Одличен за нега на рацете во студените денови. Идеален е за чувствителна и сува кожа. Вреди за секој денар!
Ептен освежително потсетува на лето,плажа и коктели. И како купка го имам. Обожавам се што е со кокос. Некој пилинг за тело од кој сте задоволни предложете
Дефинитивно лосионите за тело на SEVENTEEN ми ја одбележаа годинава. Фантастични се, имаат прекрасен мирис и даваат многу свежина на телото. Да напоменам светкави се Можете да ги најдете во Cosmo, 430ден.
Јас само да ти кажам големо фала за лентиве. Ги земав тие за лице и топ се стварно. Сега уште да не се исфрлам и ќе те благословувам.
Еве и овие, светкави креми, многу малку се става, а многу светкаат. 330 ден. во Golden Rose продавниците, на друго место ги нема.
Имам малку време да напишам за неколку продукти што ги користам некое време. 1. Natura Siberica Sophora Japonica day cream Кај оваа крема ми се допаѓа што доаѓа со пумпица така што нанесувањето дополнително се олеснува посебно за оние со долги нокти. Имам комбинирана кожа со масна т-зона, а користам серуми на ТО така што секогаш е потребно крема за хидратација и заштита, па предност давам на овој производ што ете има и спф 15 ( знам дека не е доволен ) но релативно како за во зима ми е океј бидејќи дали еднаш неделно излегувам на сонце и не мора да ставам дополнителен крем, на некој начин заштедуваш мала сума. Производот е одличен, веднаш впивлив тоа му е и намената, ми се допаѓаат состојките, по користењето лицето е здраво и свежо, има некој сјај, нуди длабока хидратација. 2. Natura Siberica Sophora Japonica night cream Никогаш не сум користела ноќна крема за лице така да оваа ми е прва, искрена да бидам не ја ни сфаќав разликата. Она што ми се допаѓа кога ќе го видам лицето наутро во огледало е тоа што нема да го видам со некоја огромна акна или црнка. Оваа крема ми овозможи заштита во текот на ноќта, дава smooth изглед исто како и дневната така и оваа прави кожата да изгледа одморено и свежо и што е најважно не е мрсно. 3. Natura Siberica black mask for oily and combination skin Маски користев едно време па се откажав така што оваа ми беше џекпот. Ја нанесувам два пати неделно и оваа не е од таа што се лупи напротив се измива. Првата недела ми создаваше црнки па морав да ги стискам, најчесто на образите беа поизразени. На мисла да се откажам и дадов уште една шанса и ете резултат немав повеќе црнки никаде на лицето, така што претпоставувам треба време да се исчисти внатрешно темелно а потоа да даде некој резултат. Кога ја користам не користам никаков серум во текот на денот а после нејзино нанесување ставам само крема. Резултатот е чисто лице. Благодарание на рутината на ТО и кремите забележав дека бојата на тенот на лицето ми се изедначи, ми останаа само подочниците кои си ги имав отсекогаш па така да, во последно време многу ретко се шминкам.
1. Маска за коса од Natura siberica Oblepikha - Некое време се мислев дали да ја пробувам маскава од НС , реков толку ја фалат , па ќе и дадам шанса. Многу сум задооволна. Тие што ги интересира состав , има силикон внатре. Ама јас баш сакам таква маска да користам , косата ми е фарбана бланширана и такви маски се спас за таква коса. Не ја отежнува косата и највеќе ми се допаѓа што може да се нанесе на цела коса дури и на коренот. Од кога ќе ја измијам косата со шампон , ја држам во пешкир 5 минути колку да се исцеди добро , па ја нанесувам маската на цела коса и ја држам 10 минути. Потоа косата е како свила. Лесно се расчешлува. Презадоволна сум. 2. Balea пена за бричење со мирис на кокос- Бев скептична за овој производ и не згрешив што го земав. По бричењето кожата е мека ,вреди да и се даде шанса. 3. Конопка - маска за лице со бел аргил и рузмарин - Презадоволна сум од маскава за лице. Има 75 мл што е голема количина и трае доста долго. Многу ми се допаѓа ефектот на ладење , не се суши целосно , лесно се отстранува. Толку е убаво чувството што не сакам да се измијам. ја препорачувам на тие што имаат мрсно лице.
Го има во Белина , 325 денари е https://www.bellina.mk/p/551/juicy-papaya-piling-za-telo-od-papaja-i-shekjer-250-ml?category=49
Ги гледав и во ДМ пилинзите, ги има, само не ги држат сите видови во сите дрогерии. Во Белина секако го има.
Нема ни месец како што ја користам маскава, а веќе ми е омилена. Инстантно ми ја расплеткува косата и можам лесно да ја чешлам. Спас е за мојава бланширана коса, и на допир ја чувствувам дека е помека. Исто, има и убав мирис, кој трае релативно долго. И од маслово сум многу задоволна. Го редам после миење на полу сува коса. Не ја мрси косата воопшто, а ја прави лесна и мека. Со маската се добитна комбинација за мојава коса. Коректоров на Аура ми е омилен не само месецов, туку речиси цела година. Има лесна текстура, добра покривност и не се збира во линиите кај подочњаците. А, најважно ми е што лесно се блендира. За таа цена, квалитетот е и повеќе од доволен. Само ова е спас за суви усни, посебно за време на зимскиот период. Без него не одам никаде