Од Србија од Лили го земав околу 600 и нешто динари мислам беше. Значи 300 и нешто наши денари 2:1 иде динар:денар Не знам во Мк дали го донесоа.. Преубаво ми мириса и трае..
Почна да ги снемува, си зедов залихи од дм (каде беше и најскап) и почнаа пак да го носат Важно имам залихи сега
Совршенство Убедливо мојот омилен ББ крем - DALTON BB Anti-Aging Cream. Убаво покрива, ми ја измазнува и омекнува кожата, има богат состав (морски екстракти, шеа путер, витамини А и Е), комотно можам да го користам наместо крем, а истовремено изгледа многу природно и е долготраен
маска за коса од балеа. Изненадена сум искрено. Остава интензивен овошен мирис на косата хидрира и така омекнува и отплеткува што не очекував. *за повеќе предлози и производи следете го мојот инста профил
Гел за миење лице, јас имам нормална кожа со мрсна Т зона и ми е многу погоден. Не го користам секое сабајле, гледам еднаш да биде или сабајле или навечер. За да не суши премногу. Серум со 89 минерали, го видов кај некоја блогерка на Инстаграм и после многу фалење и читање го земав. Засега презадоволна, секоја ноќ ставам пред спиење и насабајле е свежа и сјајна кожата. Смениле пакување а и состав... Долго го користев спрејот со лаванда, овој е новиот. За тело и коса, летен, лесен, свеж... Бронзер што мене повеќе како хајлајтер ми доаѓа, но многу убав. Лесна кремаста текстура, со прсти го ставам, убав сјај и светки, на исунчана кожа сигурно поубаво ќе седи но и засега многу ми е убав.
Golden rose precision eyeliner - Прекрасен туш за очи , лесно се нанесува и остава интензивна црна боја трае се додека не ја извадам шминката , не се копира на капаците Bourjois air mat powder - нијанса 02 црна Бидејќи ја користам моментално течната пудра на Буржуа Аир мат, останав без пудра и реков ќе и дадам шанса на камената од истата линија. Одлична е за мрсна кожа , матира и покрива одлично само негативното е што и најсветлата нијанса 01 е темна и со розев постон па ја земав 02 која што е исто темна за мене ама е со неутрално жолтеникав подтон. Одлична е (иако пудрите од Mac Studio fix и Blot никоја не може да ги замени за век и векови )
да прашам од каде го зема? Сакам да сменам малку,спрејчиња обожавам ама се само од авон земам и малку ми се здосадени се едни исти.
Органска паста за заби Sante Dental med В12 Првпат користам паста за заби на природна база. Ја добив подарок од Логона со купен производ и не знам која е цената. Со оглед на тоа што немам искуство со вакви производи за орална употреба, производот се покажа многу подобар од очекувањата. Основата е витамин Б12 и органска жалфија. Има розова боја со густа и лесна структура која потешко се раствора. Без мирис, со необичен вкус и ефективно дејство на масло од пеперминт што овозможува подолго одржување на свежина во устата. Комплексноста на составот овозможува заштита на непцата и забите, спречување на појава на гингивитис и штетни бактерии што предизвикуваат кариес. Производот навистина вреди колку и да чини. Планирам да ги исфрлам стандардните пасти за заби и редовно да го користам.
Цената и е 380 ден. Искрено за природна паста (не е органска како што наведуваат кај нас) е скапа! Природни пасти имаш со сертификат веќе од околу 200 ден. па нагоре отприлика. Ова е скоро дупло. И органска да беше, немаше да биде ефтина...органските пасти се наоѓаат за цени од 4,5-5€ па нагоре.
Омилени продукти на векот. Сосема пристапна цена, супер формула, презадоволна сум. Тоникот го имам некое време, пред некој ден го купив и серумот, се изненадив. За ден-два поминуваат мозолчињата, многу добро чистат. Ги користам само за Т-зона бидејќи тука најчесто имам проблем со црнки, особено на челото.
https://www.meindm.at/pflege/shop/H...v-Thermo-Turbanmaske/219714/2_10040668.action Прекрасна. Вреди за секој денар.
Конечно во животот си го најдов чудото што го замислував. Темен тен без шаренила и солариум, без сончање. Имам претерано светол тен, бела сум ептен, ама овој лосион буквално направи чудо. Се размачкува убаво по кожата насекаде, освен интимните делови. Ја хирдира кожата и одма другиот ден добивате потемнет тен за повеќе нијанси. Јас видов ефект после 4-5 саати. Пред нанесување на лосионот кожата убаво треба да се измие и направи пилинг со туфер или сунгер за бања. Не излегува така лесно бојата и од следните 2 3 пати туширање. Бојата трае. Е сега незнам дали се расипува од потење, не сум осетила. Мириса на цитрусни овошја. Не мириса тешко, нежен е и има најобична бела структура како и сите лосиони. Откако ќе се нанесе пожелно е да не се допирате со кожата никаде за убаво да се впие. Може да се користи секој ден за екстремен ефект. Штом јас толку бела потемнев за 1 ден, можат сите. Јас ја купив потемната нијанса од DM околу 405ден. 400ml лосион. Не се става премногу и може да ви трае дури и повеќе од месец ипол. Не се користи за на лице.
се мислев да го земам да го испробам ама ми изгледаше како чуден производ според начинот на користење. Ама штом вреди ќе се проба. *јас не знам дали го имам ставено овде мојот омилен не месечен туку годишен производ но еве ќе го ставам пак. преубав мирис остава на косата и се задржува а косата е фантазија. Помека полелеава посјајна мислам не може да биде. Многу лесно се расчешлува хидрирана е.