Не знам дали некој го има пофалено ама јас сум презадоволна, мириса на кокос ама не оној интензивен мирис, по некоја минута кога ќе се впие во кожата, мирисот станува многуу нежен. Исто така и кожата е мазна и хидрирана, јас користев претходно кокосово масло органско за кожата на телото, не знам дали е можно ама како од него кожата да ми стануваше уште посува, ми се правеа лишаи на некои места од телото кои чешаа ненормално многу. Откако прекинав, со ова ми се врати во нормала. Го земав од ДМ околу 450 ден, единствена мана му е цената, инаку е супер, дефинитивно ќе го купувам почесто. Дали се наоѓа некаде за пониска цена?
Случајно ми текна да го купам за сува кожа и го користам само месец дена и сум презадоволна , го прскам на кожата директно и на косата . Дефинитивно еден од омилените производи периодов. Еуцерин лосион 10% уреа , го користам веќе пола година и сум презадоволна не го менувам за ништо. Кој има проблем со сува кожа вреди за секој денар. Дефинитивно ќе продолжам да го користам уште долго.
Мислам дека е добар за секаков тип кожа , дава свежина на кожата , на него пишува дека е за нега , заштита и за обновување на кожата.
1. Оваа маска толкуу многу ми се допаѓа, преубава е. Многу убаво ја омекнува и измазнува косата и плус преубавоо мириса. Мене многу ми одговара бидејќи не ја масти дополнително косата. 2. Оваа крема за коса исто така ми се допадна. Јас ја коростам најчесто поради тоа што штити од топлина ама убав мирис остава и ја прави косата мека и убава. 3. Пенава од Балеа ми е баш убава. Многу ми одговара на лицето иако читав доста лоши рецензии,но мене ми се погоди ептен. Имам комбинирана накај мрсна кожа и убаво го мие лицето и мене не ми го пресуши воопшто. 4. Дефинитивно гооолем фаворит ми е маскава. Убаво ја чисти кожата и ја остава мека и мазна. Прекрасна е, а предност е и тоа што има доста пристапна цена.
Мислам дека @GrimTheReaper го пофали овој шампон и решив да го земам, само неколку пати се имам измиено со него и екстра е, помека ми е косата, повеќе волумен имам, ќе видиме понатаму и за растот дали ќе придонесе, но досега сум задоволна, а сакам и лосионот за коса да го земам.
Да да, продолжи да го користиш. Ќе видиш разлика. Особено со серумот во комбинација. Преубав, нежен шампон кој ја врши својата функција за која е наменет.
Околу 2000 и нешто беше од Космо. Ама долго трае, веќе 2 месеци и нешто го користам, два пати на ден, а до пола сум. Многу малку се става, немаш потреба од повеќе, убаво се разнесува низ лицето. И сеуште стојам зад тоа што го имам напишано, преубав гел, не ја затегнува кожата кога ќе се измиеш, сеуште уживам во неговиот мирис и секако, убаво чисти и освежува. Ама за масна кожа е, ако ти менува нешто.
Прекрасен третман за кожата под очите. Има две парчиња за една употреба. Се аплицираат под очите и за 20тина минути се вадат. Има драстична разлика. Кожата е одморена и светла. Дефинитивно ќе продолжам да го користам. По препорака на членките од форумот, го купив ова средство. Не ми се веруваше колку е ефикасно. Се работи за гел кој се аплицира на самите акни. Црвенилото го намалува за еден ден, а веќе за три дена целосно исчезнува акната, што за мене е доста брзо и ефикасно, со оглед дека за нивно комплетно заздравување, требаше недела дена.
Се извинувам што цитирам во ваква тема, но од каде го купи производот и која е цената? Ти благодарам.
Ziaja маска за коса со козјо млеко и кератин. За зајакнување на сува и оштетена коса. Сум користела разни серуми, спрејови, поретко некоја друга маска за коса ама ништо не е како оваа маска на Ziaja. Откако ја избланширав последно, очекувано, се оштети влакното и почна да ми се заплеткува косата, чешелот не можеше да помине низ неа. Ама оваа маска е одлична и косата лесно се чешла и е доста помека, поздрава. Мислам дека е најдобриот производ за коса што досега го имам користено.
После не знам колку времето текстурата на кожата ми е сменета, особено голема промена забележав во порите во Т-зоната. I'm not there yet, ама кожата досега ми е во најдобро издание. Немав проблеми со пецкање до степен да не се издржува, немав проблеми со исфрлање, пресушување на кожата иако се плашев на почетокот бидејќи обично имам чувствителна кожа, но пилингов ми одговара. Ќе продолжам да го користам. Кај заштитниот фактор единствено ми смета тој некој чуден мирис што го има (не дека е јак, туку мене ми е непријатен едноставно го чуствувам), на кожа легнува совршено, како со парче свила да поминувам на лицето, пренежна текстура има, како гел е. Треба време малку да впие, имав мал проблем со пумпичката додека да се истисне, но неколку пати го протресов надолу да слезе гелот и така успеав да извадам доволна количина. Амбалажата можела да биде поедноставна искрено, но успеав да се снајдам.
Одамна го меркам заштитниов фактор, потсети ме те молам каде се продаваше? Ми се чини дека последен пат го видов во Зегин.