Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    DM you did it again! Не знам дали е споменат производов претходно, не листав наназад.

    Случајно го зедов, ми фалеше лосион. Пишува дека е флуид за тело од био-нане и био-зелен чај. Има леплива и густа текстура, безбоен. Кога се намачкав првиот пат помислив дека сум утнала и дека е уствари купка и дека треба да се одмива (не пишува некаде начин на употреба). Пробуричкав на интернет и испадна дека е серум. ПА ТАКА КАЖЕТЕ! Озбилно, кој ли им ги преведува етикетите? :?:

    Како и да е, јас сум стварно презадоволна. Содржи хијалуронска киселина (сигурна сум дека и ова им беше напишано погрешно :lol:) и ѓумбир, хидрира доста, ми ја исчисти „зимската егзема“ на раце за два дена. Башка има чист медицински мирис, како кога влегуваш во аптека. :inlove:

    [​IMG]
     
    На duffi, sorbet, EMoonlight и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Sungerceto koja cena e i od kade ti e zemeno.. i za pudrata na essence na kakov ten najmnogu odgovara, dali e za suva koza i.koja e cenata.
     
  3. MonMon

    MonMon Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    2755ADFA-8E1A-4F69-936E-0BB41684C983.jpeg
     
    На duffi и crazylady им се допаѓа ова.
  4. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    6.074
    Пол:
    Женски
    Здраво сунгерчето е од Cosmo tinex мислам околу 500 денари
    Пудрата одговара на нормална кожа до комбинирана . Мојата е комбинирана , мислам дека и за сува со добра крема или прајмер ќе одговара . Цената е околу 20 evra
     
  5. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Ne znaev deka na essence proizvodite se tolku skapi.. sepak fala ti :)
     
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Белата камена пудра на essence во ДМ и Еликсир не верувам дека е повеќе од 300 денари.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Јас имав користено течна пудра и кармин од есенс не се сеќавам на цените одамна е, а цените им беа прифатливи.. се зачудив за оваа камената 1200 ден. Прилично скапа за тој бренд, не дека е лош бренд но има далеку подобри од есенс
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  8. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    6.074
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам не прочитав добро , мислев за пудрата на кико..
    Инаку на есенс е многу ниска цена под 200 денари , а за сува кожа мислам дека нема да одговара баш бидејки ги истакнува сувите делови
     
  9. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Не сум го приметила досега? Цена и од кој ДМ го зема?
     
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Го купив од City Mall, инаку пишува дека е лимитирана едиција. Имаше останато два, можда веќе ги распродале. Цена... не ме држи за збор, мислам дека не беше поскапо од 250ден.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    [​IMG]
    Не на месец, година и век!
    Секакви гелови имам пробано, те Балеа, Алверде па Авен, Еуцерин итн, и не можам да ги споредам со ова волшепствово.
    Имав ужасна кожа, чудни болни акни, нечисто лице, ама овие две ме спасија.
    Ми се измазни лицето, преубаво ми ја чистат кожата и воопшто не се агресивни.
    Да не зборам дека се џабе, околу 100 денари.
    Минус, се наоѓаат само во Лидл.

    Essence fresh & fit primer

    Прајмеров си ја нема баш онаа типична прајмер намена, да затне и измазни пори и тако то, туку да ја освежи кожата и поубаво да се нанесе пудрата.
    Има мини ситни светки кои даваат некој убав сјај.
    И има сасвим океј состојки, според cosDna.
    Не е за многу масно лице.
    [​IMG]

    Catrice re touch brightening corrector
    [​IMG]
    Лесен, природен изглед и убава покривност.

    Balea body serum
    [​IMG]
    Еден од најубавите лосиони што сум ги користела.
    Веднаш упива, што ми е многу битно, кожата е многу мека, мазна и сјајна, и мириса на чисто.
     
    На duffi, sorbet, EMoonlight и 9 други им се допаѓа ова.
  12. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Која е цената на Балеа крема за лице со алое?
     
  13. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.933
    Пол:
    Женски
    @Babyby Weleda кремот каде го има да се купи во Ск?:)
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Презадоволна, откритие на месецот ми е. :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На duffi, buba4e89, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Дали ќе има повторно акција за 8ми март во Зегин на пудрава имате ли некое инфо ?
     
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Немам никакви информации за попуст сеуште. :(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    @Luminary во Зегин аптеки.
    @efrosinija околу 200- 250 денари мислам дека беше кремата.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    За месец Февруари
    1. Golden Roses Hd foundation
    110 and 109
    Пудрата е преубава и трајна. Има лесна текстура. За секој ден, за работа е одлична.
    $_57.png

    2. Makeup revolution Conceal and Define concealer
    6.5
    Одличен, за тие пари дури преквалитетен. Го нарачав од бјутибеј и пак ќе го нарачам. Го тестирав за на работа и трае додека не го избришам.
    RevolutionConcealAndDefineConcealer_1_gl.jpg

    3. Golden roses hd коректор
    Се пожалија членки дека им се скинало сунѓерчето. Јас немав таков проблем, ниту го тегнев со рака. Сеуште имам од него,а го купив пред 6 месеци. Нијанса 07 и е преубав, не се собира, лесно се размачкува.
    78361_800_GOLDEN_ROSE_-_HD_CONCEALER_HIGH_DEFINITION_-_Korektor_HD_-_P-CHD_-_KOLORY_1.jpg

    4. Colourpop eyeshadow bouncy
    За оваа сенка само позитивни критики имам. 3$ од сајтот на colourpop + free shipping. Пигментација на највисоко ниво, трајност додека не ја отстраните од очи. Има слика во соодветна тема "Сенки за очи".
    bouncy_a_9b3fa2fc-4dee-4e26-b6b7-375574a531d5_800x1200.jpg

    4. The ordinary niacinamide + zinc
    Овој производ е фален во темата, јас го нарачав да го пробам. Имајте во предвид дека ова што ќе го пишам е за комбинирана кожа.
    Овој производ ми се допадна затоа што ми ја намали мрснотијата на лице, го користев 1 месец само навечер и потоа нанесував крема за лице Нивеа.
    Првите неколку дена немав ништо, никаква реакција.
    Со оглед дека имам суви образи после осетив реакција печење и лишаи. Сувоста се зголемила, па место да чекам 30 мин од нанесувањето па да нанесам крема за лице, почнав веднаш да ставам крема.
    Деновите по таа реакција и промената на начинот на нанесување лицето ми се подобри.
    Потоа бев во оние денови пред добивање каде што се исфрлам на брадата и носот, за жал тука не ми помогна.
    Помина точно месец дена, јас имам некоја бубулица полна со гној, но за намалување на себумот го препорачувам. Пудрите ми легнуваат подобро, подолго траат, не ми се мрси т-зоната.
    Јас останатите производи од оваа колекција нема да ги нарачам, но во иднина повторно би го нарачала ниацинамидот.
    11363398-6144508711092848.jpg
     
    На IamSexyAndIKnowIt, flower30, do-re-mi и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    22
    Од каде го купи
    BRAZILIAN KERATIN THERAPY шампонот, немој да кажеш дека го нема во мк??
     
    На buli.buli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    6.074
    Пол:
    Женски
    Мојот беше од Швајцарија но го има во аптеките Зегин , поздрав
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.