За жал го нема во МК но од Бигарија го купувам еве линк https://sopharmacy.bg/cerave-izmivashta-gel-pqna-lice-tqlo-236ml.html
Чупчиња едно прашање? Да не знаете кај можам да најдам од овој сапунот? Порано го имаше во Тикенс баш во вакво паковање, но веќе некое време го нема. Однапред се заблагодарувам
Овие и двете ги користам неколку месеци и ми ја прават косата многу мека и мириса многу убаво, мирисот ми трае дури и кога ми е мрсна косата. Со оваа мицеларна вода ја бришам шминката совршено одговара на мојата кожа. Плациот го имам јас и досега сум задоволна, лицето ми е почисто.
1. Балеа - млеко за коса со мирис на манго Производов е многу фален на темава , па реков да го земам да го пробам. Се нанесува по миењето на косата , на влажна коса. Пишува дека штити од топлина на фен. Го нанесувам на мокра коса , од коренот па надоле , правам масажа и се чешлам. Го олеснува чешлањето дефинитивно поготово ако имате погуста коса. Јас сум многу задоволна 2. Балеа сув шампон за коса со мирис на лајм и праска Втора љубов после сувиот шампон на Балеа со мирис на ванила. Колку пати имам пишано дека не можам да го преболам Остава бел прав но со масирање исчезнува. и дава волумен на косата и не ја слепува. 3. Lush - T for toes Пудрава за стопала ја отворив дури сега скоро. Рокот на траење и е долг , среќа има мирис на лајм , многу освежувачки, првата супстанца е сода бикарбона , го ставам во патики - главно затворена кондура , а може да се стави и доколку се претерале со кремата за нозе навистина штити од непријатна миризба
Епа сега сум решена да го земам млекото на секое влегување во дм сакам да го купам па се предомислувам. Најбитно ми е тоа што нема силикони,ја отплеткува косата?
Sultana of soap LUSH Сапунов е одличен за сува кожа. Има тежок, ориентален мирис, богат со суво овошје. Не пени многу, ама создава филм на кожата кој не се измива и овозможува да се задржи влажноста. Ја измазнува, хидрира и негува сувата и екстремно сувата кожа. Топло го препорачувам. Мириса на темјан, ама не е нападен, напротив. Се задржува мирисот уште неколку часа после бањање.
Која е цената на сапунов? Да не бидам оф топик. Производ кој што пријатно ме изненади. Има сладок нежен мирис, на алое. Мириса на чисто и свежо. Имам сува кожа,а она што го добив од гелов за тужирање е мазна и мека кожа, и мирис кој што се заджува некое време после туширањето. Исто така и одлично хидрира. Цената му е 69 денари, и за тие пари е повеќе од одличен.
Извини не сум ти одговорила Да , ја отплеткува , многу лесно се чешла потоа , а и мириса преубаво не е тешко за косата , не ја масти
320 денари за 100 грама. Сега, цената ти зависи од грамажата на парчето. Ама вреди. И многу бавно се троши.
По препорака на @Biodevojka ја земав оваа крема за масна кожа. Најдоброто нешто за моето лице! Кремата е многу лесна, веднаш се впива, шминката ми легнува совршено... многу сум задоволна