Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Јас го купив од ТЦ Бисер, ама имаат и веб страна кадешто има телефони од сите сите продавници па може да прашаш каде го има на залиха во моментот.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    За мрсно лице се нанесува на прстите и масирајте убаво и нежно и маслото се впива во кожата и изгледа мазно лицето на допир меко. Потоа шминката изгледа убаво.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.520
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски
    Lush - Snow fairy body spray

    Спрејчево за тело е омилен производ на годината!
    Мириса слатко , на шеќерна волна , дури мирисот те `маѓепсува` :inlove:
    Само што излезе во продажба , без размислување го земав. Мирисот не трае повеќе од 2 часа - што е очекувано за еден спреј за тело , го носам на работа и кога се прскам со него 5-6 жени досега ме прашале кој парфем го носам. Единствено цената е висока за спреј за тело :?: 25 евра го земав , ама ајде `му се опростува` бидејќи е л.едиција :D
    [​IMG]

    Lush - I love juicy shampoo


    Шампонов го земав во 100мл (најмалото пакување) да го пробам да видам дали ќе ми одговара. Мириса на киви , портокал , ананас се тоа измешано , некој тропски мирис , мириса толку јако што цела бања мириса со часови. Мирисот не е и толку важен , како што косата ја чисти одлично , наменет е баш за масна коса , со шампониве на Лаш сигурно косата ја мијам двапати во неделата :clap:

    [​IMG]

    Lush - Santas belly shower jelly

    Желето за туширање , го купив за ќерка ми повеќе :D ама од кога го отворив прв пат и јас си го користам :D мириса на јаболка , а баш и е од тоа составено - сок од јаболки и црвено вино , баш некој празничен мирис , остава светки и внатре има некои ѕвезди кои што со секое миење се двојат од производот и остануваат на кожата :) и убаво ја чисти кожата , пени одлично , многу сум задоволна :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tamche995, EMoonlight, Selest и 17 други им се допаѓа ова.
  4. MonikaM113

    MonikaM113 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2018
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    1. Овој путер за тело од Авон. Прекрасно мириса и убаво ја хидрура кожата и ја остава мека. Јас немам многу сува кожа па не можам да кажам какл би бил за оние кои имаат премногу сува кожа но мислам дека би им одговарало. Ми се допаѓа и тоа што веднаш се впива во кожата.
    [​IMG]
    2. Оваа крема за раце од Авон е прекрасна. Многу убаво ги хидрира и омекнува рацете, а воопшто не е масна. Совршена е за овој период од годината кога рацете се посуви. Топло ви ја препорачувам.
    [​IMG]
    3. Rexona дезодорансите конкретно овој го користам моментално но сите ми се добри. Знам дека немаат добар состав но не познавам некој друг дезодоранс кој толку многуу "држи". Има мирис на чисто, може малкуу да гуши но мене не ми пречи.
    [​IMG]
    4. Ова масло за нокти од Eveline. Ноктите никогаш не ми биле поголеми и поубави. Откако знам за себе никогап не можев да пуштам долги нокти поради тоа што многу ми се кршат, но откако го користам маслово многу брзо ми растат и многу поибаво изгледаат. Обично ставам пред спиење бидејќи е малку мрсно.
    [​IMG]
     
    На EMoonlight, marchi-cool, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    maybelline_blushed_n_945.jpg Омилена ми е палетава од Мејбилајн, убаво пигментирани, есенски нијанси. Со база траат цел ден.

    Исто и карминчево на Голден Роуз велвет мат 10, мојот прв мат - кармин, досега се мачев само со кремасти. Трајност и нијанса - чиста петка.
    pol_pl_Golden-Rose-Velvet-matte-lipstick-Matowa-pomadka-do-ust-10-12819_1.jpg
     
    На EMoonlight, beautys20, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. DinceMinche

    DinceMinche Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    палетата од каде е? боите се фантазија :inlove:
     
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Од ДМ ја зедов, имаше и други нијанси на палети.
     
    На DinceMinche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    1.Омилено нешто ми е прајмеров..толку посвежа ја прави шминката, а исто и повпечатлива..лесен е за нанесување и лесно е чувството кога е на кожата..со еден збор совршено.


    [​IMG]
    2. Друг омилен продукт ми е овај кондиционер/маска. Прво преубаво мириса, многу ја прави мека косата и не ја мрси затоа што често од маските за коса ми се прави косата мрсна веднаш по капењето.
     
    На klinkata, EMoonlight, sorbet и 4 други им се допаѓа ова.
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Денеска си купив Здраве гел за миење на лицето, го пробав одма и презадоволна сум. Се покажа подобар и од La Roche Effaclar гелот. Околу 170ден. е. За мрсно лице, го матира. После него ставам масло од јојоба. Најдобра комбинација до сега.
    136_stop_mat.jpg
     
    На EMoonlight, hermosa, lovemme и 2 други им се допаѓа ова.
  10. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.952
    Пол:
    Женски
    Од каде го зема?
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Здравец маркет.
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    91.485
    Пол:
    Женски
    Моите фаворити за месецов се следниве:
    Eveline vinyl gel 2 in 1. Ја користам црвената нијанса и сум презадоволна од трајноста. Трае недела дена, го бришам само затоа што ми подраснале ноктите. Со еден слој се добива еднаква боја на цел нокт, не се познава четка и се суши многу брзо. Во Лиса е околу 150 денари.
    [​IMG]

    Eveline red passion - прекрасна боја, долготраен, бледее еднакво на цели усни. Има одлични нијанси, а моментално е на попуст, погледнете го.
    [​IMG]
    Не знам дали некогаш сум го спомнала бронзеров. Од кога почна хајлајтер треската, речиси секојдневно користам хајлајтер. Но, понекогаш кога сакам поприроден изглед, се брзам и не сакам многу чекори во шминкањето овој производ ми е одличен. Многу убава боја, многу благ сјај, ем свежо ми изгледа лицето, ем малку боја ми дава. Внук ми ми го скршил, ми се плачеше :D
    [​IMG]
     
    На Kimberly11, EMoonlight, Selest и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    1. Омилено за туширање. Прекрасно мириса, а и дизајнот на шишето е прекрасен. Жал ќе ми е да го фрлам кога ќе го потрошам. :D
    15403057_1265986540089504_1989669993_n.jpg

    2. Кармините од CIEN што ги земав за смешна цена од Лидл. Многу ми се допаѓаат како се трајни и боите им се ептен убави. Месецов постојано ги користам.
    b5cca91eaab2f77da080b5e89d7dd5d0.jpg

    3. Омилен руж за зимски денови. Ми дава ептен убав свеж изглед, ептен е трајна бојата и црвена темна.
    643675483.jpg
     
    На EMoonlight, Selest, koritsaki и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Кој број е ружот?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    бројчето е 225 :)
     
  16. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Go imam i istiot regenerator i mnogu se dobri.
    Kosata mi e nekako poziva, ne se mrsat korenjata tolku mnogu i i dava sjaj na kosata.
    Regeneratorot pak ne mi gi susii vrvotie i nekako se namaleni raspukanite vrvovi (a se nemam sisano dodeka go koristev)
     
    На EMoonlight, marchi-cool, Luminary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MonikaM113

    MonikaM113 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2018
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    1. Wash & go шампон. Конкретно го користам овој за масна коса. Знам дека нема многу убави состојки но ми одговара многу за ссга.
    [​IMG]

    2. Оваа маска на Glis. Толку ми ја опорави косата и ми ја прави мека и убава. Од мене 10ка за оваа маска дефинитивно.
    [​IMG]

    3. Овој серум за коса за суви врвови од Авон. Супер е многу ми се допаѓа, одлично делува на мојата коса и воопшто не ја масти.
    [​IMG]

    4. Овој спреј за исправување на косата од Авон. Имам права коса но многу ми се витка во спиеее и тоа воопшто не ми се допаѓа. Спрејов навистина ми помага да ми биде права и свиленкаста косата.
    [​IMG]

    По некоја случајност сите производи се за коса
     
    На EMoonlight и beautys20 им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишувано а имам да набројам доста производи кои ги користев а имам во план да ги купам повторно.
    1. Cien шампон за коса
    Многу добар шампон за коса поточно за сува коса кој го користев во потопла земја. Косата ми беше спасена во секој момент, да не речам не е природен но е многу добар. Го има во Лидл во мала амбалажа со сиво капаче. Мојот спас за првут и сувост, за жал во Мк не е достапен.
    [​IMG]

    2. Cien дезодоранс за тело
    Од оваа нискобуџетна линија како втор производ го препорачувам дезодорансот за под пазуви. Важно мирисот трае се оглед на испотеноста под пазуви неколку часа, чини околу 1.5 евра во Лидл. Нема многу да се каже, не создава иритација има повеќе видови.
    [​IMG]

    3. Mac pro longwear foundation - tester
    Ми дадоа тестер во Mac Малта можеби околи 3мл од оваа пудра за да ја пробам, но јас ја користам како подлога за сенка. Многу малку се нанесува а има доста количина бидејќи е течна, ми се допаѓа трајноста бидејќи ако ги споредам со обичен коректор подолго стои сенката и не ми се собира после 8часа. Сум забележела и дека бојата на сенката е поизразена и не е потребно многу блендање. Добро ми дојде овој тестер па како пудра за лице не сум ја пробала за да изразам мислење, така да доколку ви се укаже прилика за тестер да се земете не се двоумете.
    [​IMG]

    4. Golden rose hd foundation
    Откако излезе пудрава и се зголеми популарноста, па ја земав кога беше попустот во Септември. Ми беше потребна секојдневна пудра за излегување, а имам други почнати кои се малку тешки за секој ден.
    Ми се допаѓа амбалажата во тубичка бидејќи е солидна за лесно нанесување. Што се однесува до структурата на пудрата, таа е течна, лесно се бленда со прсти, мала количинa за мала покривност, голема за поизразено покривање. За комбинирана кожа со мрсна т-зона е солидна, пудра која пак би си ја купила. Трајна е доста добра, работам во изразено топла просторија па неколку пати бев изненадена од трајност и издржливоста, после 8часа накај 9 часа би рекла светнувам кај носот и брадата, но и тоа може да се среди. Презадоволна сум, по употребата на пудрата лицето не ми е суво и немам никакви иритации.
    [​IMG]
    5. Farmasi concealer во стик
    Имам два вакви коректори во иста нијанса, па во комбинација со горенаведената пудра ми се топ. Овој коректорот е тврд во форма на кармин па му треба малку блендање. Ми ги покрива подочниците, но не е траен, но за секој ден е баш ок. Дали би го купила, не можам да кажам, но го ставам во оваа категорија бидејќи сум задоволна од пигментираноста и покривноста.
    Напомена - не покрива црвенила.
    [​IMG]

    6. Kay pro argan - маска за коса
    Се соочував со проблем - опаѓање на коса. Мојата коса е прилично густа и самата има волумен, нескротлива но ми паѓаше. Иако сум љубител на скротени коси, жал ми беше да ја оставам да ми паѓа. Себично од мене:D
    Маската ја има по фризерски салони, ја купив 800 денари, се нанесува само на пола коса односно да не го допира коренот. После 2 миења има видливи резултатит, опаѓањето ми е намалено, косата ми е се погуста и нескротлива. Но забележав дека е помека и лесно ми се чешла. Пакувањето е 1000мл па ќе ми трае, иако не сум обожувач на маски.
    [​IMG]

    7. Farmasi hand and body lotion
    Работата ми налага вода. А водата создава сувост на моите раце. Ретко користам креми ама кога работиме така е. ;)
    Го начекав на попуст, не очекував уау ефект ама спротивното е тоа.
    Омилен производ за раце, за 2 дена ми ја врати мазноста, но сепак нема да престанам со користење. Топла препорака од мене.
    [​IMG]
     
    На EMoonlight, joy1, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Оф топик но морам да предупредам.
    Ова чудо како ме има зезнато... Носев црно и ставив пред да излезам. Не се погледнав во огледало зошто брзав. Кога ме виде другарката....од црна, блузата цела ми беше бела. Страшно лошо изгледаше, а немаше ни како да ја променам. Среќа кога се вратив веднаш ја исправ па не останаа траги. Така да, за тие што носат темна облека - нека не ни помислуваат на овој :D
    Инаку и мене ме провлече со убавиот мирис, шарен изглед, ама заради горенаведенава причина мораше да го исхејтам :D
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    1. Rexona Sexy Bouquet
    -Си ја купив неодамна и ептен ми се допаѓа, а и наоколу сите ме прашуваат што сум користела на мене што мирисам така. До сега најомилен вид Рексона. :)
    9300830007592_LL_1.jpg
    2. Golden Rose - red velvet matte lipstick
    -Омилена нијанса за ладни денови. Ептен трајна боја и не ми ја суши устата за разлика од други мат кармини до сега.
    s-l640.jpg
    3. Rosal Lip Balm - Flash nude
    -Неопходно нешто за зимно време, а лабелово ми е ептен погодок. И многу нежна розевка боја остава и убав вкус има некако. :rofl:
    lipbalm-400x570.jpg
    4. Avon Care - Pink Magnolia
    -Прво мислев дека нема нешто многу да ми помогне, бидејќи многу имам нежна кожа и рацете ми пукаат од лано, но ја земав ради мирисот убав, сепак позитивно се изненадив. Не само што мириса убаво туку првпат рацете во зима ми се здрави. :)
    avocarw_khcr02__16.jpg
    5. Avon - Perfume Far Away
    - Создаден за ова годишно време. Ми се допаѓа ептен каква мирисна нота има. :)
    31Q4tSi-6uL.jpg
     
    На XstrongerX, EMoonlight, sorbet и 7 други им се допаѓа ова.