Дојдов да ја пофалам маскава,одлична е Косата ми е многу мека и сјајна плус мириса на ванила и кокос. Мислам дека беше околу 270 ден.Што е најважно нема силикони во неа.
Лаковите на ГР, ептен се долготрајни и периодов само нив ги користам зошто немам време често да ги лакирам ноктите, па вака таман ми е. И боите им се прекрасни, цената е солидна. Мене ми се одлични. Ептен ми ги заштитува и хидрира усните. Првпат да не сум со испукани крвави усни за време на поладните денови. Јак, а воедно нежен мирис. Омилен ми е месецов, а сигурно ќе ми е омилен и во престојните денови. За смешна цена од 100ден ја земав палетава ама ми е прекрасна. Ептен се пигментирани сенкиве и се нежни, па за на факултет ми се прв избор за да ми дадат свежина, а воедно да не се нападни. И кармините на ГР, без нив не излегувам од дома. Имам неколку нијанси, сите ги користам често. Месецов само овие кармини ги користам, ми траат долго и затоа ми се прв избор.
парфемот фантазија претраен, спрејот спас за расчешлување и мојот омолен балеа сув шампон особено мирисот на црешов цвет
Карминот го купив сосема случајно ,сакав поинтензивна црвена боја и не очекував да е толку добар а толку евтин. Цена 185 мислам дека беше . Дефинитивно Голден Роуз ги заменувам со овие. Палетата ја купив на попуст во дм заедно со Римел не беше повеќе од 600 денари ,одлична палета многу квалитетни сенки ,секојдневно ја употребувам и ми е маст хев. Пренежен интимен гел ,навистина ми се погоди ,многу добро измива а не содржи парфеми и алхохол. Обично не преферирам литарски шампони ама овој шампон навистина ми се допадна ,кога ќе ми се потроши планирам да земам повторно од Афродита .
Со ова млеко косата многу лесно се расчешлува и ми е права како пеглана,а инаку малку ми се прекршува ако немам стаено. Ми ги спаси ноктите и конечно можам да си ги пуштам подолги,претходно многу ми се луштеа и кршеа. Многу убаво мириса,и ги прави рацете многу нежни. Маскарава мислам дека е една од подобрите.Досега најубави ми биле трепките со неа. Убаво масло за кожа,без штетни состојки,убави масла,посебно за масажа
Prekrasna e,ja probav prezadovolna bev i sakav da eksperimentiram so Sebamed ne mi se svigja povtorno se vrativ na Fleurance Najdobra krema do sega sto ja imam koristeno.
1.Маскарава ми е нов фаворит!! Ретко да си погодам маскара оти многу бирам. Оваа ми е 10/10. 2. Палмолајв.. цела бања мириса на чоколадо Со мерак одам да се туширам Често се на акција два за некоја убава ценичка (заборавив колку беа) 10/10. 3. Мицеларната ми е бр.1 веќе цела година. Лесно ја отстранува шминката на лицето и не пече на очите. Топло ја препорачувам. 4. За сувиот шампон.. Ги имам сите од Batiste ама овој фрешот ми е омилен, не само за мирисот туку и за работата што си ја брка, другите не ги ни користам а и мислам дека од толку што мирисаат другите друго не ни прават
Бидејки Eucerin SPF50 Oil Control gel-creme се покажа одлично на мојата кожа, денес решив да го купам и Eucerin Hyaluron Filler C Vitamin Booster. Прв пат ставив вечерва, бидејки не е мат ќе го користам само навечер дома. По првото нанесување кожата изгледа освежено и мазно. Не е ни мрсен, ама не е ни воопшто мат. Дава некој убав сјај. Целта му е да ја хидрира кожата, да го зголеми производството на колаген во клетките, да ја подобри текстурата на кожата и да ја зајакне кожата. Пишува резултати за 7 дена. ДАЛИ И ВИЕ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПРОИЗВОДИТЕ НА "EUCERUN"? И АКО ДА, ОД КОИ ПРОИЗВОДИ?
Мицеларната вода ја начекав на попуст во ДМ, уште едно шише гратис и бидејќи прочитав позитивни коментари, решив да дадам шанса. Фактот што не содржи алкохол посебно ме привлече да ја купам и не зажалив. Многу ми е важно да не ја пресушува кожата. Шминка чистам прво со водава, потоа го мијам лицето со розовата крема за миење на Балеа за која веќе напишав пофалби. Ја нема онаа затегнатост, чудна топлина и сувост на лицето откако ќе се исчисти. Лакот на Фармаси ми помогна многу, претходно користев Eveline 8in1, но кратко по користењето ноктите ги чувствував пресуви, повторно тенки и подложни на кршење и лупење. Настрана тоа што содржи формалдехид. Ако споредуваме и со цена, овој на Фармаси е поевтин, а навистина е добар. Едвај чекам да ми потпораснат ноктите уште малце, па да се почастам со некој лак во боја што е нетипична за мене, никогаш не сум имала впечатлива боја на ноктите.
Aura All in 1 маскара Маскарава кога ја купив , ми се допадна , но не бев и нешто етпен воодушевена. Поминаа 2 месеца од кога ја отворив , сега е подзасушена и можам да кажам дека оваа е најдобрата маскара досега на Аура. Ја имам користено и таа Lift it up , ама оваа ги надмина сите очекувања Потврдувам дека ги подигнува трепките , ги издолжува , им дава волумен. Навистина е all in 1 Lush - Whipstick lip balm Презадоволна сум и од овој балзам за усни на Лаш , со вкус и мирис на чоколадо. Мириса на пудинг од чоколадо , усните ги омекнува , особено ми е одличен за под мат кармин. Го препорачувам кој има навистина испукана уста и доколку користите постојано мат кармини.
*Maslo i Balea pena *Afrodita toner *Serum Niacinamide *Olival,Balea korejska,Garnier,Origins *Sundance *Kokosovo maslo,labelo alverde,weleda *Deciem,Afrodita cosmetics,Clinique,Alverde Lets do this