Цената е неверојатни 49 денари. Од скоро го користам и јас и го обожавам. Особено сега за лето го препорачувам и овој гел за туширање. Баш и по името погоден да одговара за на плажа.
Одамна не сум се вклучила од лаптоп па сега ептен мераклиски уживам и сакам да пофалам неколку продукти. Во последно време скроз ми се измени рутината освен старите продукти што ги имам пофалено тука имам и неколку други. 1. Novexpert Vitamin C booster Од овој продукт имав само тестер, прилично се изненадив од ефективноста бидејќи имав флека од акна на брадата и ми ја избели, па поради тоа го ставам тука, исто така лицето во глобала ми изгледаше хидратирано. Но сепак мислам треба да го имам целиот продукт за да напишам повеќе, иако ми кажаа дека нема потреба да се нанесува СПФ кога температурите не се екстремно високи како претходните денови, тоа значи дека е доволно само обична крема што мене одлично ми одговара. 2. Лавера крема за лице со спф 30 Оваа крема за тестирав на многу начини, некое време мислев дека и таа ме перути. Кога исфрлив од употреба еден серум таа си најде свое место на моето лице, во принцип се работи за крема која има течна текстура со светло жолта боја. Кога ќе се нанесе се прилагодува на лицето, после 5 минути се упива и има целосна заштита додека не дојде во допир со вода. Ниту еднаш не изгорев благодарение на неа, а секогаш горам на носот и образите, ниту пак ме нафрли. Одличен продукт. 3. Madara крема за лице со спф 30 Овој продукт можам да го наречам ЦЦ крема која има боја иако не е. Ја носев на горештиниве преку повеќе од 6+ часа и не ми мрдна, исто и таа го спречи горењето на лицето, јас имам комбинирана кожа која во лето ми е мрсна малку повеќе со оваа крема немав некој значаен проблем. Си ја користев како ЦЦ крема и баш би сакала повторно да ја имам. 4. Catrice Body Shimmering Dry oil Предобро масло, предобар мирис кој трае цел ден, има светки но дава бронза боја на телото, особено ако сте исончани. Премногу ми се допаѓа иако јас не сум љубител на лосиони и масла ова ме освои.
Знаев дека ја утнав цената Колку ефтин а многу убав Кажите ми некои убави производи од дм, кога и да отидам незнам што да купам оти немам дм во градот и се ми е онака што ќе ми падне во око. Од што сте друго задоволни, некои тајни жарчиња, по можност и поефтини
Немам голем број производи користено, некои ако сум ги порачала од другарка да ми ги пушти од Ск или ако одам исто како тебе тоа што ќе ми падне во очи. Кај мене сега четврток ќе отвораат ДМ, па ќе можам на раат да си разгледам и купам и после да споделам рецензии.
Прекрасен е регенератов. Онака го земав, многу беше евтин ама косата ми ја прави премека и многу убаво се чешла косата после бањање. Лосионов за тело исто омилен продукт ми е периодов. Сите ме прашуваат што сум ставала што мирисам толку убаво.
Тотално се согласувам за Новексперт серyмот и кремата на Мадара. Кратко го користам серумот и јас, но засега многу ми се допаѓа ефектот кој го дава на кожата, убав сјај, кожата ми изгледа здраво и хидрирано, а и немам никаков проблем со масните делови (баш напротив, не знам дали е случајност но акните кои ги имам пред циклус ми се многу посмирени од претходно). Кремата од Мадара исто така многу ми одговара, мислам е најубава СПФ крема што ја имам користено на лицето. Не е воопшто тешка, ми се допаѓа што е нијансирана и не остава никаква трага на лицето. На јако сонце ја немам сеуште тестирано, па се надевам и така ќе се покаже.
Околу серумот заборавив да дополнам дека е одличен против whiteheads кои ги имав, а со него комплетно се повлекоа. Многу ми се допаѓа, прв на листа ми е пред сите други.
Заборавив уште еден продукт да пофалам ама омилен ми е изминативе месеци. У принцип ич немам проблем со лицево нешто фала богу ама црнки на нос имав само и ме нервираа многу пошо никако не можев да ги исчистам. Какви не маски имам испробано за црнки да вадат и слично, ништо не ми помагало. Од јануари ја користам маскава за лице редовно и на почеток немав нешто промена многу, но сега по пола година лицево стакло ми е чисто, црнките скоро целосно ми се исчистени, многу е убава маскава, така меко ми е лицето и убав филинг како да е убаво исчистено имам откако ќе ја нанесам. При крај ми е, па баш ќе пробам и друг вид од маскиве, имаше неколку баш видов тогаш кога ја купував. И колку убаво мириса на лаванда кога ќе се нанесе, има екстракт од лаванда во составот и ептен е освежителна. Околу 220-250ден беше, од ДМ ја купив, а предолго трае зошто е големо пакување, лично мене многу ми се погоди.
La roche posay anthelios XL body transparent spray spf 50 На одмор 2 шишиња од спрејов истрошивме , никој не изгоре , јас и ќерка ми само него го користевме. Не остава бело само потребно е со раката да се размачка насекаде. Одличен производ го препорачувам. True alchemy Core restruct - лосион за лице Кој има црвенила и иритации на лицето , овој лосион е врв. Составен е од алое, бисаболол , ектоин и аргинин , состојки кои ја негуваат и смируваат кожата. За време на одморот , најверојатно поради сонцето ми се јави иритација и со употреба на лосионот лицето веднаш ми се смири. Под иритација мислам како лупење на кожата. Не содржи парфем што е уште еден голем плус. Essence Royal party palette- палетава ја имам година , но се ја употребував често поради тоа што не се шминкав многу минатиот период. Изненадена сум од квалитетот на Есенс и Катрис и не мора да е нешто скапо за да е добро.. боите се и металик и мат , пигментацијата е врвна , најомилена палета ми е периодов.
Aura Like a pro! лак за нокти Одлични лакови , доста пигментирани , јас купив две нијанси (црвен и беж со некои ситни светки) , 10 дена не мрднаа од ноктите (може и повеќе ќе стоеше доколку не го извадев) , не ми текна да направам слика пред и потоа ама ајде нареден пат го купив и топ коатот , што секако мислам уште толку помага лакот да не се излупи. Нема некој сјај огромен топ коатот како тие на Есенс би рекла. Jас го имам обичниот топ коат , не тој што вика up to 10 days. И базата наредно сакам да ја пробам. единствено што не ми се допаѓа е четката, гломазна ми е некако се надевам во иднина ќе поработат на ова Natura siberica snow cladonia firming night face mask Одлична крем маска од мојата омилена линија на НС Snow cladonia. Ја користам два пати неделно (бидејќи е концентрирана , јака да кажам по наше) , навечер по нанесувањето на серум. Многу сум задоволна , општо оваа линија многу ми прија на кожата
Novexpert Trio Zinc Спреј По толку фалење, да не останам покуса морав да го пробам Не го користев на лицето туку само на деколтето и грбот, имам спомнато дека за акни на грб и деколтето го користам на True Alchemy маслото за лице со AHA BHA киселини и ми ги исчисти сите акни, но периодов дали од многу потење или од сонцето се исфрлив со ситни мали акни па еве го користам спрејов можеби 2 недели, не ме исчисти скроз но го намали бројот на акни дефинитивно и одма ги смирува и суши, а најмногу од се ми се свиѓа што го осеќам многу разладувачко и нема никаков мирис, мислам дека да имаше мирис ќе ми стоеше така не би можела нешто парфемирано да прскам на акни и ете такви осетливи делови, ја и обичен парфем само на алишта ставам не на кожа одма ме иритира. Дефинитивно ќе продолжам да го користам но сакам и да го вметнам во ноќната рутина да видам за maskne колку ќе ми помогне. Ziaja Cocoa Butter - лосион за тело Лосионов го видов погоре на темава беше фален, и пријатно бев изненадена. До сега сум ги користела лосионите на Нивеа и иако не ми се допаѓаа упорно ги купував најверојатно бидејќи ме мрзеше да барам нов...шта речи Лосионов на Зиаја има супер текстура и многу лесно се размачкува за разлика од тие на Нивеа што секогаш сум ги осеќала мрсни и тешки на кожата ко маргарин да сум мачкала. Го земав некои си 220 ден на попуст во ДМ. Преубаво мириса на кокос, јас иако не преферирам благи и тешки мириси овој не ми сметаше. Би го купила наредно пак т.е. би купила исто од Зиаја но, со некој посвеж мирис веќе кога знам дека ми одговара самиот тип на лосион. Cosrx Hydrium Cantella Aqua Soothing Ampoule Серумов т.е. ампулава како што се вика, ми ја препорача колешка за лоша текстура на кожата. Јас акните си ги решив сама со производи кои ми одговараа но последица од нив ми беа флеки и нерамна кожа, мислев дека редовен пилинг и киселини ке помогнат но во мојот случај не помогнаа, после 3 недели користење на ампулава ми се измазни кожата, и ми стана на допир премека, а бев огромен скептик не знам зашто. Шишенцето трае некои 2-3 месеци, но не мислам дека би го купила пак за постојана употреба чисто ради цената 1500 ден, да беше само тоа во мојата рутина ќе го земев без проблем но користам и останати 10 производи кои не се баш евтини, нема потреба at the end of the day дневната/ноќната рутина да ме кошта 200е, има алтернативи. Eucerin Dermopure - гел за лице Мојата стара љубов Го користев некое време па не можев да го најдам во локалните аптеки и го заменив со Биодерма па сега го видов на попуст во Марија Гален и без да размислам го земав. Гел за измивање на лице за мрсна кожа, јас иако имам комбинирана, не е груб на мојата кожа ниту ми ги пресушува образите и можам да кажам дека попрво би го купила овој гел одколку тој на Биодерма Себиум синиот доколку треба да бирам, чисто бидејќи Биодермата колку и да бев задоволна од тој не е толку нежен како Еуцеринов, овој повеќе ми одговара на мојата кожа.
Морам да признаам дека ме изненади. Го купив 300 и нешто денари, како измазнува тоа е нешто неверојатно. Обично ми се лизгаше коректорот кај носот и брадата, ама сега држи подолго време и не светнува воопшто. Единствено што ми пречи кај производот е лошиот мирис, веројатно е од состојките внатре, нема некоја конкретна арома, само малку дава некој хемиски мирис. Ја врши функцијата така што ќе го затнам носот и ќе продолжам да го користам. Пудрава од Есенс исто пријатно ме изненади, веќе се бев откажала од потрага по нијанса што ќе ми одговара, без разлика дали е коректор или пудра во прашање. Ја имам истава нијанса како на сликава. Исто беше со пристапна цена, не се брише одма, не сум забележала да оксидира, лесно се блендира на кожата и со четка и со сунѓерче, и кај овој производ повторно малку одбивна ми е миризбата. Ептен сум ситничар, а? Не е неподносливо ама мене лично не ми се допадна аромата. Ако не му смета некому силен мирис кај производи за лице, тогаш нема да има никаков проблем.
Поубав чистач за лице, за комбинирана кожа, не сум сретнала. Ја обожавам пенава, пренежна е со нормалните/суви делови од лицето, и преубаво ја чисти масната т-зона. Јас имам кожа склона на црвенило и иритации, но немав никаква несакана реакција од пената.