Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Овој пат скоро се ми е од Essence cosmetics

    1. Lash princess mascara
    Овие маскари се значително убави, четчето е преубаво, не ги слепуваат трепките, можат да се надоградат но мана им е при долго носење знаат да се размачкаат. Сепак мислам не е толку страшно ( барем мене не ми е ) да не се спомнат овде. Ја имам виолетовата со црно и многу ми се допаѓаат што ги прават трепките како да имаш вештачки ставено.
    [​IMG]

    2. Гел за веѓи
    Гелчево не ми е погодена бојата, нема црно па јас го имам последното темно мислам дека е dark brown. Го користам за да ги надополнам веѓите на средината и така не се забележува разлика дека е друга боја, но ми е омилен продукт бидејќи убав изглед дава и не се брише лесно.
    [​IMG]

    3. Essence сјај за усни
    Чинам, овој ми го дадоа за подарок ако купиш одредени продукти до некој симболична сума. Кога го пробав прво многу ми се допадна убавиот мирис, а потоа ефектот, не е некој wow ама многу убаво ги истакнува усните, сјај како сјај се брише ама врз било кој кармин убаво стои. Јас си купив уште една нијанса плус.
    [​IMG]

    4. Essence мат кармини за усни
    Овие дефинитивно ги обожавам. Имам три нијанси, башка под маска не се брише што значи се долготрајни, јас ги ставам врз кармини никогаш самостојно така да немам проблем со сушење на усните. Во план сум да земам уште две нијанси.
    [​IMG]
     
    На mssuniquee, marchi-cool, f.girl и 9 други им се допаѓа ова.
  2. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Тотално изненадена од декоративната козметика на алверде :) Имам порано користено пудра од нив, ама бев многу незадоволна поради cakey изгледот кој го добивав на кожата. Поради тоа што периодов сум цело време со маска надвор од дома, решив да ја земам новата perfect cover foundation како полесна опција за кожата и да ја користам само како коректор...и скрос се изненадив :) Ќе ја тагнам и @Mishela бидејќи целосно се сложувам со нејзините рецензии за минатите пудри на алверде и јас тој период се откажав од идејата дека некогаш ќе користам пудра без силикон бидејќи ефектот беше далеку од посакуваниот. Не знам дали промениле состав на пудрите, ама квалитетот е драстично подобар. Не се собира во тенките линии под очите, ја испробав низ цело лице како пудра и резултатот беше фантастичен, покривноста е феноменална. Најбитно, нема никаков cakey ефект, кој секогаш го имав со нивните пудри. Ја користам заедно со камената од истата линија и ептен сум задоволна. Да напоменам дека јас сум во категорија на девојки со проблематично лице, не премногу но немам совршен тен и баш затоа многу е тешко да погодам пудра без силикони која стои толку добро на лицето. За таа цена вреди да се проба, дефинитивно па макар да се искористи само како коректор заради покривната моќ :)

    [​IMG]
    Вториот производ е маскара, повторно на алверде. Периодов се шминкам минимално, бидејќи нигде и не излегувам и се решив да дадам шанса на некоја од новите маскари на алверде. И да, повторно се изненадив ептен позитивно. Претходно ја користев eyeconista на catrice, супер маскара е али можам да кажам дека и оваа на алверде не е далеку од квалитетот и ефектот. Има силиконска четкичка, трепките ги одвојува многу добро при нанесување. Реално нема некој woww ефект ама ги истакнува трепките и делува сосем пристојна за дневен (па и ноќен) изглед. Порано ја имав користено маскарата за вволумен на алверде со обична четкичка, ама оваа дефинитивно многу повеќе ги истакнува трепките. Имаат солиден избор на нови маскари, дефинитивно ќе пробам уште некоја во иднина, можеби таа со false lashes effect, на рецензии изгледа одлично.


    [​IMG]
     
    На koritsaki, dayla, poppie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    6.527
    Потпишувам за пудрава. Преубава е! (y)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    712pUMZckfL._SL1500_.jpg
    Супер апаратче за хигиена на лице. Има 5 дела кои се монтираат на главата од продуктот. Дел за масажа, дел за вадење шминка, дел за стругање пети, за миење лице и нанесување на крем. Има две брзини. Работи на батерии. Го користам најчесто за масажа после апликација на крем. Лицето после него е одморено и благодарно:) Одлично за релаксација и разубавување.
     
    На koritsaki и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    10.706
    Пол:
    Женски
    Од каде и цена?
     
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Го има и на АлиЕкспрес, ама јас го купив од нама.мк. Мислам дека беше 500-600 ден, ама мислам.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Ја имам пробано пудрава и ниту ми одговара, ниту ми се допадна. Одамна престанав да се замарам со овие ситници кај пудрите, па користам само тоа што ми одговара. Доволно беа експерименти и безвезе фрлени пари. :)
    Супер што ти се погодила. (fingers)
     
    На Flower27, k.i.m, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    1. Гел за туширање од Авон, со мирис на праска и ванила
    Премногу ги сакам овие гелови, мирисот им се задржува долго, убаво чистат, нормална цена имаат. Периодов го користев овој од праска и иако бев скептична, преубаво мириса. :inlove:
    prod_1221986_1_613x613.jpg
    2. Лабело за усни од цреша
    Периодов имам многу суви усни, лабелово ме спаси. Со преубав мирис е и остава нежно розови усни кои изгледаат здраво и пополнето. Околу 110-120 денари.
    20201231_160852.jpg
    3. Шампон и регенератор за коса Head & Shoulders од кокос
    Всушност, користев ваков шампон и обичен и од лимон, лаванда, зелено јаболко... Овој од кокос ми има најубав мирис, затоа го ставам него, но и другите се супер. Порано ми правеше првут овој шампон, но сега не. Косата не ми се мрси 2 дена после миењето (што претходно тоа не беше возможно, после 1 ден беше мрсна).
    Регенераторот е исто така многу убав, лесно ја расчешлува косата, не треба колема количина, не ја мрси и долго трае едно пакување.
    20201231_160838.jpg
    4. Лак за нокти Trend it up
    Мислам дека од фирмава немам користено претходно ништо, колку што се сеќавам. :?:
    Позитивно сум изненадена од лаков, овој конкретно е во темнозелена боја со светки (број 171), ми стоеше на ноктите 4 дена без да се помрдне а се отепав од работење тие денови. Дури како гел лак иде. Го купив од ДМ, цената му беше 150 денари.
    20201231_153839.jpg
    5. Лак за нокти Golden Rose metals
    Голем фан сум на металик лакчиња. Овој е небесно сина боја со светки, нежно изгледа, траеше 3 дена. Бројчето му е 114. Купен е од ГР, 70 денари.
    20201231_161358.jpg
     
    На GrimTheReaper, marchi-cool, Cherry blossom89 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Spot treatement за акни од Lea со камилица и чајно дрво, делува преку ноќ, презадоволна сум
     
    На poppie, koritsaki и EMoonlight им се допаѓа ова.
  10. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    1.Гел за чуствителна кожа на биодерма.
    Многу ми се допадна гелов, многу убаво го чисти лицето и воошто не ми е суво лицето после него.

    AFE4F206-C101-43DE-BC59-07865F60C627.jpeg
    2.Catrice маскара
    Фаворит ми беше Maybelline Lash SEnsational, а јас имам проблем со тоа што имам долги трепки ама тешко се виткаат...маскарава ми е преубава
    B65212B3-62C1-4347-AD02-06EF789DA47E.png
    3.Пудрава ја купив бидејќи ја видов и сакав да ја пробам.Лесна пудра со средна покривност, може и да се надоградува за целосна покривност.Единствено што не ми се допаѓа е тоа што кога носам маска ми се трга пудрата од носот.За мрсна кожа воопшто нема да одговара бидејќи лицето после некое време многу ќе добие сјај.
    4723A249-A7B4-4BC1-B9B2-D39E23E83A93.jpeg
    4.Појак пилинг, но после негова употреба ја чувствував кожата многу мека а и хидрирана.За цената е без конкуренција !!
    490AD3E5-D1FD-4E59-ADB1-6A44E6160992.jpeg
    5.Сув шампон за плава коса, немам ништо друго да пишам освен што си ја врши многу добро работата и косата воопшто не изгледа мрсна.
    6ECF7657-F40F-4A6A-82F0-25150FF9E16A.jpeg
     
    На tinka-mace, jarec6, EMoonlight и 3 други им се допаѓа ова.
  11. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    1. Златната маскара на ГР
    Најубавата и најдолготрајната маскара што ја имам користено. :inlove: Не се суши, не се пресликува, четката е одлична за сите видови трепки, но за моите кои се природно долги и извиткани прави чуда.
    2. Нивеа дезодоранс
    Не се потам многу, но од некои други дезодоранси често се случувало да замирисам некако чудно, на самиот дезодоранс и пот :puke: Но, од овој дезодоранс на нивеа сум презадоволна..поготово што е период на носење долна маица, дебел џемпер и јакна :D
    3. Балеа крем за тело од кокос
    Читав многу поделени за него, ама мене ми е одличен. Има лесна структура, за љубителите на кокос мирисот е :inlove:, има малце потешка структура што потешко се размачкува ама кожата ми е 2 дена хидрирана од глава до пети, дава убав сјај на кожата и мирисот се задржува неколку часа.
    4. Балеа пилинг со алое за комбинирана кожа
    Има убава леплива структура, со мали сини гранули кои нежно го чистат лицето. Ми се допаѓа што не ја пресушува кожата како пената од истата линија. По користењето, лицето е меко и нежно на допир.
    5. Лореал спреј за коса
    Мислам имав напишано, ама морам пак :D Ова е трето шишенце што го купувам и немам намера да го сменам. Преубав мирис, косата е мека на допир до следното миење и што ми е најважно воопшто не ја масти косата дополнително. Го препорачав на неколку другарки, го делат истото мислење (fingers)
    6. Глден Роуз ХД пудра
    Ја купив пред се заради тоа што е навистина цената е смешна и заради тоа што беше доста фалена тука. Немав високи очекувања, иако ГР како бренд го обожувам, но пудрава ми ги исполни сите очекувања кои ги имав како претходно искуство со доста поскапи пудри. Имам комбинирана кожа, која на периоди знае да се понаша екстра масно :worried: ама со пудрава мислам се тоа си се држи под контрола. Светнувам после неколку часа, има средна покривност, ја земав нијансата 106 по препорака на продавачката дека најмногу им се трошела и била најприродна. Прво мислев ми е темна, ама послето увидов дека е океј. И да, најбитно од се е што не оксидира (y)
    7. Нуа Нуа паста за заби
    ПРЕ ДОБ РА (y) Ефектот за побели заби се забележува по првото користење, остава свеж здив и дури мислам дека има некое антибактериско или антивоспалително влијание бидејќи имав некој проблем со јазикот што сега гледам дека е доста подобрена ситуацијата.
    8. Др Витон витамин Ц серум
    После одреден период во кој лицето ми беше пречисто ( и јас се чудам како бев благословена тој период :^) ), лицето почна да ми се нафрла ненормално на сите можни делови. Чело најмногу, брада, образи буквално сегде. Го земав серумот чисто да видам каков ефект би имал на моето лице и мојата состојба, со што првата недела веднаш видов дека лицето ми е освежено, некако кожата ми делуваше поубава ама состојбата со акните не ми се подобри. Помислив дека е од серумот демек ја влошува веќе настанатата состојба и го прекинав во период од 10 дена.. Во тие 10 дена лицето дефинитивно ми полуде :worried: Огромни поткожни акни, црвенило..Сега повторно го користам еве веќе се на се околу 2 месеци и можам да кажам дека квалитетот на кожата ми е значително подобрен, пегите на носот ми се поизбелени, црнките ми се помалку видливи и како најважно од се тврдам дека помага во избелување на флеките од акни и нивниот процес на заздравување. Претходно беше потребно 2 месеци за да се изгубат целосно, сега тој процес трае 2 недели максимум. Биодевојка рече состојките се океј, го проверив кај сите блогерки и страни за состојки, сосема е океј. Не оксидира, не менува боја, соодветно е спакуван во темно стаклено шише со практична пипета. Иако имам 22 години и се препорачува како анти ејџ серум, така и всушност пишува не него, мислам дека главната функција му е избелување на флеки и пигментации, а потоа давање здрав и свеж изглед на кожата (y)
     

    Прикачени фајлови:

    На marchi-cool, koritsaki, P.S.love и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Ова масло го користам како масло за отстранување на шминка.Не е наменето за лице и остава мрсно ако се измие само со вода, па затоа после него мора да се стави некој чистач на база на вода.Го видов кај некоја блогерка во Србија.Презадоволна сум, одлично ја "топи" шминката и што е најважно за мене воопшто не ми смета на очите и не ме пече.Го користам неколку месеци.Купено е од дм околу 100 денари.

    493AE42A-6FBC-4F1E-9FB8-2FD00CDBFEE4.jpeg
     
    На eli25, Anna-Banana, Aschenputtel и 5 други им се допаѓа ова.
  13. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    2.584
    [​IMG]
    Маскарава е една од најдобрите што сум ги користела до сега, а многу ги има. Трепките се прекрасни со еден слој а вториот веќе дава ефект на вештачки трепки, дава интензивна црна боја, издолжува и извиткува. Се што ми треба од една маскара, а цената е повеќе од одлична.

    [​IMG]
    Долготраен и не се размачкува под маска. Мала маана му е што доколку се нанесе самостојно може да ја исуши устата ама јас ставам лабело пред да го нанесам и немам таков проблем.

    [​IMG]
    Откако ќе го нанесам ми ја омекнува устата во истиот момент и ја одржува хидрирана.
    [​IMG]
    Во последно време многу ми се суви стапалата а кремава ми е откритие. После неколку дена користење се вратија во нормала.
    [​IMG]
    Салицилната многу ми помогна во намалувањето на себумот, приметувам дека откако ја користам не светнувам толку на Т-зоната и исто така ми дава онаков healthy glow. Периодов поради носењето на маски често ми се случува да ми се појави по некоја голема поткожна бубуљица на брадата, и после нанесувањето на салицилна, веќе наредниот е значително намалена.
     
    На eli25, dayla, GrimTheReaper и 10 други им се допаѓа ова.
  14. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    2.584

    Не знам зошто сега не ја дава сликата од маскарата. За оваа станува збор
    [​IMG]
     
    На jarec6, koritsaki и poppie им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    96.656
    Polish_20210114_175120804.jpg

    Не знам зошто не го пробав порано. Никогаш не сум имала проблем со лицево, се до оваа пролет кога почна да се иритира многу лесно, црвенило, чешање...
    Успеав да го смирам некако еден период, за сега пак да ме снајде истото, а баш сега водам најголема грижа за кожата од било кога во животот.

    Во очај што да превземам, го зедов маслово. Додадов 5-6 капки во дневниот крем (може и во тоник/лосион или како spot treatment) и буквално после само две аплицирања од кремот, лицето ми се смири. Пак имам лице кое не е вцрвенето и не ме тера да копам со прстите по него.
    Мислам дека нема никогаш да престанам да го користам чудово.

    Супер сестрано масло со антифунгално и антибактериско дејство. Ептен го препорачувам на луѓе со проблеми со кожата.
     
    На eli25, OmniaVanitas, dayla и 10 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    1. Natura Siberica Sophora Japonica face serum

    Овој серум го користам скоро два месеци и сум презадоволна. На почетокот резултатот не беше нешто воодушевувачки не забележував многу разлика. Пишува дека ги намалува порите што и е точно, не баш целосно но задоволувачки. Продуктот е со органски состојки па одлично се вклопува со ноќната крема.
    [​IMG]

    2. Revolution by Tammi eyeshadows pallete
    Оваа палета ми е палета на годината, сите сенки се пигментирани.
    [​IMG]

    3. Urban Decay eyeshadow base
    Не жалам за парите воопшто, нарачав уште еден за залиха. Предобра база трае додека не ја избришеш со масло или eye makeup remover.
    Има повеќе вида од оваа база, јас го имам оригиналниот.
    [​IMG]

    4. Catrice luquid lipstick
    Подолу ќе има слика од овој продукт. Поточно барав оригинал црвена боја на кармин, па на прв поглед ми се допадна овој. Нанесувањето е практично, се суши брзо и не остава трага на чашите. Траен е, не се брише лесно, јас самостојно не го тестирав туку врз кармин па така не знам дали ги суши усните. Проблем е што не е баш ефтин.
    [​IMG]


    5. Gold snail eye patch
    Овие за под очи ми се омилени бидејќи ми ја намалуваат подуеноста на подочниците. Ги земав од една корејска продавница ко за прв пат ми се допаѓаат. Сега не знам дали треба да ме пецкаат по малку додека ги држам едно 30 минути плус даваат чувство на ладен ефект, но многу ми се допаѓа ефектот после нив.
    Ова е слика од нет, но тие се.
    [​IMG]
     
    На eli25, tinka-mace, Katie90 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.524
    Допаѓања:
    201.559
    Пол:
    Женски
    Лавера пена за лице за сензитивна кожа
    [​IMG]

    Ја начекав на попуст во Белина пред Нова година, од околу 700 денари намалена на 480-490. Задоволна сум. Кожата после пената е мека, нежна и чиста, не ја иритира дополнително ниту пак ја суши, пак би ја нарачала.

    Крем за лице со витамин А на True Alchemy
    [​IMG]

    Ја користам веќе подолго време, од ноември навака. Иако пакувањето е мало, бавно се троши, а и не ставам постојано. Обично навечер ја користам, веднаш по нанесувањето кожата е мазна и со сјај, а со подолго користење видливо е намалувањето на брчките, порите и флеките. Недостаток е мирисот, навистина лошо мириса, ама за среќа не се чувствува после нанесувањето на лицето.

    Шампонот на Уртекрам green matcha
    [​IMG]

    Чиста коса која побавно се масти. Мирисот на почетокот не ми беше убав, ама со тек на време се навикнав.
     
    На duffi, душленце, eli25 и 15 други им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.546
    Допаѓања:
    106.262
    Пол:
    Женски
    Thierry Mugler Angel (парфем и крема)


    Сетот од парфем и крема ми ги имаа подарено за НГ. Мирисот е сладок и многу траен , овој е мој најомилен парфем евер. Кремата исто така прекрасно мириса баш исто како парфемот , ставам сосем малку и мириса цел стан баш како парфем да си ставила. Ќе го купувам засекогаш.
    [​IMG]
    La roche posay Cicaplast baume B5
    [​IMG]
    Кремава ја купив за помалата ќерка , ми беше страв да не и се појави атопичен дерматит , но среќа немаше ништо од тоа. Од ладново почнаа многу да ми се сушат рацете и колената дури ми се распукаа , и можам да кажам дека кремава е прекрасна , лек за сува кожа. Ако имате пресува кожа ви ја препорачувам со целото срце. Премногу ми помогна , а имам купувано креми од Organic shop , The body shop , Lush , ниедна ми нема помогнато како оваа.
     
    На kim.k, Lavender4, eli25 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Користам неколку производи за нега на лице, но немав користено никакви лосиони и тонери.
    Решив да пробам, и одлучив да ги земам овие два.

    Фантастични се. Иако користам серуми и креми, лосионот/тонер на Натура Сиберика многу ми го омекнува и освежува лицето, не го мрси и помалку светнувам.

    Од Hylamide тонерот забележав мала разлика во порите, меѓутоа претпоставувам дека треба да го користам 3-4 месеци за вистинскиот резултат.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На GrimTheReaper, sweet-cherry, EMoonlight и 7 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    1. Carolina Herrera Good girl perfume - Classic

    Овој парфем ми е омилен бидејќи е многу траен, со денови. Овој месец сите ми го пофалија и ме прашаа кој парфем користам.
    3E8DD796-4A13-4AC8-BFF6-768D7DCEC3F3.png

    2. Essence pretty natural foundation - 110
    Оваа пудра ми се допаѓа многу, иако не очекував нешто вау. Имам комбинирана со мрсна и ја тестирав со и без база. Таа има средна текстура со мат финиш и можност за надоградување. Малку е тешка за нанесување,па препорачувам сунѓерчето да го намокрите со вода па да нанесете од пудрата. Трајноста во изобилие е одлична и во двата случаи, само и недостасува фул покривност. Не сум приметила да ја суши кожата или пак да ме исфрла, сепак многу ми одговара.
    0A3B1E59-A390-4EE5-9D44-D1A581D83854.jpeg

    3. The body shop makeup remover
    Ова масло е вегански продукт односно не содржи хемикалии и други отровни состојки. Одлично ја чисти шминката особено шминката од очи и не создава иритации или пецење. После нанесувањето се измива со вода.
    F6661B00-D3B7-477C-AB6E-E9EA37ACFF64.jpeg

    4. Natura Siberica micellar wate/lotion
    Овој продукт исто како и горниот има задача да го чисти лицето од шминка,само што овој дава мат ефект. Со едно сунѓерче вади се,што е одлично според мене па и покрај тоа дава свеж изглед без мрсен сјај. Наменет е за комбинирана со мрсна т-зона и мрсна кожа.
    09E100DB-9CCA-4352-B8EB-8536DE170A69.jpeg
     
    Последна измена: 30 јануари 2021
    На christinnn, marchi-cool, GrimTheReaper и 16 други им се допаѓа ова.