1. Кремаст гел за туширање, кожата останува мека и мазна. 2. Тоник за лице, пишува дека е 96% на природна база и ми е навистина пријатен и освежувачки.
Преубав лосион за тело за потопли денови. Има убав, суптилен, благ мирис на ванила. Течен е, лесно и брзо се впива и супер хидрира. Мирисот останува на кожата неколку часа. И колку што јас се разбирам, има фин состав. Јас го купив за 2 евра, на некоја акција. Единствено не ми се допаѓа пакувањето. Буквално е пластична чашка со капаче.
Крема за тело и лице, има нежен мирис, потсеќа на кремите на Нивеа и Солеа и ја прави мека кожата по нанесување, башка и пристапна цена, околу 130 денари беше мислам.
Clinique iD moisturizer + active concentrate (lines&wrinkles) Џели кремата на Клиник решив да ја пробам по неколку позитивни коментари на форумов и од пријателка. Го избрав големото пакување поради додавање на концетратот поточно тој за против линии и брчки на лицето. Задоволна сум , дава хидратација на лицето , брзо се упива , не го мрси лицето. Буквално се чувствува вистинско освежување кога ќе се нанесе на лицето. Го користев и сабајле и пред спиење , сега го користам само навечер поради тоа што тестирам друг производ на Клиник (дневна крема со спф). Да додадам дека кремата нема силикони , а концетратите имаат одличен состав. Би го пробала и белиот. Цена- со 50% попуст заедно со концетратот 21 евро MAC Reset&revive charcoal mask Маскава ја користам три пати неделно , веќе две недели по ред. При нанесувањето се чувствува ладење на лицето , па затегнува и по измивањето навистина лицето се чувствува многу чисто. За масна кожа е ОДЛИЧНА. Цена - 50% попуст 17 евра Nature box shower gel pomegranate oil Одличен гел за туширање , мириса прекрасно , многу сум задоволна Цена - од супермаркет 2 евра
Презадоволна,ја купувам пак дефинитивно. За мрсна кожа е,јас имам комбинирана али топ ми одговара со крема нема да ти го пресуши лицето. Откако ја користам не ми искочиле бубулици и мислам дека ми ги има избледено флеките од акни така да ја препорачувам на сите со проблематично лице.
Вреди за секој потрошен денар. Евтино, а преефикасно е, веднаш приметив разлика во текстурата на кожата, не очекував дека нешто многу ќе смени оти досега што сѐ немав пробано, ама позитивно ме изненади.
Го земав балзамот твој од праска вода да му носат маските од по 400 денари,неколку пати до сега го користев врв е. Земав и од ванила плус да го пробам
1. Тоникот за лице, за нормална и комбинирана кожа на Конопка, еден од подобрите тоници за кој приметувам дека убаво ги чисти порите на лицето. 2. Кремата за нормална кожа на Натура Сиберика, кремата е средна по густина, мегутоа не остава масен сјај, дава изглед на здрава кожа на лицето, цената околу 1 000 ден. 3. ББ кремата на Натура Сиберика, минимално тонирана крема за разлика од други кои што ги имам пробано, намената и е точно како за ББ крема. Откако легне на лице за 10 тина минути многу убаво стои и покрај тоа што не е покривна, цената околу 650 ден и одговара за сите типови кожа, за сува би била идеална. 4. Пастата за заби на Лакалут за бели заби, јас имам бели заби но со оваа паста стануваат за нијанса побели, односно од сите заби на Лакалут сме задоволни освен син ми кој мирисот не и го поднесува. 5. Шампоните на Корин, за деца и возрасни, одамна ги користиме, дури и тој за првут мм што го користи е супер а тој е многу проблематичен.
1. Спреј за коса, прекрасно мириса омекнува 2. Гел за туширање и шампон со камилица. Наменето за бебиња но си го користам и јас. Ја смирува кожата. 3. Крема за тело, наменета за трудници но има предобра хидратација. 4. Интимен гел, дава свежина и чистота. 5. Пена за миење на лице на алверде, свеж мирис и убаво чисти.
Моливче за веѓи Catrice. Многу ме потсетува на тоа од Golden Rose. Преубаво, премеко, многу лесно се нанесува, пигментирано, и нијансата 20 ми е ептен погодена. Изгледа многу природно. Јас го купувам околу 3 евра. Лошата страна кај овие моливчиња е што брзо се трошат, но не ми пречи. Немам премногу за пополнување па ми трае повеќе од месец. Го препорачувам.
Вечното откритие. Иако малку потешко се нанесува (бидејќи е со погуста структура), сепак ми е едно од омилените производи летово.