Kerastase Genesis шампон за против опаѓање До сега шампони што сум користела на Керастас не ми се допаднале воопшто , овој ме изненади позитивно , дава волумен , сјај и не ја масти воопшто. Има два типа од оваа линија , јас го земав полесниот тип зошто имам тенко влакно , слаба коса. Во врска со опаѓањето не знам дали помага (рано е да кажам , го користам скоро месец). Dr.Konopka`s face hot scrub - Го употребувам два пати неделно , пред да нанесам маска за лице , текстурата му е кремаста со ситни зрнца внатре , не ја иритира воопшто кожата наменет е и за најосетлива кожа. Идеален е за комбинирана масна кожа. Плус голем е мл и цената , сите производи на Конопка се прекрасни и даваат одлични резултати при нега на лице. Само не можам да сватам зошто е hot , барем јас не сум приметила некој ефект на затоплување на кожата Estee Lauder Advanced night repair serum имам пишувано порано за истиов серум , го имам користено пред неколку години но тогаш пакувањето му беше друго и исто така и составот најверојатно и воопшто не ми се допаѓаше , сега е сменет ,во склоп со ноќната кремата од линијата revitalizing supreme+night и редовно користење лицето ми се исчисти , неверојатно како ми се изедначи тенот за разлика од пред месец дена. Кремава е за 40+ , но ептен сакав да ја пробам и резултатот е wow. Μе интересира дали и некој друг од форумов ја испробал ноќнава крема да ми каже дали имате исти резултати како и јас? еве како изгледа (сликите се превземени) Прилично е густа и минус единствен е што ми мириса на кремите за лице што баба ми порано ги користеше (сите имаа таков ист мирис)
Тој јас што го имам е за нормална до мрсна коса. Другиот е погуст по структура и е наменет за сува коса.
Омилен ми стана после 10 дена користење. Лицето е меко, хидрирано и нежно, дефинитивно пак би го купила.
Маскарава ми е омилена периодов. Четката е мека и пријатна, маскарата не ми ги иритира очите, не се рони, ми ги издолжува и разделува трепките баш како што сакам. За серумот имаме зборувано и во другите теми така да нема да должам многу. Прекрасен е, ми ја хидрира кожата, ми го подобрува изгледот и сјајот на кожата, дефинитивно би го купила повторно (можеби би го почекала на попуст). Порано избегнував пени за чистење на лицето, секогаш повеќе се стремев кон млека/лосиони, бидејќи имам многу сензитивна кожа склона на црвенило а и често имав такви реакции од пените. Оваа прво ја купив во мало шишенце да ја пробам, баш порад таа причина, и премногу ми се допадна. Ептен е нежна како производ, убаво ја чисти кожата и не предизвикува никаква реакција или иритација. Веќе го купив второто шише.
Презадоволна од пената за тело на Collistar. Не само што мириса убаво(кајсија) туку содржи и шеа путер кој и дава на кожата дополнителна мекост и нега, длабински ја хидратира.Нешто што во овое есенски денови е неопходно.Сакам хидрирана кожа, имам чувство дека добро сум се погрижила за кожата. Треба нанесување сосема малку количина бидејќи е со доста богата текстура,ептен бавно се троши јас не сум ни до пола стигната. Сигурно би го купила пак.
Од Битола шатци парфимерија.Онлајн нарачав јас. Бесплатна достава за продукти над 1000 денари. Ова беше околу 600 денари, на акција го начекав тогаш, сега не знам дали е уште толку.
Кремава за раце е преубава. Мириса многу убаво, ептен овошен и сладок мирис има кој долго се чувствува, а и кожата ја прави мека, ноктите исто поцврсти како да ми се деновиве откако ја користам. Маскава за коса ја купив по тоа што читав @Mishela и други членки дека ја користат и ја пофалија. Навистина е преубава. Еднаш ја употребив ама веднаш забележав колку убава ми е косата. 500мл за 99ден од Стокомак. Ме изненади квалитетот за цената. Мирисот е прекрасен плус. Лабелово и јас го пофалив во темата за лабело за усни, но ајде и тука. Навистина е преубаво, се што пишала @Reina.Gitana се согласувам.
Кремава што се претвора во масло е фантазија. Мирисот е дискретен и убав, има интересна нијанса , разни бои што се прелеваат а најважно од се е што ја вади секоја нечистотија од лицето. Наменето е и за мрсна кожа. Имав купено 3 тестерчиња и ми беше жал што не успеав да си ја купам додека бев во Мк Пилингов од Organic shop ми беше најискористеното нешто за тело летово. Скоро секој ден го користев и навистина уживав особено во неговиот мирис. Буквално производиве на body desserts особено пилинзиве се толку прекрасни што ти доаѓа да земеш лажиче и да изедеш се кој ги нема пробано особено овој и тој со јагодите, навистина губи. Минатиов период почнав да ја испробувам кремава од So bio etic ,доста хидратантна , брзо се впива, по структура е средно густа, особено ја препорачувам за тие со нормална и сува кожа.
Мицеларнава вода првпат ја пробувам и веднаш ми се допадна. Одлично го чисти лицето и шминката. Сјајов за усни е супер, убаво мириса и не е лигав. Јас го имам во nude нијанса и ептен ми се свиѓа. Првпат во живот користам пилинг и овој баш убав ми се виде, а и го фалеа на форумов па решив да го земам. Кратко време го користам, но мирисот ме освои, а и не е многу груб така што сега засега ми се допаѓа.
Последниов период заради употребата на СПФ (Еуцерин ЦЦ спф.50), лицето ми стана рапаво, суво и покрај тоа што секогаш нанесував соодветна крема пред СПФ. Тоников ми ја врати кожата, ја омекна, навистина е хидратантен и би го купила повторно. Имав ситуација на надразнета кожа, чешање на интимата, се прснав од чудово и се смири веднаш и го снема црвенилото.
So bio Etic bb cream Една од најубавите бб креми за мрсна кожа која даваат убав сјај и минимнално покриваат. Понекогаш дур ја нанесувам си мислам дека немам потреба од коректор. Морам да напоменам да внимавате со нијансите, јас ја имам најсветлата но е средна нијанса измеѓу light and beige. Не можам без неа во секојдневието, ја имам носено по 15 часа и ми нема мрднато, не се осеќа тешка на лице, не се осеќа дека имате нешто ставено. Ми се допаѓа што е хидрантна и не ме исфрла, исто така може да се користи и како подлога за пудра или контури врз неа. Потпишувам со двете раце дека е предобра. 10/10 Holika Holika Cucumber mask Идеална за мрсна кожа значи стриктно мрсна кожа. Инаку за хормонските акни е вистинскиот лек. Залихи собрав. Преубава маска. Catrice waterproof mascara Со оваа се бањав во морето и нуркав и можам да кажам дека нуркањето и маскарата во пакет е ЏОКЕР. Но, тоа не го менува фактот дека за претоплото време е одлична. Инаку скоро сите ги имам од оваа eyeconista линија, ама оваа ме освои. За наредна година повторно и се враќам. Aura touch up pro concealer Коректорот е многу добар, покривен но има густа текстура. Траен е, ми се допаѓа но јас си ја утнав нијансата. Инаку покрива темни кругови.
Essence Liquid Ink Eyeliner Со овој туш немав проблем како со оној од Малена. Дава добра пигментирана црна боја, прецизно четче има, мало шишенце што можете и в џеб да го носите за корекции, но најверојатно нема да има ни потреба за ова. Издржа цел ден во иста форма без разлевање или распукување, едно време дури и се расплакав од смеа со другарка ми, па тушот не се помрдна од првобитната нанесена форма. Друго што забележав е тоа што горниот дел каде што поминува четката (она што е како пластичен затеснет дел за да не излегува премногу од течноста на четката, како блокаторче, не знам како се вика) е прилично тесно и не дозволува да влезе воздух во шишенцето при секое ставање на четката внатре, па верувам дека нема за брзо да се исуши, обично кај други тушеви или маскари ако било пошироко во отворот се сушеле веднаш. Dr. Konopka's Anti Hair Loss Serum Го користам веќе некое време во комбинација со шампони за оваа намена, така што не можам 100% да тврдам дека е само до серумот, а не и шампонот. Се става после миење на влажен корен, не се измива и не остава мрсна трага откако ќе се исуши, барем не кај мене. Периодов го користам заедно со шампонот од Конопка против опаѓање, но само на прво шампонирање за да не ми ја мрси косата (што е чест случај и кај други феминки забележувам) и второ шампонирање ми е исто со шампон од Конопка, но е наменет за волумен, последен чекор во рутината ми е серумов. Имам еден куп нови влакна и особено згуснување забележав напред околу челото, каде што најмногу имав изретчување.
Ме изненади квалитетот на стиков. И убаво мириса и одлично си ја врши намената. Секако сум задоволна од производите на dove и не се ни сомневав дека не би ми се допаднал, но ме изненади колку часови се чувствува мирисот на стикот, повеќе од што очекував. За вадење нечистотии и шминка е одличен. Пишува на него дека е соодветен за луѓе што носат контактни леќи, затоа и го земала мајка ми за нас двете, зошто често имам печење на очи од други вакви производи, па ми се погоди и вистина не ми предизвикува печење на очи. И на мајка ми и се допаѓа исто. Пишува дека е за секој тип кожа, она има комбинирана, јас сува кожа, на двете ни одговара, така да производот одговара за описот што е на него. Летово ја користев маскарата Lash Princess од Essence, но некако ми се пресликуваше, па сега пак си ја купив оваа од Catrice. Многу сум задоволна, еве и на дожд деновиве шетам со неа, ниту се размачкува, ниту ништо. И плус многу убаво ми ги расчешлува трепките, имаат волумен, а личат природно и воопшто не дава нападен изглед, омилена маскара ми е. Карминов го земав доста евтино пред некој месец, барав некоја нежна нијанса за под маска, плус да не е мат кармин за да не ми се сушат усните. Пред коронава бев голем љубител на јаки мат нијанси на кармини ама пошо некако за под маска не ми се носи таква боја, овој ми се погоди супер. Има структура како лабело, плус нијансата е многу нежна и природна. Е, сега нема некоја голема пигментација и трајност, но за тие пари и за под маска мене супер ми се погоди. Баш како што барав, само по него посегнувам во последно време. Битно не се чувствувам како да немам ништо на усните, а не е тежок и нападен. Најважно од се е што не ги суши усните. За таа цена сум и повеќе од задоволна. Нијансата - 040 perfect nude. Многу често посегнувам по парфемов, некако иако е со нежни пролетни ноти, ми се допаѓа и за овој период, зошто мириса и малку потешко од вообичаените летни парфеми. Не сум го пофалила до сега, а мислам дека заслужува. Подарок ми е, го барав кај нас во парфимерии да го прекупам и не можам да го најдам, а скоро ми е при крај. Го знаете она чувство кога омилениот парфем има уште многу малку и го користите ко да е злато. Ако некој знае кај би можела да го најдам тука за пак да го купам може да ми пише. Буквално опседната сум со парфемов.
За парфемот мислам дека не се произведува повеќе... Ма да може да го има по некои парфимерии заостанат. Во странство можеби ќе го најдеш и онлајн такви парфеми ама ние сме далеку од тоа.
Знам, ма да не знам дали е сигурно разгледај по парфимериите, многу е лошо кога ќе се навикнеш на парфем и ќе го укинат. Единствено ако имаш некој од странство да ти го набави ако може да се најде некаде. Или друга опција ти е да пробаш копии од рефан, сантини итн.