Од секогаш сум ги избегнувала продуктите за чистење лице како гелови и пени, од причини што ми предизвикуваа несакани реакции на кожата. Но, иако е рано за да говорам за неговото дејство, јас сум запрепастена колку е прекрасно ова чудо. Прво, самиот мирис, ми создава некој зен ефект. Иако самите мириси за некои се агресивни, нема такво нешто во овој продукт. Во самата смеса има гранули, но воопшто не ја иритираат кожата. Лицето после него мириса феноменално, чисто, мазно, радијантно, едноставно нирвана. И патем, ми излегоа неколку акни, сега ги нема. 10 од 10 оцена. По препорака на некои членки го купив лабелото на Еуцерин. Има супер цена, не е скапо. Усните почнаа да ми стануваат суви и испукани, но само за еден ден, омекнаа и немаше ни малку трага од неубавиот изглед на самите усни. Следно е серумот на Еуцерин. Има воденеста конзистенција. Јас пак со мирисите, но мириса одлично и доста брзо се впива во кожата. Во комбинација со Vichy кремот за лице, се будам со нов изглед. Бела кожа, одморена и мека. И последното е крем за лице на Еуцерин со мат ефект. Пакувањето е хигиенско, без да може да го контаминираш самиот продукт. Не ја иритира кожата, навистина изгледа како да е тазе измиена, без масен изглед. Од сите продукти сепак најголем впечаток ми е гелот на Estee, го обожавам, a must на мојата полица.
Јас го имав гелот-маската за лице од Есте , и тој беше убав, ама баш наредно ќе го пробам и гелов со гранули. Фала што сподели
1. Масло/капки за многу сува и оштетена коса - GLISS Daily oil-elixir - Најдоброто нешто! Имам виткана коса, фарбана и ова е единствениот продукт после гооодини трагање кој ми направи промена! Има подобрување уште при првите нанесувања! Јас ставам на мокра коса после чешлање и уште еднаш после сушење со фен, и потоа секој ден/секој втор од сабајле пред искачање од дома. Топла препорака жени, чекам ваши искуства. (Од дм ми е купено). 2. Крема за раце на Евелин - препреубав мирис и рацете се мн меки по неа и мирисаат цел саат отпосле. 3. Крема за тело - одлично впива и кожата е мека саати после користење
Не е баш стандарден продукт, туку четка за коса. Инаку секогаш после бањање морам да ставам спреј за расчешлување, затоа што целата ми е тутканици. Чешелов е тотално лудило. Ќе издвојам неколку прос и конс. Прос -Лесно ја расчешлува косата, без дополнителни средства за отплеткување -На четката може да има само едно паднато влакно, за разлика од другите четки што собирам цела рака. -Не кубе. Конс -Поскап за разлика од другите, но се исплати на долг рок, затоа што се штеди на други продукти. -Нема рачка и малку е понепрактичен за користење. Сума сумарум, доста сум задоволна, со оглед дека не очекував да осетам бенефит. Одличен и за мали деца, на кои чешлањето им е сцена од хорор филм.
Не знам искрено, ама како што гледам слични запци има. Мојава од ДМ ја земав. А и марката е друга, Тangle Тeezer се вика.
Ги има повеќе видови оние што се за мокра коса обично се со долги рачки. Штета што кај нас ги нема сите видови.
Moroccanoil treatment Јас го имам истово, само помало шишенце од 25мл. Има и едно light ама тоа е за тенка/плава коса. Го нанесувам на следниот начин, косата е полу засушена , ставам неколку капки на дланките и нанесувам на косата од пола коса па надоле. Потоа ја сушам со фен и е многу убава , сјајна косата. Не ја масти во никој случај. Urtekram fresh mint паста за заби Презадоволна сум од пастава за заби. Не знам дали помага околу белеењето на забите, ама дава многу свежина и плус е природна Urtekram rasul shampoo за волумен Овој шампон го користам веќе месец , го користам деновите кога косата ми се мрси повеќе и ми треба волумен. Убаво ја чисти косата и потврдувам дека дава волумен.
1. True Alchemy Proteins Cleanser fluid Овој гел за миење лице е одличен за комбинирана кожа пред се затоа што длабинско ја чисти кожата и не дозволува себумот да ја надмине својата границата. Не дава чувство на затегнатост но најбитно не ја суши. Минус е само што има чуден мирис. 2. True alchemy caffeine + vitamin P Свесна дека може ништо нема да ми помогне против темните кругови под очите,го земав да пробам. Има чудни состојки како гранули во пипетата но да ви кажам искрено чудово малку ми помогна. Јас ставам по една капка и нежно масирам да се впие. Ми се намали бојата за некоја нијанса па сметам треба повеќе време. 3. Pulpe de vie eye care&mask, cream Едната тубичка е крема и маска,а другата само крема. Првата ја нанесувам навечер,а втората наутро. Со комбинација со кофеинот или без него добивам длабоката хидратација, ефект на одморени очи, намалена ми е темната боја под очите.
True alchemy hyaluronic acid 3% Тhe oridnary Hyaluronic acid 2%+b5 Πрекрасен производ , дава хидратација на кожата , не ја мрси , посебно ми се допаѓа многу како е спакуван производот , во вид на шприц наменет е за сите типови кожа , мојата кожа е комбинирана-масна дехидрирана и многу ми одговара истово ќе го кажам за другиов производ на Тhe ordinary , нема голема разлика во процентот и исто си ја рши работата како горниот производ - Shiseido expert sun aging protection lotion face and body spf 50 Го ставам во иста група со кремот за лице на Ла роше , дури овој на Шисејдо уште повеќе ја регулира маснотијата на лицето. Не светнувам цел ден , со две раце потпишувам колку е добар.Исто е добра подлога за под пудра. Кремата е доста течна и може да се користи и за тело и за лице , ма да за тело јас би сакала нешто похидратантно. Ова е идеално за лице. Нема грешка за кремите со спф од Шисејдо. Имам користено порано и пудра со спф50 и таа беше така добра. Мирисот е исто прекрасен , на манго. Се зезнав што го земав пакувањето од 50мл , имаше и од 150. Цена- со некој попуст на notino.gr 13 евра / 50мл Estee Lauder Advance night repair serum - Со 50% попустиве се решив да му дадам шанса уште еднаш на серумов од ЕЛ , разбрав дека излегол нов во продажба па решив да го пробам. Овој пат ќе кажам дека сум презадоволна , убаво се впива во кожата , нанесувам три капки на целото лице и вратот и веднаш се впиваат. Минатиот ми оставаше некое лепливо чувство и воопшто не ми се допаѓаше. Сега немам некои очекувања , гледам подобрување на тенот, кожата е мека нежна како свила, се надевам дека ќе помогне против создавањето на првите брчки и против стареење на кожата. Друг сличен кој исто така го користам е овој на The ordinary кој што м исе потроши и не ми се чекаше па го земав овој на ЕЛ станува збор за buffet + copper peptides 1% ,слично очекување имам и од него , за жал се потроши и пак секако би го земала. И на двата серуми мирисот им е па ако имате проблем со ова, прескокнете ги. Јас се навикнав веќе Цени - Estee Lauder ANR - 30 ml - 49 евра The ordinary Buffet+copper pepetides 1% - 28.90 евра
Ова маска за коса е одлична, пишував еднаш за неа во соодветна тема. Ја користам скоро месец дена,има чуден мирис како на манго но јас се навикнав. Да појаснам: Имам густа коса со мрсен скалп и суви врвови. Се фарбам па така да надоле ми е сува. Пишува дека може да се користи за цела коса така што ја тестирав и така,но резултатот не е баш најдобар па решив да се вратам на првичниот чекор да нанесувам на пола коса без да го допирам коренот. Многу ми се допаѓа што во текот на измивањето косата е мазна и мека,а од кога ќе се исуши изгледа здраво и свежо. Приметив дека помалку ми се мрси сега од вообичаено како и врвовите не се суви. Топла препорака.
1.Лесно за користење, евтино и пријатно. Баш сум задоволна. Има ситни гранули, и со лесна масажа го чистам лицево. Инаку имам нормална кожа со благо мрсна т зона. 2. Ако косата ви е мнг оштетена, сува и фарбана топло го препорачувам шампонов. За луѓе кои имаат нормална или не мнг фарбана коса (како мојата) не баш, бидејќи брзо се мрси темето и станува тешка од преголема хидратација. Затоа и ретко го користам шампонов ама пак одличен е
Ја на има на сајтот на Белина,сега имаш попуст види која цена е. Задно кога проверив беше 805 денари.
Долго време барав шампон што ќе одговара на мојата коса. Се имам пробано, најголем дел од шампоните се преинтензивни и ми ја сушат косата. Имам тенко влакно кое е многубројно Случајно го купив шампонот и регенаторот во комбинација. Презадоволна сум ми ја прават косата сјајна, мека. После тоа искуство ја зедов и маската. Го видов попустот на bellina и си нарачав шампон и регенератор coconut&shea кога ќе пробам ќе споделам искуство
После 4 години интензивно барање крема која ќе одговара на моето лице конечно најдов. Претходно користев Nivea mattifying, ми беше супер, ама оти полна хемија, сакав да преминам на нешто поприродно. Откако поминав доста креми и природни па и помалку природни, сфатив дека таква лесна текстура на допир како Нивеата каква што барав нема да најдам меѓу природните, можеби баш и поради тоа што се природни. Да не должам, откако ја поминав популарната calming на конопка и ред други на Натура Сиберика, оваа дефинитивно е нешто најдобро. Natura Estonica Iceland Moss, oil control. Го имам и тоникот и заедно во комбинација се топ. Имам комбинирана до масна кожа, сеуште е рано да видам некоја разлика кај себумот, ама како ми легнува на лице е топ, баш она што барав. Дава некое пријатно освежувачко чувство, задоволително лесна текстура има бар по мој критериум, убаво се размачкува и впива. Чекам да ми заврши гелот за миење, па да го пробам тој од истава линија. А исто и би докупила за проба се што има од линијава. Знам дека секое лице е различна прикаска, ама дефинитивно ги препорачувам производиве да ги пробаат оние со комбинирана/масна кожа.