Remington сет за стилизирање на коса Ова не ми е откритие на месецот, откритие на годината ми е. Косата ми изгледа како да сум искочила од фризер со фен четката, а со фигарото се прават преубави локни. Воопшто не користам преса за коса, со овој сет се може да се постигне, од ефект на фенирана коса до локни. Чист Глицерин Мака мачам со испукани раце во зима дури и со ранички ми се прават. Сум користела секакви креми и дејството им поминувало по неколку саати. Откако почнав да користам чист глицерин, рацете ми се многу меки, ги мачкам само пред спиење. Дури се случува некогаш да заборавам да ги намачкам и следниот ден повторно се мазни и меки. Алверде шампон и регенератор од авокадо Косата никогаш не ми била толку свилена како со овој шампон. Многу ми се допаѓа што е природна козметика, што не содржи силикони, а притоа ми ја прави толку мека и свилена косата. Единствена маана е што е мало пакување па многу брзо се троши.
1. Лореал Дрим Лонг шампонот Кога го купив многу се премислував бидејќи е богат со состојки што ја хранат косата и мислев дека ќе ми ја масти. Исто така и структурата не е како на останатите шампони, односно е полеплив, погуст не е воопшто течен..некако како балзам има структура. Но, ептен сум задоволна бидејќи косата не ми се масти повеќе од вообичаено, мирисот се задржува 2 дена и косата ми е сјајна и мека од коренот до врвовите. 2. Рицинусово масло Го нанесувам на трепките и веѓите во просек 2 пати дневно со чиста четкичка од маскара и сум презадоволна. Резултатите се гледаат за неколку дена. Трепките ми се значително погусти и подолги, веѓите кои претходно ми беа за никаде сега буквално имаат нова форма и немам веќе дупки низ нив 3.Алверде крем за под очи И се падна на сестра ми на дарување, ми го даде чисто онака да го пробам пред да заврши в канта. Прв пат користам вакво чудо, и ќе го наречам чудо зошто рапавата, темна кожа под очите уште со самото нанесување се менува. Кожата е мазна, подочниците се намалуваат. Мирисот е океј, бидејќи повеќето ствари на алверде мене не ми се свиѓа како мирисаат. 4.Неутрогена Хидро Буст гел крем Најдоброто го оставам за крај Господ здравје да и даде на @IM.TMKQ После 100 години користење масла за лице, и безуспешни проби на креми кои СТРАШНО ме исфрлаа, решив да побарам совет од некој со иста мака како мене. Односно, кожа склона под акни со масна Т зона, односно комбинирана, без сјај, со доста флеки и црнки. Ја купив кремава, со никаква надеж мислејќи дека ќе заврши ко и сите други ( кај баба ми или кај мајка ми ), НО кремава е ПРЕДОБРА По само 1 недела можам да кажам дека имам сосема нова кожа на лицето. Ниедна нова акна ми нема искочено ( а периодов што помина секој ден се будев со 2 3 нови ), кожата е нахранета, хидрирана, мазна, флеките се доста намалени, тенот ми е некако изедначен и сите ја приметија таа разлика. Пресреќна сум што ја пронајдов и што ми одговара. Структурата делува доста тешка и масна, но воопшто не е таква бидејќи со самото размачкување се впива во кожата, буквално се претопува. Причината се одлучив да ја земам е што нема мириси и алкохол. Цената се движи од 900-1300 денари, со што најевтина е во Еурофарм.
Natura siberica the northern collection - бел путер за вадење шминка Веќе имам пишано на темата за производи за вадење шминка за белиот путер од Натура сиберика. Немам зборови, ова е најубавиот путер што го имам користено на лицево до сега. Го користам секој ден , бидејќи нанесувам преку ден крема со спф секако, лицето го чувствувам чисто само со миење прво со ваков производ, па потоа го мијам со гел за лице иако можам да кажам и нема потреба, бидејќи лицето е мат и не е воопшто мрсно. Овој путер е наменет за комбинирана -масна кожа. Шминка фул вади одлично. Во допир со вода се претвора во млеко и многу лесно се вади, притоа не е масно воопшто лицето. Мирисот исто така е фантастичен. може да се најде во Белина.
Се согласувам целосно. Сега ми е криво што не си земав уште еден додека беа на попуст. Јас не измивам после тоа со гел, мислам сосема доволно е. Поминуавам само со тоник и туферечето е чисто, значи не останало ништо од шминката.
Презадоволна сум од шампонов. Не ми ја масти косата и дава волумен на мојата слаба и кршлива коса. Дефинитивно би купила уште едно паковање
Не само што самото тоа мириса преубаво, туку после и кожата ми мириса како на лето, на плажа и баш долго се задржува мирисот.
Дефинитивно најдобриот крем за околу очи што до сега го имам користено. Има до некаде прашкаста конзистенција, брзо упива и се забележува белеење на пределот под очите. Не знам дали брчките се намалени, но ги прави скоро невидливи кога ќе се нанесе. Од целокупниот пакет што го купив, овој крем вреди најмногу.
Natura siberica 10 icy berries - прекрасен пилинг со прекрасен мирис,го користам веќе месец и многу сум задоволна , навистина убаво ја чисти кожата и е мека потоа да не мора да нанесуваш лосион за тело.Главните состојки се- сибирска јагода, масло од боровинки , црна рибизла , јагоди , брусница + витамин Ц. Пилингот е прилично јак (во составот има и шеќер) па секако се нанесува на мокра кожа. Natura siberica (super siberica) - kedr , rose , proteins Пред да го купам , мислев дека е маслен производ , но увидов дека е течност со лесна структура. Мириса свежо , на бор , лимон , не можам да одредам ваков производ немав сретнато до сега , се работи за производ составен од сибирски кедар , кој кога го нанесуваш на косата (се нанесува на цела коса од коренот до врвовите) при допир навистина се чувствува дека косата е погуста , навистина дава волумен и сјај. Мојата коса е кратка моментално и не знам дали е до тоа што кратка ми е косата или навистина помага да косата добие поголем волумен кој трае додека не ја измиеш косата. Навистина одличен производ. Dr.Konopka deep cleansing - пилинг за мрсно лице со ѓумбир , прав од семе од кајсија и масло од жалфија , пилингот е одличен , не е груб , одлично ги чисти порите , јас сум презадоволна. И количината на пилингот е 75 мл така да ќе ви трае прилично долго
Имам мрсна кожа, сум пробала разни производи. Решив да ја земам пенава, задоволна сум. Ми ја прави кожата на лицето мека без да ми ја пресуши
Презадоволна сум од шампонов на Лавера. Убаво ја измива косата, ја омекнува и дава многу убав природен сјај. Регенераторов го користам веќе неколку месеци. Мириса преубаво и дефинитивно гледам разлика на косата од кога го користам. Ја омекнува и ја прави полесна за расчешлување. Уште еден плус е тоа што шишето е големо и многу споро се троши. Гел за туширање од Планета Органика. Пренежен е и мириса прекрасно (на крем банани). Право уживање е.
Подобар пилинг за лице не сум користела. Толку ми ја прави кожата мека после миење, како бебенце се осеќам