Косата после неколку бланширања ми се направи како мастика, и се правеа тутки опасни, никако не можев да се исчешлам. Маскава ме спаси, а ја купив онака дека ја видов 100денари, а не очекував ништо искрено. Сега ја чешлам без мака и без да ми остане пола коса во рака. А и мирисот
Морам да ти се заблагодарам овде, штом прочитав веднаш ја купив и маската е совршенство ! Користев pantene , gliss 4in1 protein но оваа е врв
Ми беше доделен тестер, немав во план да ја купувам tinted верзијата, но премногу се изненадив. Навидум изгледа ептен темна бојата но на лице се вклопува одлично со тенот. Бидејќи имам ептен светол тен, можеби е за нијанса потемно, но не се ни приметува премногу. Дефинитивно и оваа верзија ќе ја купам, особено за во лето. Тотално заменува цц/бб крема па дури и некои пудри со средна покривност. Финишот е некаде полумат, воошто не свети, баш се зачудив изгледа како сетирана пудра. Ја испробав некаде 3 саати на лице, воопшто не ,,мрда" ниту па се растече. Ќе пробам деновиве и преку ден, на топло, да ја тестирам издржливоста. Доволно би било само плус малку камена пудра за топло време, но и вака сосема добро сама кремата се сетира. Требаше пудра да купувам ама ова ќе ми заврши работа. Спојлер: Споредба со верзијата без боја
Ја купив кога беа попустите во Зегин, беше 549/559 така нешто, сега без попуст е накај 700 мислам ама најдобро прашај да не грешам.
LUX течен сапун Гел за туширање на сум пробала од Лукс , но два сапуна имам дома вториот и третиот од десно , таков мирис на сапун за раце не сум сретнала до сега , како да имаш ставено парфем потоа мириса цела соба. La roche posay ultra micellar water - Одлична мицерална вода , го имав купено помалото пакување колку за проба и навистина ми се допадна , ја чисти кожата убаво од шминка , не пече на очи , оваа м.вода е наменета и за тие со чувствителна кожа. Laura Mercier pure canvas primer - Базава за шминка ја користев интензивно месецов , јас го купив малото пакување што е во продажба и убаво легнува секоја пудра над оваа база. Не ги прави невидливи порите како што пишува , но шминката е потрајна и на се масти кожата толку како што би се мастела без база. Laura Mercier loose translucent powder Πудрава во прав иако ми е купена од лани , дури сега пред некој месец ја отворив за да ја користам. Да нагласам дека многу убаво изгледа лицето кога ќе се нанесе , порите ги прави невидливи , под очи кога ќе се нанесе не ги истакнува линиите , ниту при сликање не го прави лицето бело како дух , но во однос на трајност не сум и нешто ептен задоволна , дури просечна е за ова можам да кажам. Не ја користам и толку долго па може треба повеќе време да ја користам да видам како ќе биде понатаму , но ете MAC Blot за сега ми е број еден пудра доколку сакате лицето да не ви светне и е многу поевтина од оваа на ЛМ. Повеќе би пишала ов соодветната тема
Немам првут ама шампонов нема да го смемам се додека сум жива т.е додека постои! Имам испробано секакви скапи шампони.. Шо само брендот им го плаќаме.. За на крај ова откритие од *60денари* да ми биде лекот за НАЈУБАВА коса Мириса на избањато, чисто и намирисано бебенце. А, мирисот трае до следното миење. Косата ја прави мека и свиленикаста, лесна. Не ја сплескува воопшто. Јас имам строго права, нефарбана, неоштетена коса која лесно се расчешлува и со прсти. Ама ова чудо уште поубава ја прави откако ќе ми се исуши и после 2-3 саати ќе ја исчешлам. Немав поим дека се толку квалитетни, а сепак евтини. Сакам да ги пробам и другите Palmolivi.
Imav mnogu prvut, go zemav samponot i prvoto sise mi ja napravi kosata staklo , no so vtoroto sise pocna pak prvut neznam zasto taka...
Незнам зошто така, можеби шампонот не е за твојата кожа за подолг временски период па ја суши. Презаситеност на кожата. Мое мислење.
Позитивно ме изненади имам нормална кожа, со малку мрсна Т - зона и супер ми се погоди, бришам шминка а воедно и не треба после тоа да ставам крема, затоа е 2 во 1 Има и убав благ пријатен мирис, така да и понатака ќе си ја купам обавезно Пре убаво мириса шампонов, убаво ја чисти косата и свежо ми изгледа, задоволна сум и пак би го купила За прв пат го земав дезодорансов, и не ме поти, задоволна сум. Малку ми требаше време да го навикнам мирисот, баш е како на ружа ама сѐ на сѐ интересен е. Следен пат ќе пробам од другите мириси од новите Биотен. Скрабов е вау, баш погоден за мојава кожа, убаво чисти и после чистењето кожата ми е мека и мазна баш освежена
Луѓе не сте свесни како мириса ова, фантазија. Многу е големо и ќе ви трае многу време, а и не треба по многу да ставате, од малку праве пења.
Повеќето шампони ми се испробани и сите им се добри. Мирисот се задржува, не е како други шампони да ''испари'' веднаш. @IamSexyAndIKnowIt
Баш за тоа најмногу го засакав. Дури перницата ми мириса на шампонот. Утре ќе земам од некој од другите.