1. The Body Shop - Shea butter hand cream Супер за зимно време. Ги омекнува рацете и прекрасно мириса 2. Bath and body works - Lavender & vanilla body cream Го обожавам, прекрасен мирис. Ја омекнува кожата и ми е погоден за овој период 3. L'Oreal Infallible foundation По препорака на другарка ја земав пудрава и сум многу задоволна како покрива. 4. Eos lip balm 5. L'Oreal Telescopic Mascara
Да го завршам редот како што иде за овој месец па во новата година пак со нешто да се пофалиме. 1. Вет ен вајд - хајлајтер за лице Омилен ми е, дефинитивно замена за сите хајлајтери што ги имам од Анастасија и Аура. Го имам три месеци и уште имам од грамажата, а секогаш ставам двојна доза т.е. по двапати. Вреди за секој денари, дава здрав изглед на лицето и трае додека не го избришете. 2. Focallure - молив за веѓи Преубав производ, траен и пигментиран. Го нарачав од Joom ми се чини и сум презадоволна. Немам повеќе зборови за ова. 3. Четка за блендање на сенки Аура Четката на Аура ја имам 2 години и ја користев за блендање сенки, квалитетна е ниту едно влакно и нема паднато, сега старата ја користам за нанесување хајлајтер, а другата за блендање на сенки.
Ова се моите топ 5 најомилени производи не само на овој месец, туку на годината. Ги користам сите со месеци и сум презадоволна! 1. Маската DALTON Marine Cosmetics - Magical Effect Beauty Mask со морски минерали, уреа, камфор и хамамелис. Ми ја хидрира, храни, смирува и измазнува кожата. Исто ми ги намали црнките и ми ги избледе флеките од акните. 2. DALTON Marine Cosmetics - Natural Correcteur крем со витамини А, Е и Ц и масло од авокадо и дива роза. Го користам веќе 3-4 месеца и сум презадоволна, ми ја храни и хидрира кожата. 3. Балзамот за усни Blistex - инстантно ги хидрира и негува усните, дури и да ми се најсуви и испукани, откако ќе нанесам целосно ми ги обновува. Порано го купував во Скопје, но повеќе за жал не ги увезуваат и само кога одам во странство ги купувам. 4. Млекото за тело од Yves Roche со мирис на кокос ми е омилено. Содржи шеа путер и екстракт од кокос, многу убаво хидрира и мирисот долго трае. Исто така има природен состав. 5. Сенките од Urban Decay Naked 2 ми се омилени, многу се пигментирани и долго траат. Ги користам секој ден. За жал не се продаваат кај нас, па само во странство може да се набават.
Ова го земав на почеток на декември имаше попуст тогаш и дури сега ми се потроши едно. Многу се убави и мирисаат прекрасно и нема некое тешко чувство
1. Alverde дневна крема од дива роза Кремава е прекрасна и е погодна за сите типови кожа. Јас имам масна кожа и ја користам во деновите кога сакам да го одморам лицето од шминка и после третманот со АХА-БХА киселини. До сега сум ги пробала маслото и водата од дива роза кои се предобри и ги користам постојано. Навистина нема грешка кај оваа колекција, голема предност е што не содржи штетни состојки и може да се користи за било која возраст и било кој тип на кожа. 2. Alverde балзам за усни Иако дома имам 4 балзами, не можев да одолеам на преслаткото пакување. Балзамот има убав зимски мирис и пружа феноменална нега на усните. Штета што е лимитирана едиција, треба навреме да се снабдам со залихи. 3. Schaebens маска за проблематична кожа Маската за лице содржи масло од чајно дрво кое се чувствува по самото отварање. Има бела структура и не се суши како класичните маски од глина туку е во вид на крем кој постепено се впива. По третманот кожата значително е поблескава и акните се намалени. Едно пакување (две половинки со маска) ми трае за 6-7 нанесувања. 4. Balea Glow тоник Тоникот е наменет за сите типови кожа и содржи екстракт од комбуха и ферментација на црн чај кои даваат свежина на кожата. Не содржи алкохол. Вообичаено го користам навечер на чиста кожа и потоа го прскам лицето со водата од дива роза и нанесувам арганово масло. Помага во избледувањето на темните дамки и дава здрав сјај на кожата. 5. Nivea Fresh flower дезодоранс Дезодорансот има пријатен цветен мирис и не содржи алуминиумови соли. Во текот на денот не се менува мирисот како кај некои други дезодоранси и иако предизвикува потење не се умирисувам без разлика какви активности сум вршела. 6. Keune Vital Nutrition протеински спреј Протеинскиот спреј ми е откритие на годината. Не содржи силикони и не ја сплескува косата. Дава сјај и го спречува frizz ефектот. Вообичаено во зима поради влажноста на воздухот косата ми се разлетува на сите страни, но со овој спреј повеќе го немам тој проблем. 6. Lavera Repair and Care третман за коса Третманот се користи еднаш неделно како маска по шампонирањето и се остава 5 минути па се плакне со вода. Содржи органска роза и растителен кератин кои го потхрануваат и зајакнуваат влакното. Не содржи силикони и го омекнува влакното, а косата може многу полесно да се стилизира.
Еве јас ќе ти одговорам затоа што и јас го користам Остава некоја бледа боичка која што не е премногу воочлива, не е целосно проѕирно како сјај. Лабелото навистина има преубав мирис и е доста пријатно на усни
Лабелово од Алверде, поомилено ми е и од тоа жолтото Одлично хидрира, мириса убаво, и дава преубав сјај на усните со тоа што им ја истакнува природната боја. Има многу ситни светки низ него и изгледа преубаво. Број 1 ми е од лабелата на Алверде. Оваа зима, за нега на сува кожа на лицето, ја користам кремава, исто така на Алверде. Дава одлична хидратација, смирува иритации и го прави лицето премеко. Одлична замена ми е за таа од роза, да сменам малку. Лосион против акни. Го нанесувам директно и само врз акните, за да не ја сушам кожата без потреба. Спас ми е за акните на лице, деколте, грб. Ги смирува и суши истовремено, а и брзо дејствува. Пишува дека може да се користи неколку пати во денот, но јас го ставам само 2 пати. Не сум сретнала друг производ кој подобро и побрзо ми ги средува акните.
@wannaBeMomma има ситни златни светки кои не се ептен воочливи и остава бледа бела боја како сите останати безбојни лабела. И @marta993 долови што сакам да кажам.
Од Балеа некако повеќе ми се допаѓаат производите. За овој месец имам неколку 1. Пена за лице за нормална и комбинирана кожа, пената преубаво чисти, сум давала пет пати поскапо за пена за лице, а кога поминам со тупфер лицето недоволно чисто 2. Тоник на Балеа за комбинирана и нормална кожа, кожата сега ми е посмирена, претходно наутро на исчистено лице секогаш имав мали гнојни акни, а јас имам чисто лице, сега ми е супер дури и во ПМС ретко ми излегува 3. Маска за коса од арганово масло, преубаво мириса, и не е скапа, косата е мека и мириса после некое време од миење на косата 4. Шеа путер на органика, го нанесувам навечер на цело лице, кожата ја прави стакло, мека и нежна, за превенција од брчки супер, за прв пат на зима носот да не ми се лупи, претходно ако ставев и пудра ужасно изгледа, цена околу 360 ден
Honey and milk пилингот од Oriflame. Колекција која ја занемарив и веќе подолго време не ја нарачувам заради промена во квалитетот. Го нарачав по препорака и е еден од подобрите пилинзи за мојата кожа. Го барав шеќерниот пилинг исто од Oriflame, ама веќе не е достапен, но ова е сосема солидна замена. Го користам за телото, контраверзно знам ама и за лицето и мислам дека е најдоброто нешто што му се случило на мојата комбинирана кожа последно време. Фино ја ексфолира кожата, ја хидрира со масло и остава убав свиленкаст финиш. Warm and cosy кремот за туширање на Балеа. Целосно се измива, не остава лепливи траги по кожата што мене ми е многу битно. Мирисот трае и после измивањето. Убава кремаста текстура што апсолутно ми се допаѓа, не е гел кој "бега" низ раце и не измива убаво. Го користам некое време, би го купила пак. Хајлајтерот го нарачав од Алиекспрес. Речиси никогаш не нарачувам декоративна козметика од таму, заради сомнително потекло ама ова се покажа добитно. Добив многу комплименти. Солидна замена за брендирани хајлајтери од овој вид, доста нискобуџетен, доволно пигментиран, супер се бленда и барем на моја кожа трае до бришење. Сепак не е погоден за користење на очни капаци на пример. Доаѓа во многу убаво пакување за цената, брза испорака и квалитет. Го имам во нијанса 02, би ги нарачала и останатите.
1. Маска за коса од банана - одлична природна маска , ја прави косата мека и лесно се чешла 2. Гарниер шампон - одличен е за сува коса 3.Лак за нокти - дава одличен сјај , многу е пигментиран го имам во неколку нијанси 4.Essence fix powder - предобра ! Многу добро фиксира и ме држи мат повеќе часови 5.Сунѓерчето за пудра вреди за секој денар ! 6.Пудра на Кико 2 во 1 ! Преедобра е ! Лесно се нанесува , висока покривност , издржлива ! 7.Carmex лабело ! За зимскиот период е одлично ! 10+ 8. Неутрогена пилинг за лице - нешто најдобро до сега за моето лице го користам секој ден , порите ми ги намали , акните почнаа да се повлечуват , содржи и салицилна киселина.