1181153132039241_7324254437638144000_n.jpg Шминки никогаш доволно :makeup:
    -Пудрите се толку различни, а совршено и одговараат на мојата комбинирана накај масна кожа. Двете се со многу природен финиш, но со различна покривност. Евелин е подолготрајна и попокривна, но Аура дозволува секакво манипулирање, одлична е за самостојно носење, но и мешање со различни мат пудри.
    -Кармините на Аура од оваа линија се совршени. Одлична пигментација имаат како темните така и светлите нијанси. Со еден слој се добива убава боја, можат да се надоградат, а да изгледа убаво, се бришат рамномерно и долготрајни се. Иако се мат, не ја сушат устата и кога ќе ги допрам усните една од друга не се лепи ама не е ни крцкаво :D туку се меки како да има некој балсам.
    -Контур стикот на Аура е одличен како за со крема, за поприроден изглед, така и со подлога и надоградување со прашкасти производи. Многу лесно се бленда, боите се многу убави, овој мојот е темната варијанта, има уште две посветли и ги користам и двете страни не само таа за контури.
    -Овој производ не ми е само на месецот туку и на годината. Од кога ги добив хајлајтериве сите други хајлајтери се оставени на страна. Одлични бои кои можат да се мешаат во зависност од тенот, можат да се користат и како сенки, сакам да си купам едно како резерва затоа што не можам да го замислам шминкањето без нив.
    -Ако до пред некое време бев опседната само со кафени тонови оваа сезона на ред се црвенкастите. Палетава е одлична за постигнување на секаков изглед, од неутрален до драматичен. Одлична пигментација, лесно се блендаат и лесно се надоградуваат. Секоја препорака.
    -Оваа маскара ја купувам по 3 или 4ти пат. Многу убава четка која ги раздвојува трепките, самата текстура на маскарата им дава волумен и должина, долготрајна е и не се рони.
    44190270_1210128649125640_8814936916341293056_n.jpg
     
    На marchi-cool, EMoonlight, sweet-cherry и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Хана-банана

    Хана-банана Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Дaли имaше aкни или сaмo мaснa кoжa? Имaм aкни пa не сум прoбaлa ништo oд Себaмед, дaли вреди дa им се дaде шaнсa и ценaтa нa oвие двa прoизвoди aкo се сеќaвaш :)
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.485
    Пол:
    Женски
    @Хана-банана имав акни, проширени пори, многу црнки, сега се е на минимум. Само што ми помина циклусот и имав една или две нови акни што е сосема нормално за тој период. Црнките исто се многу намалени, а и некако самиот тен ми е многу освежен. Двата производи заедно некаде под 1000 денари се.
     
    На EMoonlight, IamSexyAndIKnowIt и Хана-банана им се допаѓа ова.
  16. Хана-банана

    Хана-банана Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Ти блaгoдaрaм, дефинитивнo ќе ги прoбaм :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    3.849
    Дали од производите на Себамед чувствуваш затегање на кожата после употреба? Бидејќи многу од производиве за масна кожа ја сушат кожата.
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.485
    Пол:
    Женски
    Немам никакво затегање, тоникот дури дава и некое лепливо чувство додека да се впие.
     
  19. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    1.241
    Пол:
    Женски
    За прајмеров ме интересира како го користиш? Дали ставаш крема прво?
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не.
    Ама мене кожата ми е таква, маслата ми се ептен регулирани така да не ми ни бара крема.
    Макар да и на пакувањето пишува дека може да се користи самостојно, како крема.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и pravnicka_2604 им се допаѓа ова.