Порано, години одамна го користев елдена од кам, ама ми смрдеше многу некое време, и го заборавив. Во очај, кожата после бременост ми беше катастрофа, и што не пробав од биодрерма, еуцерин... и на крај го земав од кам, biocura, не смрди и ме оправи, за неколку дена. Мислам дека е ребрендирано елдена. Леле мераци сум. Се утепав од мачкање и пари давање. Неколку дена се мачкам по 4-5 пати дневно и ми впива одма, и не ми е жал да го трошам
Titania четка. Едно време читав за суво четкање на телото и ми звучеше само како трошење време, ама ја купив пред 10-тина дена и почнав да ја користам секое утро пред туширање. Има подобар ефект од било кој боди скраб што го имам користено.
Јас од Веро ја купив, не ми текнува цена. Во ДМ имаше поголем избор, со различна должина на дршките, ама отпосле ги видов. Некаде прочитав дека суво четкање е ефикасно и со оние ракавиците за бањање, нешто вака:
Омилен на годината! Косата ми издржува една недела да не ја измијам.Плусс има прекрасен мирис кој трае дооолго,дечко ми не може да го тргне носот од мојава коса Би сакала да го пробам и овој ама прво кажете ми дали мириса исто толку убаво како првиот хахах Овој спреј е за исправање на косата,го нанесувам пред да ја пеглам и ми останува права до следното миење што не се случува доколку не го користам спрејов бидејќи имам природна брановидна коса која многу лесно се прекршува.
Се согласувам и двата ги имам пробано, тој овошниот мириса уште појако , мене и двата многу ми се допаѓаат. Се надевам нема да ги повлечат од продажба како што го повлекоа тој од ванила
Моментално ги имам двата, овошниот fruit drеam мене ми мириса убаво на витрус, но многу јако и некако ме гуши, го чувстувам насекаде околу мене. Лично никогаш повторно не би го купила. Цветниот сув шампон уште не сум го користела, ама вака мирисот ми делува многу по нежен и попријатен.
Лице, раце, лакти.. Воглавно за сува кожа, јас ја користам само за лице и сум презадоволна. Ми се смирија црвенилата и немам веќе суви делови по лицето.
Wella Blondor soft blonde 10ка , ако можев и повеќе би дала за овој бланш во вид на крема. Ми го препорачаа во една парфимерија , но беше по скап таму па го порачав од notino.gr Го купив за да го осветлам коренот, косата ми е веќе фарбана плава (плус делот фарбан само со фарба беше портокалов па и тоа сакав да го осветлам) Нежен е со скалпот , не гори , може да се стави и многу послаб хидроген (3% , 6%) јас ставив 9ка и ми осветли коренот за помалку од 10минути. Не ја оштетува косата, не ја суши косата. За повеќе имам пишувано во темата за руса боја на коса 200мл го земав 15 евра. Lush BIG body spray И конечно излезе во продажба спреј за тело во мирис од шампонот на Лаш Биг. Мирисот е ист со шампонот , нема никаква разлика. Трае со часови иако е боди спреј. Презадоволна сум , го препорачувам да го пробате. Цената е 25 евра Korres pineapple coconut body cream Мирисот е феноменален на оваа крема за тело. На ананас и кокос. Дава одлична хидратација , без да ја масти кожата. Исто така е со природни состојки , општо Корес произведува козметика со поголем процент на природни состојки. Ја има по аптеките ,цената беше околу 6 евра.
Читав за шампонов многу негативни коментар дека косата многу брзо се мастела,изгледала затестено итн.Ама решив да го купам иако имам масна коса и за чудо ич не ми ја мрси ми издржува до 3-4 дена ,убаво ја мие,ја прави премека ,рамна и со многу сјај. Го потрошив брзо затоа што имам густа коса. Би го користела пак.
Последниве два месеци косата ја мијам со овој шампон. Понекогаш и со шампонот против опаѓање на Конопка, ама овој со масло од баобаб ми е супер. Ми ја згусна косата, барем така ја осеќам. Тоа и му е намената, пак ќе си го земам. Не очекував чуда на почетокот, ама косата не ми паѓа толку, по некое влакно онака, ама не и прамени, а ја осеќам погуста и поцврста. Пак ќе си го земам.