Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    catrice-cosmetics-eyeconista-lash-millionizer-volume-mascara-010-black-11ml-p14255-23985_image.jpg
    2839_xlarge.jpg
    prod_1203654_1_613x613.jpg
     
    На Flower27, EMoonlight, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    јас не го размачкувам целосно. Се познава бело по телото ама неверојатно е како штити од сончевите зраци а згора на тоа е у водоотпорен па постепено се упива.
     
    На EMoonlight и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.993
    Допаѓања:
    14.164
    Пол:
    Женски
    На h.ope, EMoonlight и marchi-cool им се допаѓа ова.
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Која цена е
     
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    12.474
    Пол:
    Женски
  6. Maja015

    Maja015 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Како си задоволна од интимниот гел?
     
  7. angel25

    angel25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    170
    Со години го користам. Можам да кажам дека сум презадоволна. Нежен гел, нема иритации. Вреди да се проба.
     
    На Kjara15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    12.474
    Пол:
    Женски
    1. Melem-от не го менувам за ништо. Ептен добра кремаста структура, посебно добар за студовите кога ќе почнат.
    2. Chris Cremm'y Soft е од локална продавница, не го гледам често по продавници/маркети т.е воопшто. Пренежен е, штета што ми е при крај. Се надевам ќе го пронајдам.
    3. Ролон од Dove - бев скептик и не знам зошто. Во комбинација со Chris Cremmy's Soft..врв! :inlove:


    download (1).jpg product_14736.jpg download.jpg
     
    На EMoonlight, poppie и Elence93 им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.511
    Допаѓања:
    201.523
    Пол:
    Женски
    1.Стик дезодорансот Ben&Anna Nordic Timber
    [​IMG]

    Задоволна сум, полесен ми е за користење од Аромако, полесно се размачкува, а држи и до 8 часа и повеќе без проблем, можеби нешто пократко при интензивно потење (спортување или вежбање). Ќе продолжам со него дефинитивно.

    2. Balancing micellar lotion Natura Siberica
    [​IMG]
    За комбинирана и масна кожа. На почетокот бев малку скептична бидејќи кожата ја осеќав прилично затегната, ама се навикнав, не ми пречи веќе. Добро чисти, и затоа го препорачувам. За шминка не знам, не сум го испробала уште, само за обично чистење.

    3.Natura Siberica Day Cream (Sophora Japonica)
    [​IMG]
    За комбинирана и масна кожа. Морам да го пофалам, кожата ми доби навистина здрав сјај, не свети од маснотија, а само една недела го користам. Не ми светнува челото воопшто, не знам каков е како подлога за шминка бидејќи и не користам периодов пудра, многу малку се шминкам. Има спф 15, не е доволно, па ставам понекогаш одозгора и крем со СПФ30 од Алверде, особено ако сум подолго време надвор.

    4.Natura Siberica night cream (sophora japonica)
    [​IMG]
    Ноќен крем за нега од истата линија. За комбинирана и масна кожа. На почетокот наутро лицето го осеќав масно, ама брзо ми се среди. Дали е до кремот, дали е до серумот со ниацинамид што го користам (рано е за ефекти додуша), не знам. Ама ќе продолжам да ја користам целава колекција. Ептен сум задоволна.
     
    На koritsaki, do-re-mi, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Маскара на Catrice, лудило! Трепките ги прави долги, црни, извиткани, преубави. Околу 270 денари мислам дека ја земав, од ДМ.
    92f24794ff5dec783da034e02a541131.png
    Сив шампон, околу 230 денари од ДМ, долго време трае едно пакување бидејќи треба да се става само еднаш неделно. Супер е.
    lorealhaircareelvivepurpleshampoo67ozprimaryfront03600523826940v2.jpg
     
    На simoncelicius, Tea678, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    Од каде го купуваш мелемот и цена?
     
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    12.474
    Пол:
    Женски
    @Harper во сите аптеки скоро го има, околу 150-160 денари е.
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.539
    Допаѓања:
    106.158
    Пол:
    Женски
    La roche posay Toleriane ultra nuit -ноќна хидратантна крема за лице. Општо, задоволна сум. По состав не е природна, но ако барате крема без алкохол и парфем, оваа е права крема за вас. Ми се допадна што на трето и седмо место содржи squalane и niacinamide па навистина приметив дека ми помогна при некои флеки што ги имав на лице да се намалат или да исчезнат. Кремава е наменета за чувствителна кожа и кожа сколна кон алергии. Јас имам масно лице и ми одговара , е сега сите креми ноќни бидејќи се по хидратантни ,кога ќе се разбудам гледам дека ми е малку мрсно лицето , но секако се мијам лице и тоа не ми смета.

    [​IMG]

    Dr.Konopka balncing face toner / oily skin
    Презадоволна сум од тонеров на Конопка, не знам зошто ама се ги избегнував овие производи да ги пробам на Конопка.. лосионот нема алкохол , па може да го користат и тие со проблематична кожа. Мириса на лаванда, уште еден голем плус од мене. Убаво го чисти лицето.

    [​IMG]
     
    На tamche995, simoncelicius, Tea678 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.511
    Допаѓања:
    201.523
    Пол:
    Женски
    Тонерот е одличен. Досега не сум нашла производ како овој, и дефинитивно не го менувам повеќе.
     
    На buba4e89, eva993, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.169
    Допаѓања:
    138.980
    Совршен лосион за тело за многу сува кожа. Не сум користела нешто што повеќе ми одговара.

    FBC62F84-39CF-4C98-8559-504B13A5A789.jpeg
     
    На simoncelicius, Bozica1980, prominent и 9 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Loreal Eselve shampoo and conditioner

    Имам густа коса со суви врвои и мрсен скалп,сум користела секакви шампони,маски и масла. Не можев никаде да најдам шампон сличен на тој од Калос но затоа се заљубив во Лореал шампонот и регенераторот. Косата ја доведуваат до совршено нежна и мека како свила,а можам да издржам и повеќе од три дена да не ја измијам.
    B88C2EF0-D44E-4370-96FE-CBFF759F7E5F.jpeg

    Течна пудра за лице и коректор од колекцијата Define&Conceal Make up revolution

    Драгстор пудра,достапна за сечиј џеб идеална за комбинирана кожа,многу ми наликува на Перфект 123 по состав и трајност. Не е мат пудра,одлична е за во зимо и заедно со коректорот се полн погодок. Доста покривна со средна не-течна текстура која веднаш се впива и не се чувствува тешка на лице. Коректорот е многу покривен особено за темни кругови.
    49F6E0AB-5C2D-476E-9B7F-CFD2533261FB.jpeg
    58F6D789-F60A-4C82-85A1-A538BF3E53DE.jpeg

    Кармин од Голден роуз

    Течен мат кармин со кремаста текстура ми промакна низ очи,земав една нијанса да ја пробам и се воодушевив. Траен е,само му треба повеќе време да се засуши,не се лупи и не се лепи за устата. Мене единствен проблем ми беше што остава траги и ми се размачкуваше под маската,тоа се средува лесно. Има многу убави нијанси баш би сакала да пробам и други.
    3AA9AD96-9BCB-43C6-A54C-A202E2681524.jpeg

    Гел за миење лице - Биодерма Себум

    Производ на годината за нега на лице,доколку имате проблем со мрсна кожа тогаш производов е за вас. Ми се прероди лицево.
    1B832B02-6431-497F-B07D-46804B1D8B0E.jpeg

    Крема за лице - Биодерма хидра био

    Предобра,немам зборови со кои би ја опишала оваа крема. Знам само дека повеќе не ми е мрсно лицето и нема да ја сменам повеќе,ја користам наутро после утринската рутина.
    E8BE5767-AE01-488D-8E5D-CFC5AED19890.jpeg
    Кико Милано - молив за усни
    Моливчево го купив попатно,ми се удри во глава за портокалова нијанса на кармин па случајно на штанд го забележав моливчето. Искрено, вреди и повеќе да дадеш бидејќи со едно исцртување остава боја,а истото има простор да се надогради.
    70D52787-6E66-482C-983E-34AF5BD8944B.jpeg

    Крема за лице Moisturizing + HA TO
    За оваа крема би кажала дека е доста хидрантна само треба да се размачкува повеќе бидејќи не се впива лесно,ја користам навечер после киселините што одлично ги поднесува и се вклопува,лицето ми е многу мазно и нежно. За комбинирана кожа
    82FA8CF0-05F9-4872-B5DB-29E09B601E39.jpeg

    Серумите на ТО

    Се сеќавам пред некоја година се пожалив од нијацинамидот дека воопшто не ми одговараше и дополнително ме исфрлаше. Сменив средина и се соочив со пори,акни и црвенило. Првата нарачка ми беше нијацинамид,хујалоронска киселина и црвениот пилинг.
    После месец дена користење правилно имав резултатит,а сега после четири месеци скроз ми се исчисти лицето. Не би ги менувала за ништо,и баш се достапни за сечиј џеб.
    07053D9E-28B1-4DF9-AF4D-D5B0D08AE229.jpeg
    C84495A1-1911-470D-9A5D-FF6872FE1140.jpeg
     
    На Kimberly11, Mr.Mary, koritsaki и 8 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    A6D841A9-7015-4CF7-A01A-BFE270CCEE49.jpeg

    Еуеconista Catrice Mascara - Gold

    Маскарата ја препорача членка од форумот,јас ја купив и ја пробав. Се воодушевив бидејќи моите мали трепки се забележителни како да имам ставено вештачки трепки.
    E2F1844D-F2CD-4B5B-9E57-F8588B072852.jpeg

    * Морав вака во два поста да се надополнам бидејќи повеќе од 10 фајлови не може да прикачам.
     
    На sunshinebabe, Ariel, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  19. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ги користев и кремот и тонеров од Конопка. Кремот не ми се допадна ич, за тонеров имам поделени мислења. Кога го нанесував со тупфер ми се правеше како сјај да имам нанесено на лице, бли траги исто како сапуница да ми се прави. Ти се има случено тоа или само мене ? :)
     
    На beautys20 и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.539
    Допаѓања:
    106.158
    Пол:
    Женски
    Кремот се мислев да го пробам ама читав мислења дека не е добар и се откажав. За лосионот, да ако ставам повеќе од производов се прави ко сапуница тоа и јас го забележав и гледам помалку да ставам на тупферот.
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.