1. Cien мицерална вода за чистење лице. - Лидл, 1.60евра Плавата е за комбинирана кожа. Јас сум задоволна затоа што ја користам за вадење шминка, бавно се троши. Убаво ми ја вади шминката, само на очи ме пече па се домивам со топла вода. Пак би ја купила само да имаше поголема милитража. 2. Mattify primer revolution - Lucy makeup 7.99 евра. Уф, презадоволна сум. Безбоен прајмер кој го тестирав на пудра од ејч ди. Не светнав ни после 3+ часа, а изгледот е баш мат, пудрата буквално стои на лице не е да ја осетам дека ми се лизга. Дефинитивно добар производ. 3. Smashbox photo finish super light - Look fantastic - 17evra, 12ml И овој прајмер е за комбинирана кожа, кој има бела боја. Го тестирав на пудра од мек и до 8часа држи. После 8 часа пудрата буквално се лизга, изгледате ко да се потите во сала со шминка. Но, сепак го вбројувам во омилен поради трајноста и поради тоа што не се исфрлив. Ми се допаѓа и пак ќе го нарачам, но се вбројува во поскапи производи. Дава мат изглед, легнува пудрата и не мрда. Се на се е топ. 4. Revolution highlighter Ах, my favorite. Го заборавив на wet'n'wild тој дефинитивно. Преубава нежно златна нијанса, пигментиран. Го нарачав од бјути беј ама не му памтам цена. 5. Lash princess essence mascara Јас од нискобуџетни добри маскари што ги знам е само таа на голден роуз и една од авон. Ја земав од локална продавница околу 3 евра, претходно девојките овде ја пофалија. Мислам го има тој wow effect. Имам мали трепки и ми ги прави ко вештачки да имам. Малку е проблем вадењето но и тоа се надминува. 6. Mac studio fix fluid foundation NC30 - Mac cosmetics Malta 33evra. Ова треба да е пудра на годината, мене ми е пудра на годината. Омилен производ кој е идеален за мојата кожа. Јас ја имам и nw30 која е за во лето, а оваа nc30 за во зима.
Си го најдов идеалниот шампон за мојата коса. И фризерката ја забележа промената. Гелов мириса преубаво и совршено ја негува кожата. Во нијансиве се заљубив.
Омилени производи за месец декември ритуалите на сакура нивеа млекото за чистење на лицето кремата 2во1 glow што воедно е и прајмер и крема за нега на лицето на чувствителна и сува кожа
Дефинитивно продукт на годината, за секоја сезона различен. Со светки, без светки, парфимиран, со појак мирис... Во Охрид бевме, чепкав во камчињата и ми се исуши кожата ептен и прашав другарка дали има крема за раце во ташна и ми извади едно вакво, се намачкав и се заљубив. Цел ден ми мирисаше, кожата ми ја направи толку нежна и свилена... На другарка ми и беше поклон и не знаеше од каде е и вечерта дечкото под рака и цел Охрид го свртивме да бараме. Никаде не најдов и изгубив надеж, викам ќе земам што било сега. И влегов во една парфимерија и оп на рафтот сите овие. Пресреќна, еден саат ги мирисав, сите до едно преубави, ко дете пред играчки само се кикотев и мирисав де еден де друг. Им се здосадив на сите ваљда и кога ме акна дечково со нога знаев дека е време да купам и да се истребам. И со тешко срце го купив црвениот со светки, дека лето тогаш нели и се умрев од мачкање. Секаде го носев. Парфем не ми требаше, цел ден мирисав топ. Сите да си го купите, никакво нешто за тело освен ова! Продукт на векот!
Не се прикачила сликата или јас не можам да ја видам? Пиши барем фирма или нешто, баш ме интересира што е Edit: само што ми искочи, за Seventeen и јас потврдувам, добив на поклон слична амбалажа, само моето е плаво и со светки, има некој карактеристичен преубав мирис и сите ме прашуваат што имам ставено
Серум за заштита и регенерација на краевите на косата (Од Фармаси) Откако почнав да го користам, многу полесно ми се расчешлува косата и влакното е многу поздраво, помеко. Мрсно е но не ја мрси косата. Производ на годината ми е ова, не само на месецот.
Маслово ми ја врати косата во живот,не ме интересира што содржи ама е најдоброто масло до сега што сум го пробала.Сум користела на Лореал,пантен што се дупло поскапи и ниедно не е како ова. Го ставам на сува коса после миење 3 пумпици ми се доволни затоа што имам долга коса и резултатот е мека,пресјајна коса до краевите. Воошто не е мрсно и не ми ја мрси косата иако имам масна коса,дури и ако ставите повеќе веднаш упива.Го купив 200 и нешто ден. и видов дека е моментално на попуст во дм околу 180 ден е. И да мириса преубаво според мене на ванила.
Гел за миење на лицето. Го користам околу 2 месеци, предобар е. Нежен за кожата, не ја суши воопшто, не иритира и ја остава кожата мека по миењето. Нема јак мирис, мириса многу нежно. Ептен ми одговара Мислам дека пишував за кремава во друга тема. Одлична е за сува и осетлива кожа. Ја хидрира, смирува, омекнува. Ја користам за лице но и ставам секаде каде што ќе ми се појави сува кожа. Ова ми е најдоброто откритие за нокти до сега. Серумот ги зајакнува ноктите, им дава преубав сјај, забележав и дека побрзо ми растат од кога го користам. Исто така е антибактериски што е уште еден плус.
Маскарава ми е најдобрата која сум ја сретнала последниве години. Не мрда, ја носам по цел ден. За ББ кремата на Авон на почетокот бев скептична, ми беше некако многу течна, но покрива како пудра, дава природен изглед и нежен сјај.
Нежен хајлајтер дава преубав изглед на лицето и е во големо пакување кое бавно се троши. Предобар фиксатор ,шминката со него не мрда , дефинитивно би го купила повторно. Се заљубив во сапунчињава ,случајно испадна да ги купам едниот го користам за тело а другиот за лице ,преубаво мирисаат и ја прават кожата мека. Одлучив да ја купам павловичевата маст поради тоа што имав проблеми со сува кожа ,навистина многу ми помогна ја нанесувам на цело тело после секое бањање. Омилен ми е тушов многу лесно се нанесува ,се надевам нема да се исуши брзо како тој од Малена. Тушов го купив случајно пред нова година затоа што сакав нешто светкаво и навистина е предобар го користам на секое шминкање дава преубав изглед.
Колекцијата за сува кожа од дива роза на Алверде Поубаво нешто немам користено во животот. И кожата конечно да не ми е сува во овие ладни денови. @Avery ми ја препорача, уште еднаш да и се заблагодарам, ептен ме спаси. Тоник за лице, за сува кожа од дива роза - преубаво мириса, ептен е нежен, многу делува освежително кога го нанесувам на моето лице. Просто го обожавам. Дневна крема за лице, за сува кожа од дива роза - исто мириса како и тоникот, многу е лесна, веднаш се впива и кожата ми е навистина хидрирана. Поубава крема немам користено. За сите кои сакате лесна крема што не е мрсна и веднаш се впива, плус имате сува кожа, моја препорака е кремава. Плус баш е евтина и лесно достапна за сите, што посебно ми се допаѓа. Спреј за лице и тело од дива роза - јас го користам само за лицето, просто мирисов на дива роза го обожавам, па си го обожавам за освежување, сличен е како тоникот, но мене ми се допадна и си го земав и него. Видов дека има и масло од истава колекција, но тоа не го купив, сметав дека не ми е нешто потребно. Маска за коса од Gliss - косата ми е како свила откако ја користам маскава. Исто мириса убаво и нежно, косата после неа брзо се расчешлува. Ептен ми се допаѓа. Гел лаковите од Catrice - веќе ги пофалив во една тема, но ајде и тука. Многу брзо се сушат, имаат убав сјај и издржуваат барем 5 работни дена што за мене е сосем доволно, потоа и ми здосадува бојата. Малце е минус што се ограничени нијансите, но барем имаа црвена, па не се жалам.
Сапунот го користиш и за лице или само за тело? И каква кожа имаш? Јас сакам да го купам за ексфолиација на лице ама страв ми е дополнително да не ми ја суши кожата дека и онака на одредени делови ми е сува.