барав наназад да видам слика за кој шампион станува збор ама не можам да се снајдам. Може ли да пуштите слика?
Овие производи на La roche posay, ги користам околу месец. Серумот е прекрасен, веднаш се впива, не е леплив ,не го мрси лицето и е идеална подлога за шминка. Го изедначува тенот, кожата е по еластична... Единствено не знам дали ќе го потрошам за 2 месеци,пишува дека од невовото отворање з толку време треб да се искористи. По серумот ја нанесувам кремата effaclar duo plus spf 30, нешто погуста е од обичната ефаклар,одлична крема особено за масно лице. Ги користам заедно и многу сум задоволна
Пилинг за тело и лосион за тело од Зиаја. Пилингот е преубав, прекрасно мириса и не ја суши кожата, напротив, после користење остава како мрсен слој. Мене ми е фантастичен за потопло време, дури не мораш ни да ставаш млеко за тело после негово користење. Лосионот е исто преубав, одлично хидрира, а за мирисот да не зборам Мириса на благо, на сладолед, на лето
Овој ролон го користам само три дена ама веќе омилен ми е, и сега ќе си изнакупам залихи. Јас многу се потам, и никако не можев да најдам со добри состојки ролон, антиперспирант. Овие три дена на толку жешко не попушти, значи се потам ама не мирисам. Јас ни не барам нешто да ми сопира потењето затоа што тоа не е здраво ама сакав нешто што нема по еден саат да попушти. Ова од 1 до 10 чиста 10 ка
Natura Siberica Berëza Face Toner По препорака на @buba4e89 за првпат го купив овој тоник на Натура Сиберика кој воедно е и прв производ кој го имам нарачано од Bellina. Го користам скоро еден месец и сум презадоволна. Го чисти лицето, спречува појава на акни, дава чувство на ладење и свежина и најважно мојата Т-зона веќе не свети како сијалица. Во план сум наредно да ги пробам чистачот за пори и гел-кремот од истата линија. Naturalis Sugar Body Scrub Orange & Cinnamon По препорака на @Mishela и @Dodo1 го купив овој пилинг за тело од Стокомак. За количината од 300 грама и цената од 129 ден. е предобар. Има преубав мирис, остава мрсничко така да нема потреба отпосле од крем или млеко за тело и ја прави кожата чиста и мека.
1. Органик шоп пилинг за тело од малини Освежителен пилинг за тело за овие топли денови. Многу убаво мириса,по туширањето кожата е мазна и нежна, мирисот се задржува некое време само плус и дава некоја хидратација. 2. Лавера крема за лице со спф30 Кремава е многу течна така што при нејзино нанесување се нанесува мала количина и се размачкува, додека се прилагоди на вашиот тен изгледа како да е бела, и треба малку време да упие. Одлично ми се вклопува со витамин Ц бустерот на Novexpert. Јас носам цел ден додека сум на работа и не мрда,не ме исфрла, не ми го мрси лицето едина мана е што дава некој shine сјај на сонце но тоа не ми смета.
Лосион за тело -Балеа Конечно да ми се погоди некој лосион, да не остава мрсно а убаво да ја прави кожата.Кога се нанесува остава бело, но веднаш се размачкува.Нема тежок мирис и цената му е 105 денари.
Случајно бев во стокомак и го видов пилингов за тело.Мислам дека е негде околу 130 денари не ми текнува и си реков ај ќе го пробам.Лелел искрено преубав излезе, го прави телото ептен мазно, само мирисот мене вопшто не ми се допаѓа. Има уште еден тој со портокал мислам беше ама и на тој мирисот не ми се допаѓа.
Рај за коса, особено за плавуши. Се нанесува на влажна коса, лесно се расчлешува, убаво мириса и најважно не ја мрси косата. Спрејот е наменет за регенерација, спречува виткање, го олеснува фенирањето и дава сјај и волумен. Околу 400 и нешто денари во ДМ.
По препорака на @koritsaki го земав шампонов и го користам некое време и можам да кажам дека до сега од сите виолетови шампони што сум ги пробала овој ми се погоди најмногу, ми ја прави косата бела како што сакам и ептен малце се држи.
Го купив пред некое време и не ми беше пробано, дури денеска. Преубаво мириса и баш е за лето Ако се сеќавам не беше повеќе од 70 денари, не сум од град каде што има дм и не ги знам цените баш, слободно поправете ако грешам *сликата е од интернет