Од Lilly го земав Белград ! Многу ми е жал што го нема никаде и јас барав во ДМ , се мислам на iherb да порачам ! Има и специјално за акни ..
Еве и јас ако може да кажам бидејќи го користам. Го купувам од ДМ, околу 160ден. е. Мислам дека го има и во Космо. Јас го користам како основа, пред да ставам лак. Го прави лакот поиздржлив и ноктите поцврсти.
Здраво Minci13, јас ја купив од аптеката Еурофарм во ТЦ Рамстор Можеш да прашаш и на нивната страна на фб дали ја имаат на други места. Дефинитивно ја препорачувам!
Од кога не сум пишувала на темава , сега има реферати да пишувам 1. Nivea fresh comfort 0% aluminium Овие дезодоранси на Нивеа се моето ново откритие кога се работи за дезодоранс без алуминиум. Претходно користев еден на BU - но каде мирисот не ми се допадна баш , туку и не штити баш како што треба како овој на Нивеа. Го препорачувам. 2. Kerastase densifique bain densite - шампон за волумен Иако не се работи за природен шампон , премногу сум изненадена каков волумен ми дава , откако ќе се измијам косата ми е многу погуста и имав проблем со опаѓање минатите месеци , од кога почнав да го користам косава веќе не ми опаѓа како претходно. Не ми прави иритации , чешање , првут , ниту ја слепува косата. Напротив. Маана е што е скап (на попуст кај нас во Гр се наоѓа често 250мл - 15 евра , 500мл 30 евра и 1литар 50 евра) ама ќе правам паузи од време на време па пак ќе го купувам 3. Alverde hand cream Its cold outside Презадоволна од кремава за раце , мириса прекрасно на ванила , рацете ги омекнува одлично , ја користам постојано , си ја носам во чанта и постојано си нанесувам Ме интересира дали истата секоја зима ја има во продажба или? 5. Dr.Hauschka Claryfing day oil Маслово го зборев на форумов (во негативна смисла) и не ми се верува дека сега пишувам за него во темата за омилени продукти Кога го пробав пред година дена , не ми се допадна , ама воопшто , не знаев како да го нанесувам и слично. Го имав на тестерче тогаш , во мало стаклено шишенце и ми излегуваше многу повеќе производ него ли што е потребно. Сега решив со попустите да го земам заедно со тоникот на Др.Хаушка и да го нанесувам веднаш на влажно лице. Ставам 2 капки , лицето буквално како да е жедно и да му треба вода. Го впива веднаш , и од кога ќе се нашминкам лицето ми изгледа беспрекорно. Имам уште малку и од кремата Мелиса па знам понекогаш и да ги измешам , да не ми стои така кремата. Многу сум задоволна. Е сега е зима и на ладново ми одговара , не знам како ќе биде во пролет/лето со мојава мрсна кожа ќе видиме , тогаш може и да го ставам на пауза 6. Lancome - La vie est belle l`eclat Омилен парфем овие два месеца , го добив на подарок за Божиќ и од тогаш секојдневно го користам. Го препорачувам за тие што сакаат по интензивни парфеми
Штетни состојки или не, овој дезодоранс ми овозможува најдобра заштита од сите до сега што ги имам користено па и мирисот му е совршенство. Не ми прави флеки на облеката и можда не 48 ама 24 часа верувам дека држи. Имам проблем со крварење на непца но откако почнав да ја користам четкава крварењето е драстично намалено, влакненцата се доста меки но сепак после четкање забите се чувствуваат чисти. Ја имам користено и виолетовата. За 49 денари сметам дека добивам одлична паста, да не речем дури и подобра од поскапите пасти на Colgate со кои свежината во устата ми се губи одма после миењето. За разлика од нив со Dontodent се осеќа свежината долго после миењето и почисти ги чувствувам забите. Мислам дека спрејов директно на суканици ако го испрскате ќе можете да ги расчешлате без проблем. Е до толку е!! Многу сум задоволна, ја прави мека и сјајна косата го нанесувам на мокра коса и ја расчешлувам. Мирисот му е исто така добар но не можам да кажам дека трае многу долго после фенирањето. Како и да е, продуктов навистина вреди и сигурно би го купила пак. Уште еден производ од Kallos од кој што сум презадоволна. Има мирис буквално на чоколаден пудинг мислиш дека треба да го сркнеш а не на коса да го ставиш. Бидејќи косата ми е фарбана ми е доста сува и оштетена но со користење на маскава многу ми е омекнува и не ми изгледа на сено. Го нанесувам од средината на косата кон врвовите во мала количина и убаво го разнесувам па потоа ја плакнам. Косата ми лизга низ прсти од што е мека, мераци. Со оглед на цената на овој шампон не очекував некој добар квалитет и некои добри резултати по миењето. Ама буквално ми го докажа спротивното. Со овој шампон косата ми имаше многу волумен и визуелно изгледаше многу погуста отколку што навистина е. Мека ми беше, немав проблем со расчешлување. За мирисот нема потреба да дискутирам, мислам дека и тоа има голем удел во фактот што повторно ќе го купам овој шампон. Навистина, ова е најдобриот шампон што го имам користено периодов. Оваа прекрасност само што ја купив знаев дека ќе ми биде омилена, првично ради мирисот. Преубав и интензивен мирис на ванила кој што се задржува на кожата по мачкањето. Не е мрсен и веднаш се впива во кожата и ја прави премногу мека дури и ме извади од памет кога се пипнав откако се намачкав. Вреди за секој денар.
Alverde крема за лице со камилиза за осетлива кожа имам осетлива кожа и оваа крема многу ми се погоди. Нежна е и се упива многу брзо, го прави лицето меко и го хидрира одлично. Камилицата ја ублажува кожата и спречува црвенило. Мирисот е нешто измеѓу цвеќиња и манго. Maybelline Fit Me Foundation - течна пудра Никогаш не сум земала мат пудри посебно во овај период кога времето е ладно пошто ми се суши многу кожата на лицето и мат пудрите секогаш ми ги истакнувале линиите. Ја зедов оваа дека декларира дека е ''poreless'' и дека има измазнувачки ефект на порите па си реков да ја пробам. Ми се допадна многу лесно се нанесува и се блендира, го измазнува лицето. Мат ефектот трае скоро цел ден (освен ако не се испотиш многу нормално) и изгледа одлично и кога ќе ставиш камена пурда врз неа не изгледа суво Balea дезедоранс без алуминиум не очекував ништо посебно од дезедорансов го зедов ради тоа што нема алуминиум и мириса преубаво, но се покажа доста подобар од многу поскапи дезедоранси што ги имам користено. Трае долго време и вреди многу за цената околу 70ина денари во ДМ Balea Aqua Tuch Maske - Маска за лице Одлично го хидритира лицето, многу е смирувачка и ја затега кожата
Шампонов според мене е најдобар од сите што сум ги користeла. 1.Коренот ми се зајакна. 2.Косата веќе не ми паѓа како порано. 3.Ми ја прави косата многу мека. 4.Три дена по миењето и косата сеуште не ми е замастена како со другите шампони. 5.Има убав состав, без штетни состојки и мириса убаво. Само малку брзо го трошам дека имам долга коса па ставам повеќе, ама не е страшно
1. Melem лабело за усни: На сите суштества со пресензитивни усни како моите, топло ви го препорачувам Текстурата му е густа и супер, доволни се 3-4 нанесувања за цел ден и трае на усните. 2. Dove сапун за ексфолијација: Омилен не само на месецот, туку на годината и за секоја наредна што ќе доаѓа. За само 60-тина денари инвестирани добивам назад кожа исчистена од поткожни влакна и флеки од истите. 3. Spring paradise, парфем на Creation Lamis: Совршени ноти за сите љубители на освежителните цветни мириси. Многу елегантен и женствен, траен е и едноставно совршен. Има доза на јакост, ама ненападност, освежителен и енергичен парфем.
https://spirulinahealty.blogspot.com/2019/02/blog-post_16.html Мои омилени производи за дневна шминка
Почнав да го користам уште од пред еден месец, стварно има ефект, задоволна сум. Го купив без да го помирисам, верував дека ќе биде добар, а испадна и подобар од што очекував.
Чекав да ја потрошам и другата половина па да напишам мислење (секако ќе се најдеше во темава). Има ситни гранули и пилингот воопшто не е груб. Има доволно за нанесување на цело лице, мислам дека може да се користи и повеќе од 2 пати. Јас го нанесувам (прилично) рамномерно на сите делови од лицето и масирам 2-3 минути па потоа плакнам со топла вода. Резултатот дури и не ми се веруваше дека ќе испадне така, кожата ми е премека не можам да прекинам да се галам и прекрасниот мирис се задржува на лицето (првиот пат ми траеше едно 10 часа сигурно). Дефинитивно го препорачувам овој производ.
Која му е намената на рицинусовото масло и за што конкретно го користиш? Цена на истото ако може и од каде го набавуваш? Благодарам
Рицинусовото масло го забрзува растот на косата, пред секое миење ставам на коренот и го оставам еден саат, некогаш саат ипол да отстои па се мијам. Еден месец го користам и задоволна сум како напредува растот на косата. Ставам и на веѓите, има и тука згуснување. Може и за трепки да се користи. За цената мислам 120-140 беше, тука некаде, во аптеките го има.