Catherine Arley лаковите! 10ка оценка од мене за 50 денари. Јас мислев Голден Росе има најдобри лакови за таа цена ама не, совршен е лаков за 50 денари. Ставаш 2 слоја и не мрда со денови, сестра ми ја гледам лакирана пред една недела а лакот ко вчера да го ставила Тие се лаковите први на мојата листа.
Ех Кате,Катеее...кажи што магија има лабелово! И мене ми е омилено зошто еден дечко,познаник,ми рече дека омилени му се благите работи со вишна,па паѓал во искушение! Му го понудив да го гризне ако сака,ама да ми се оддолжи со ново! И спрејчето од рефан,вајлд чери.Прекрасно е! Пудрата на буржоа,биодитокс исто така...и имаше уште нешто,ама не ми текињат!
^^^Jaс го изедов, не го давам бе, не, само за мене е Сите кармини ќе ги баталам за ова нешто А Рефан нема во ПП, молам добра особа да им рече да си отворат и ваму едно продавничуле И заборавив, исто омилен продукт на месецот Втората кофа ја мачкам, ќе си ги вратам пута7 килограмите
Многу квалитетни, многу, јас го имам тој со пилинг ефект, веќе два месеци го користам и е стварно многу квалитетен производ. Има и моментални резултати, лицето е мазно и многу меко. 10-ка чиста
Miss Sporty Eyeliner (Ebony Black) Со оглед дека месец-два ставав еден никаков ајлајнер на Аура, овој одеднаш многу добро ми дојде. Лесно се нанесува и има јака црна боја што стои цел ден без да избледе.
Совршена! Не само за месецов, него за цело зимо. Имам сува кожа, посебно рацеве ми се барут на ладново. Ми ги оправа ептен
Фала на Инфо мило ми е што се квалитетни, само ме интересира дали секојдневно ги користиш и кој тип на кожа го имаш?
Ова сапунче ми е хит во последно време Имам комбинирана кожа и ова ми е супер . Може сабајле и навечер да се измива лицето со него ама јас само навечер се мијам затоа што многу messy станува Се крши малку и со малку вода се меша и како маска се става и одма се измива . Ми се допаѓа што лицето ми е многу чисто , мазно и меко
Gliss Ultimate Repair.(маската) СОВРШЕНСТВО! Ја храни косата,ја омекнува,ја прави свиленкаста...А,пак како лесно се пегла Најдобрата маска до сега,дефинитивно! Омилена не на месецов,него на годината.Најдобро мое откритие
Во топ 3 најубави маски ми е. Од Космо е, моево пакување вика сто милилитри гратис. На врвовите ја ставам, десетина минути, иако пишува само една. Преубав мирис и многу омекнува. И да не лупам слики и слики, маслениот отстранувач на лак за нокти без ацетон на Аура, S-Shape турпијата на Титаниа, 4 турпии се уствари, сијаат ноктите ко со лак да се со таа за сјај. На Флормар она што е за заштита, како безбоен лак. Вазелин со невен и Д-пантенол за испукана уста, раце, лакти, колена, стапала...
Од Зегин земав една крема за раце и балсам за само 75 ден. Од балсамот сум многу задоволна,устата ја прави мека.А мојата беше многу испукана и сува. Кремата за раце ја прави кожата на рацете мека. Балсамот се вика ,, Bon lip balm" a кремата нешто како Глицерин мислам
Не сум го видела прашањето, па ќе одговорам после цитатот од славица. Имам нормална накај сува кожа, само мислам дека се за секој тип на кожа, а го користам секогаш кога го мијам лицето, најмалку 2 пати дневно. Исто и кога се туширам, вратот и деколтето ги поминувам со него. Инаку за мирисот, јас затоа и го земав баш овој, има прифатлив мирис, другите не можев да ги поднесам. Во секој случај, уште еднаш ќе кажам, одличен е.
Штознам (индивидуално), квалитетот не е спорен, знам колку е добро козјото млеко (Клеопатра нели се бањала целата во козјо млеко а и некои Холивудски ѕвезди го практикуваат тоа), ама баш оној ден во Космо ги помирисав и не ми се допаѓаше мирисот (а си има цела колекција и млеко за тело, купка).