Јас имам прилична сува кожа па после пилингов ја чувствувам "помрсна" ве делот кај носот и образите. Инаку често се наоѓа на попуст за 45 денари а редовна и е мислам 65 денари.
Омилена за последниве неколку месеци. Универзална крема што ја користам за се! Кожата често знае да ми распука буквално од сувост или да ми се иритира. Кремава ми е спас, ја смирува кожата, ја намалува иритацијата, ја хидрира, омекнува, брзо се впива. Малку е масна, затоа и ја препорачувам највеќе за сува или иритирана кожа. Јас ја користам за лице, на рацете, деколте, секаде каде што ќе осетам дека кожата ми е сува во моментот. Одлична е, содржи шеа путер и камилица, сигурно и поради тоа толку помага во заздравување на кожата. Исто така и има ниска цена. Препорачувам!
Glossier Milky Jelly Cleanser Текстурава на гелов си оди заедно со сува кожа како путер од кикири и џем. Одличен е за отстранување на шминка (не пецка на очи) и може да се користи во повеќе варијанти. Јас главно го користам под туш, си го мијам лицето, за отстранување на шминка користам друго. Ја хидрира кожата ама не ја остава затегната и има суптилен мирис на рози. 5-ка. Пишува дека го бива за секаков тип на кожа ама мислам дека дефинитивно нема да одговара на мрсна. Постирам краток туторијал со основачката на Глосиер.
На trend it up pure purfection lip oil премногу сум задоволна од него. Има нелеплива и мека текстура, како мед да си ставаш на усните и ги негува. Го купив уште февруари само имам заборавено да кажам овде. Исто така сум премногу задоволна од шеа путер како крема за лице, си го зимам од Бугарија во нивното ДМ, не знам цена ама многу убаво се покажа упте летото за лузни и флеки од акни, да ја осветли фацата и го дава тој „здрав отсјај“ кога си нанесувам ноќе. За комбинирана кожа која е и осетлива и менува нагло од сува во мрсна на делови прекрасно е, само треба во мали количини да си нанесувам, помалку од малиот нокт. Го имам користено од Rivana, сега користам од Ikarov и двата се одлични.
Кревам 20 прсти, и раце и нозе за новооткриените чуда! Рејтинг: Не 5 ѕвезди, 5 Месечини би ставила кога би можела 1. Nivea крема за раце- Protective care од пчелин восок 2. Нивеа крема за раце- Moisture care од маслинки И двете креми се нешто најдобро што сум го сретнала во последно време. Конечно креми за раце со вистинско ефикасно својство. Ги прават рацете меки, доволно навлажнети и впиваат како што треба. Значи не како повеќето, веднаш да се исушат, но не и како останатите, да останат рацете премногу мрсни. За мирисот, можам цел ден да пишувам. Премногу совршени. Мирисаат на чисто, на исперено, смирувачки и хипнотизирачки. Чинат колу 90-100 денари и би дала и 500 денари ако треба
Јас пак некое време се токмам да ги искритикувам овие креми, и сега го најдов совршениот момент Јас ја имам таа со пчелин восок, другарка таа со маслинка, и и двете ич не сме задоволни. Освен што преубаво мириса, оваа крема не направи ништо за моите раце, што и не беа многу оштетени, можеби малку посуви во зимскиот период. Секако, секој со својата кожа и своето искуство, но ова е моето Кога сум на темава, да ја пофалам кремата за раце Glicemille и специјалната глицеринска крема на Фитогал.
@Oxymoron Мојата кожа е премногу сензитивна и долго време т.е со години никоја освен глицеринската крема на Фитогал не признавав Нивеите ги добив на подарок и сега имам уште едни во ептен кратката низа, што ги признавам
Bourjois healthy mix serum - Оваа пудра ја користам веќе неколку месеци со пауза (користејќи и други пудри секако ) , но сега последниве 2 месеца ја користам секојдневно. Иако во бременоста моментално кожата ми се нафрли со акни , па лачи повеќе мрснотија , пудрава супер ми издржува со камена пудра над неа околу 5-6 часа , доволно бидејќи толку време сум и на работа. Лесна е , може два слоја да се нанесе а битно мирисот е добар (сите мириси моментално ми сметаат , креми и други производи на лицето не користам). Инаку одлична е пудрава за тие што имаат сува кожа до комбинирана - може да издржи повеќе часа отколку на масна кожа. Нијансата што ја користам е 52 Друг производ што ми остави голем впечаток и исто така ја користам секојдневно е пудрава на Essence All about matte. Читав пофалби на нет и не згрешив што ја земав. Ја нанесувам со сунѓерче (имам чувство дека подолготрајна ми е шминката така) па потоа ја разнесувам со четка за пудра. Одлично матира и мислам дека порите се помалку видливи. За масна кожа е одлична Коректорот , исто така на Есенс ми е најомилен моментално (мислам дека е производ на годината). Покрива одлично , не се собира во линините под очите , нијансата 20 (втора по ред) ми е одлична , беж светло неутрална нијанса.. го ставам во категоријата со коректорот на MAC - Pro longwear , покривноста е иста а цената каде каде различна.
1. Alverde пена за миење лице за чувствителна кожа со хамамелис и камилица Ја земав бидејќи розевата на Балеа почна да ми ја пресушува кожата, па ајде реков да пробам ново нешто. Не зажалив. Не ми ја пресушува т.е. затега кожата, има убав мирис на цитрус ме потсетува. Трошам веќе втора амбалажа, не ми е во план да ја менувам сега за сега. Спојлер 2. Alverde дневна крема со хамамелис и камилица Лицето ми е хидрирано цел ден, не е мрсна, брзо се впива од мене има чиста 10ка. Спојлер 3. Млеко за тело од Авон со глицерин и бадемово масло Го земав на тепка. Некои 100тина денари беше. Како што имам сува кожа, млеково е измислено за мене. Брзо се впива, немам лепливо чувство после нанесувањето, има прекрасен мирис, плус дискретни светки. Нив случајно ги приметив, никаде не стои дека има светки во него. Ама ако, ај лајк ит. Кога би го начекала во каталог, пак би го нарачала. Спојлер 4. Zepter Swisso Logical крем за раце Бидејќи имам проблем со кожата на рацете и се живо ми ја прави кожата ренде, кремата е закон. Збогум сува кожа на рацете кажав откако ја користам. Едната за во чанта, другата за дома. Јес да е солена, ама вреди за секој денар. Спојлер
Кремот 16€, а лосионот 19€. Преку познаничка, ама можеш слободно да појдеш во дирекција кадешто имаат и продажен салон и да нарачаш ако сакаш.