Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Да, се прави како сапуница, ама мене не ми смета тоа. И многу убав сјај дава на кожата, здрав сјај. Јас па сакам сјајна кожа, ама не како од мрсно да свети, туку изглед на здраво. Со тонерот и кремот од Конопка ми е постигнато тоа. Идеална подлога е овој тонер за хијалурон хидратор, бидејќи секако на влажно се става.

    Истото го добивам и со кремите од Натура Сиберика.
     
    На koritsaki, M.laDy и joy1 им се допаѓа ова.
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.199
    Мене ми пријаат производи со роза, па лутајќи по тонер го најдов овој. Штом го фалите тој од лаванда, ќе му дадам шанса и онака одамна сакам да пробам нешто од брендов.

    [​IMG]
     
    На koritsaki, EMoonlight и Tea678 им се допаѓа ова.
  3. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.075
    Пол:
    Женски
    0EB8647F-C880-473C-8A84-2BB603F61E22.jpeg B8CFA1D0-9540-4E02-98C9-FE3A5079CF65.jpeg 5ECF1777-4C56-49E6-9E29-9D135B647416.jpeg E5B663E9-A213-4455-A108-3AD3B6933BE1.jpeg A4CF2D53-3F1C-449C-B5C7-B7CB190FE9EC.jpeg
    1.ceraVe крема за лице - најдобрата крема која ја имам испробано е оваа , имам комбинирана кон масна кожа и многу ми одговара .. не ми го масти лицето дополнително, се впива , смирува и хидрира.
    2. АФродита пена - омилена ! Не исушува , одлично го чисти лицето и шминката , има супер состав и одлична е доколку имате проблематична кожа.
    3.4/ Гарниер шампон и маска - мирисот им е фантазија, шампонот одлично пени и ја чисти косата , во комбинација со маската имам прекрасни резултати .. косата е многу мека и лесно се чешла .
    5.YVes Rocher лосион - одличен е , долго трае , лесно се размачкува а брзо се впива . Мириса совршено и долго трае мирисот.
    6.сода - спас ! Што ли не сум испробала , долго време се мачев со воспалување на жлездата и непријатни мириси и покрај хигиената . Сегаставам на мокри пазуви чекам да се засушии толку ..
    DB1519E5-2B5C-4359-8A8A-15347E911441.jpeg
     
    На S.W.A.G, hermosa, Giovanna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    [​IMG]

    Ја носам во ташна секогаш и секаде со мене :inlove:
     
    На simoncelicius, S.W.A.G, hermosa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    krem_dlya_litsa_hyaluronic_acid_1_betaine_1_true_alchemy.jpg

    Долго време барав крема со добри состојки која истовремено ќе ми го хидрира лицето а и ќе ми биде истовремено и подлога за пудра. Во глобала имав лошо искуство со доста креми зашто ми го мастеа лицето, лошо се впиваа или пак лошо стоеше пудрата врз нив.
    Оваа крема за сега дефинитивно ми е број 1. Одлично хидрира, добро се впива а е и одлична подлога.
    Дефинитивно можам да кажам дека ми е омилен продукт на месецот.
     
    На S.W.A.G, EMoonlight, f.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    IMG_20201019_233733.jpg
    Преубави, ароматични и разгалувачки крем-гелови за туширање. Преубаво мирисаат и траат. Погодни се за нормална кон сува кожа, посебно за зимските студени денови. 220 денари од Аптека Betty. Мислам дека ги има и во ДМ.
     
    На tinka-mace, S.W.A.G, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    32.579
    Пол:
    Женски
    Само овој крем ми е спасот за суви раце
    Screenshot_20201020-143248_Chrome.jpg

    @QueenBeyonce од каде ја купи кремата? :)
     
    На thelittle17, S.W.A.G, EMoonlight и 3 други им се допаѓа ова.
  8. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    10.646
    Пол:
    Женски
    Исто и јас од тоникот на Конопка сум многу задоволна, пробував и други поскапи кога немаше од Конопка, ама овој ми е најдобар а и цената е океј. Приметувам дека често го немат на залиха, па додека добијат некогаш го заменувам со Натура Сиберика, и тој е добар, со дупла цена е од Конопка, ама на моето лице Конопка е најдобар.
     
    На koritsaki и Annath им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.542
    Допаѓања:
    106.217
    Пол:
    Женски

    Кој е тој тоник на Натура сиберика?
    Тие во вид на спреј ги имаш пробано?
     
  11. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски
    Јас користам на Натура Сиберика во вид на спреј (https://www.bellina.mk/p/555/kuril-...ice-za-site-tipovi-na-koza-100-ml?category=31).
    Мене лично ми одговара многу. Ја врши добро функцијата.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    10.646
    Пол:
    Женски
    Го користев тој анти ејџ, не е спреј како на Конопка е шишенце, убав е и тој ама на Конопка повеќе ми одговара.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    2.584
    [​IMG]
    Одлична секојдневна, лесна тонирана крема за изедначување на тенот. Ја користам и за дневна и за вечерна шминка со тоа што ја сетирам со камена пудра затоа што дава доста сјај. Би рекла дека има иста покривност како Хелти Микс а е мнооогу поевтина и немам намера да ја сменам во блиска иднина.


    [​IMG]
    Прекрасен регенератор, го користам кога планирам да ја пеглам косата: Ми дава многу убав сјај и лесно се расчешлува косата
    [​IMG]
    За маскава многу се има пишувано така што секој збор е сувишен


    [​IMG]
    Нежна пена која убаво ја отстранува шминката, не го суши лицето и прекрасно мириса


    [​IMG]
    Прочитав доста поделени мислења за овој серум па решив да му дадам шанса и не се покајав. Уште од првото користење приметив разлика, лицето ми е поеластично, премеко и го има оној healthy glow. Дефинитивно ќе продолжам да го купувам.

    [​IMG]
    Имам прилично сува кожа на телото (посебно на нозете) и кога ми треба екстра хидратација, а посебно кога е поладно времето го користам ова млеко за тело. Многу убаво мириса, ја омекнува кожата и во истиот момент ја хидрира. Морам да напоменам дека е доста мрсно и треба да се остави некои 5-10 минути за убаво да се упие.
     
    На Harper, tinka-mace, Giovanna и 12 други им се допаѓа ова.
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    young_pure-tonik_v2-390x730.jpg
    Поубаво нешто мојава кожа нема доживеано. Вчера купив ново пакување. Дава чувство на свежина, убаво чисти. Мојата кожа е нормална накај сува ама ми пријае ептен. Перфектен е. Ќе го купам и пак и пак и пак.
     
    На thelittle17, Cherry blossom89, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.984
    57bd45d8-7293-4208-a339-83013954354b.jpg
    За усни топ вазелинов. Башка пакувањето ми е таман за во ташна.

    neutrogena_hand_cream_unscented_50ml.jpg
    Не би ја нарекла крема, повеќе е како некој мелем. Пренајубаво за рацете, како ги омекнува и дава чувство на олеснување.

    MyHero-razkužilo-Spray-150-ml.jpg

    Не знам дали е за во темава, ама спрејов е најбоље нешто што го влечам сегде со мене. Прскам раце, прскам површина, не мириса, не пече, практичен е затоа што е спреј како дездоранс.
     
    На tinka-mace, JoanaS, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.053
    Допаѓања:
    12.493
    Пол:
    Женски
    4060.png

    ELEA body care, hair removing strips body

    Страшен скептик бев за лентите. Висев по неколкупати на рафтот и едвај се убедив да ги земам (претходно никако не сум го погодувала восокот, депилацијата целосно измачување сиве овие години). Дури денес ги пробав и фала богу се спасив од касапење со жилет, оти само тоа функционираше..

    Раат сум си, конечно!
     
    На The Unicorn, Coco31, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  17. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам надвор од темата, но сакам да споделам дека и кремата за депилација Елеа е одлична, прв пат нешто да не ми ја вцрвени и изгори кожата над усните .
     
    На eliesaab и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  18. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Прв пат купувам кокосово масло и го користам за коса, после долго време косата ми е сјајна и мека :inlove:[​IMG]
     
    На GlowGirl и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  19. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Каде ги има?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    За месец октомври ќе му дојде ова

    [​IMG]

    Lavera шампон за фарбана коса. Прво да си кажам, не е за масна и ретка коса. Не е за коса што брзо губи форма. Ама шампонот е супер. Косата е сјајна, мека, лесна за расчешлување и оформување, и она што е битно (особено кај мојава црвена боја) е дека бојата не паѓа со миењето, барем водата не е обоена како што беше со обичните шампони, ниту пак после миењето има траги на крпата (повеќето знаат ова каков проблем може да биде). Нема потреба од регенератор или маска за расчешлување, за сјај или нешто трето, можеби само средство за заштита од топлина ако ја фенирате/пеглате косата.
    Недостаток според мене е цената, не е баш ефтин, ама па да видам колку време ќе трае, можеби и ќе вреди.

    [​IMG]

    Organic Shop Papaya and sugar body scrub
    Одличен пилинг за тело, со преубав мирис и преубав ефект, кожата е мазна, сјајна и мека, поткожните влакна излегуваат на површина со пилингов. Сакам вакви пилинзи со крупни зрна, исто како домашниот пилинг што го правам со шеќер, исто како и пилингот на Балеа со сол и кафе, со таа разлика што од овој не ме пече кожата на некои места како од тој на Балеа, и што има прекрасен мирис, за разлика од домашниот пилинг.

    [​IMG]

    Најдоброто лабело, ever. Нема потреба од многу зборување, јасно е. И пристапна цена, и солидна нега и меки усни.
     
    На koritsaki, Касија, P.S.love и 14 други им се допаѓа ова.