Јас се извинувам, морам да се умешам со едно прашање само, сапуниве се од истата фирма креми што има од козјо млеко? Тие ги имате пробано?
Мене омилен продукт не месецот, него евр ми е овој. Немам зборови колку ми е преубава кожата откако го користам, немам ниту една акна, абе мазноќа сум
во аптека ми го препорачаа како шампон за често миење на коса. месецов имав многу обврски и морав постојано да бидам средена во главата. веројатно повеќето детски шампони се благи, но мене овој ептен ми се бендиса. и косата ја прави таква мазна, свиленкаста и има нежен пријатен мирис. дури сега ги открив благодетите на Бекутан па така ова е еден од моите омилени продукти на месецов.
Ама чешлање после него, тешко богами Јас ќе го пофалам лабелцево. Прво и основно затоа што мириса ненормално добро, ти доаѓа истиот момент додека си ставаш на уста, така убаво да го гризнеш од љубов. На устата и остаа црвен убав сјај. Моментално навлажнува, а за долготраен ефект не би знаела да кажам затоа што сум завина од лабело, и само кога имам ставено на мене , тогаш не ми е испукана устата .
јас овој не го користам редовно, ептен кога морам секој ден да ја мијам косата ама со субрина или маска нема гајле за расчешлување. јас секако кој шампон да го користам не можам да ја расчешлам ако само со шампон сум ја измила.
е ова! дефинитивно се заљубив во производите на бекутан, одлични за мојата сува кожа! ма какви гелови за туширање, сапуни.. само ова.. подобра хидратација не сум добила одлично е и за интимна хигиена..
кога веќе почнавме да го фалиме Бекутан еве еден продукт за кој до скоро не ни знаев дека постои. Бекутан влажни марамици.
Cенките на Cover Girl,преубави се,лесно се нанесуваат,а и ефтинки се Cамо собирам пари за нив,да си купам уште
одамна го меркав и денеска дечко ми ме изнади, ми го купил многу бев среќна. и уште сум. само си се шлапкам, си се мирисам, да можам би се изела м м м многу ретко ептен да се сполетам вака по козметика или нешто, ама луѓе мои ја се заљубив! во мирисот, филингот на кожата после мачкање, а богами и фино изгледа, згодно му е шишенцево машала не омилен на месецов, ма омилен на годинава. просто љубов нераскинлива се роди! (не може да се најде слика на нет, па затоа го сликав да го видите. штета е вакво нешто да не се изрекламира )
Карминов го земав од Битпазар 100 денари, а на Зелен е 150 денари, преубав е, водоотпорен е, одлични нијанси има. Конкретно оваа ми е преубава. Се става прво од левата страна делот што е, течен е, се остава минута да се исуши, мат е, па може и само така да се носи. Или се става и од карминот па заедно изгледаат топ. Јас почесто ставам само од карминот зошто понежно ми е така. Трае 5,6 часа заедно со подлогата т.е делот што се суши. Ова од Авон ми е преубаво. Крема за тело, преубав мирис, брзо се впива, препорачувам!
Лосион за зимска заштита. Убав мирис има, и дава одлична хидратација на кожата. Баш она што и треба во зима. Малку е помрсен од останатите лосиони од оваа линија на Авон. Идеален е за заштита на кожата од ладните зимски теператури
Оваа крема за лице на Зиаја. За мрсна и комбинирана кожа, многу лесно се впива, со прекрасен мирис, за нецели 150 ден. од Бјути Шоп. Прекрасна, лицето за три дена се направи стакло.
Aura руменило за лице. Перфекција. Трајно, пигментирано, но не и кловновско и без астрономска цена. 221 ден. во Зегин. Јас го купив 542 мартини. Мераци. Спојлер
Кремава од Орифлејм, погодок! Прекрасен нежен мириз на роза. Иако мене повеќе ми личи како пудинг од јагода. Најзадоволна!
презадоволна од овие сенки на авон.. ги имаше само во предновогодишниот и новогодишниот каталог (за нова година) затоа што се светкави.. не се размачкуваат, прекрасно стојат, дискретно светкаат и не се пренападни.. чиста 10-ка