Имам малку време на кратко да ги пофалам продуктите што ги користев овие две недели,а ми оставија wow впечаток. Гел-кремата од Береза Сиберика која ми го прави лицето мазно и дополнително хидратирано во која комбинација со Тоникот од истата линија кој темелно го чисти лицето и спречува појава на акни ми се откритие на месецот. Пред се тоникот дава чувство на ладење кога се нанесува, а кремата уште толку и дава некој изглед на свежо лице. Многу сум задоволна и сметам дека секој што има комбинирано мрсна кожа треба да ги проба. За путерот од натура сиберика на почетокот мислев дека ме исфрла но потоа увидов дека не е од него. Одличен чистач на шминка, после него не е потребно уште нешто да се користи за да се извади шминката. По измивањето лицето е мазно. А за спрејов го користам кратко и имам само пофални зборови. Спас за исфрлањето од маскиве што ги носиме. Го обожавам се прскам секој ден после тоникот и чувството е прекрасно,не е леплив, брзо се суши и не пече на очи.
Лосионов е сон. Текстурата не му е толку густа и лесно се размачкува. Кожата ја прави мека и нежна, а мирисот е прекрасен и премногу трае. Ниту еден мирис од лосион не ми траел на кожата колку овој.
1.Novexpert Mousse nettoyante flash eclat Спојлер Веќе две недели ја користам после пената за лице на Лавера, и морам да кажам дека е подобра. Многу мала количина треба за чистење на лицето, чувството на чисто и свежина е супер. На моменти пецка, ама со масажата не се чувствува толку. После неа лицето ми е освежено и чисто, нема затегнување, нема пресушување, создава убава основа за следен производ. 2.Konopka anti hair loss serum Спојлер Го спомнав во темата против опаѓање на косата, одлична комбинација е со шампонот од истата фирма, но може да се користи и со други шампони, ефектот е ист. Не ја мрси ниту ја сплескува косата, нема јак мирис што е бонус ако маската/регенераторот што ги користите мирисаат убаво. 3. Konopka's volume shampoo Спојлер Дава волумен, косата е малку посува и покрута, но сепак нема потреба од екстра средства за омекнување и стилизирање, јас секако си користам маска за коса, плус серумот против опаѓање. Мирисот му е фантастичен, бар за мене. 4.Bourjois Eyecatching mascara Спојлер Првпат кога ја купив пред две три години не ми се допадна баш, ама со тек на време ја засакав, одлична е, ја купив уште два пати. Убаво ги издолжува и раздвојува трепките, дава солиден волумен, не се рони, не се пресликува. На почеток е погуста, повеќе се вади со четката, со тек на време станува поубава и полесна за нанесување. 5.Wet n wild walking on eggshells palette Спојлер Не сум многу по шминкањето, ама палетава ми се допаѓа, нијансите особено. Сакам понеутрални и неупадливи нијанси, овие ми се таман. И пигментираност и трајност ми се погодени.
Не забележав флеки од акните. Но, не можеш баш по надвор да го носиш, затоа што се засушува и не изгледа убаво. Јас по дома само го ставам, до три пати на ден.
1. Нежен, ја прави кожата премека и секако, ја чисти убаво. Откритие во оваа година. 2. Малку е потешко дури се нанесе, по некое време делува како "подлога" на лицето. Го штити, презадоволна сум. 3. Ми се допаѓа мирисот, не прави пена доволно и некако е смената структурата. Сепак си го сакам.
* Последните два месеца забите ги четкам со четка на Колгејт со црн јаглен.Искрено се изненадив колку е добра. Кога ја отворив дома кога видов колку и се нежни влакненцата мислев дека нема шанси да ми ги четка добро забите. Поради тоа што секогаш навечер и со конец за заби ги чистам, оваа многу подобро чисти од сите досега пробани четки. Па јас досега сум ги малтретирала забите со останатите четки, и покрај тоа што од аптека земав за меки непца, нема споредба тие со оваа. Оваа е врв, тешко дека би ја сменила во догледно време, освен што ја менувам на месец за нова, инаку ќе продолжам вакви да користам. * Листерин за плакнење уста, ама исклучиво темно зелена боја. Свеж здив, и ептен освежува, за разлика од другите од истата марка не сум задоволна како со вода да ја испираш устата. Оваа ми е незаменлива.
Нешто поефикасно за лице со црвенило, акни, нерамнини ,немам користено последниве 5 години. За две недели лицето ми е сосема нешто друго.
Јас го земав со попуст 1006 денари а редовна цена е околу 1300 мислам, слободно можеш да ѕирнеш на страната на bebe home бидејќи често имаат по некој попуст. Иначе го користам најчесто навечер и утредента лицето ми е многу смирено.