Мора да го пофалам овој продукт од магарешко млеко за отстранување шминка од лицето. Многу нежен продукт кој ја остранува шминката во целост и притоа лицето изгледа мазно и чисто. Инаку се измива потоа со пена за миење лице. Јас мислев ќе ме исфрли или ќе ми ја исуши кожата,баш напротив ништо од тоа не се случи. Топло го препорачувам за комбинирана кожа.
Никако не можев да си погодам ацетон што ќе бриши, а нема да се размачкува. Случајно го зедов од дм и сум презадоволна. Ако сте како мене секој 2 ден различен лак да си ставате ви го препорачувам. Цената е негде 60денари
Омилен продукт на летото.Ми изгледаше долго време женствен и ме намами да го купам.Го нанесував летово на 50° и како личност што навистина има голем проблем со потење и непријатна миризба можам да го пофалам ролонов и да кажам дека благодарение на него го немав тој проблем ова лето.Го нанесував секое утро во комбинација со некој дезедоранс и секојдневно мирисав убаво.Како се троши така и се познава па може навремено да си видите и да се снабдите со нов.Јас веќе си го прекупив. Достапен е во сите маркети по ниска цена од околу 150 денари. Оцена 9/10
Омилена пудра ми е во последниве неколку месеци. Супер ми е за секој ден, лесна, би рекла речиси средно покривна, но мене ми е во ред бидејќи супер го изедначува тенот, немам нешто многу за прикривање. Во моментов ја избирам и пред Хелти Микс (што исто така ми е омилена пудра за мојот тип на кожа).
Од гелови за туширање го издвојувам овој кој што сеуште мислам дека е желе за јадење. Како мириса и колку мирисот се задржува на телото по туширањето потпишувам со двете раце дека е прееееддоообббааарррр!!! Јас ретко по регенератори за коса да трчам и барам, ме привлече што е Веган па си реков да го пробам. За зајакнување и регенерација е повеќе од одличен,косата е мека и сјајна,изгледа како да водиш грижа за нејзе,лесно се расчешлува потоа. Се на сѐ дефинитивно омилен.
Јас последно ја нарачав од аптека Полин. Ако си од Скопје и во Зегин ја има, и по некои други аптеки па не мораш онлај да порачуваш.
MAC Magic extension - супер маскара , формулата највеќе ми се допадна , не е течна, брзо се суши кога ќе се нанесе на трепките , не ги слепува трепките и дава многу волумен. Имам пишувано повеќе не соодветната тема за маскара , ама дефинитивно ми е најкористен производ месецов MAC lip balm Одлична база за уста , кармините се подолготрајни , при нанесувањето не се вовлекуваат во тенките линии на устата , воедно многу е хидратантен и помага устата да не ми пука од кармините што се многу мат. Сенки за очи од MAC ( Brun , swiss chocolate , espresso , brown script , antiqued , honey lust) Многу сум задоволна од овие сенки што ги имам пишано погоре , ги имав купено на некој попуст од 40% заедно со футролата за да ги сместам внатре, пред година ипол. Вистината е дека ги немав користено досега многу , но сега кога се движам повеќе надвор , секојдневно ги користам во мојата мејк ап рутина. Тие што ги имам се земјени тонови па може да се користат секој ден. Премногу се пигментирани , заедно со базата за сенка што ја користам од MAC траат и повеќе од 12 часа на очниот капак без да се соберат. Дефинитивно би земала уште нијанси
А да пофалам нешто од мејкап козметиката, одамна немам пофалено, а понатака ќе се надоврзам за скинкер продуктите. 1. Mur blue eyeliner Се отвораше нов салон за козметика овде и го видов тушот на попуст и го земав. Искрено кога го земав се сетив дека имам мрсни капаци и постоеше можност да ми се пресликува па меракот ми се скрши во моментот. Кога го пробав се изненадив од ефектот и бум не ми се пресликуваше. Траен е, како ќе го нанесете така ќе го најдете. На свое место. 2. Revolution руменила за лице Ги видов на промоција во истата продавница и на инстаграм ја гледав пигментираноста. Бев скептик бидејќи изгледаат дека се како хајлајтери со светки. Кога ги пробав впечатокот беше ВАУ баш ВАУ. Може да се нанесат за нежен изглед а истите можат да се надоградат. 3. Oma gertrude gel shower Малку се премислував пред да го земам поради чудната амбалажа но не се покајав. После туширањето кожата е мека и нежна, не ме чеша. Се на се одличен продукт, бавно се троши.
Aura Take care of me - Одлична пудра , јас иако имам мрсна кожа не ми го мрси лицето брзо. Секако ја сетувам со пудра во прав. 8 часа додека сум на работа ми издржува супер. Кога ќе ја нанесам , многу убаво ми легнува на лицето. Густа е , со сунѓерче лесно се нанесува. Само зезнати се нијансите , првата 801 ја имам јас и е малку потемна од мојата кожа, но немам некоја разлика во врска со вратот (не двои) . Нијансите се со жолтеникав подтон. Многу сум задоволна , не очекував дека ќе ми се допадне. Clinique take the day off balm - балм за вадење шминка - Го користам секој ден , и кога се шминкам и кога не носам шминка , вади се одлично , водоотпорна шминка , креми со спф , секоја нечистотија буквално. Потоа не ја мрси кожата. Го препорачувам за сите типови кожа.
Одамна не сум пишала овде, па затоа сегa мојава листа ќе се однесува на омилени производи кои ги користам во последниве неколку месеци. 1. Romantic Professional регенерирачка маска за коса И јас се приклучувам во групата на задоволни корисници од оваа маска за коса и мора да ја пофалам. Во составот има арганово масло, Б5 и кератин. Косата ја прави мека, ги негува врвовите и лесно се расчешлува. Има прекрасен мирис кој се задржува долго време на косата. Ја има во Стокомак за 99 ден. 2. Olival мицеларен гел со масло од смил Овој гел на Olival е наменет за мрсна и комбинирана кожа и го носи независниот NATRUE сертификат за природна козметика. Мене супер ми одговара, многу е нежен и баш пени при допир со вода. Во составот има масло од смил и екстракт од алое вера кои темелно ја чистат кожата на лицето и вратот, без чувство на затегнување. Цената е 320 ден. за 200 мл и може да се купи од Тесори ди Маре и ДМ. 3. True Alchemy серум со салицилна киселина Серумот на True Alchemy со салицилна киселина за многу кратко време го покажа своето дејство врз мојата кожа така што ми ја исчисти кај порите околу носот и ја намали нивната видливост. Многу ми помогна и во намалување на себумот, приметувам дека откако го користам не светнувам како порано во Т- зоната. Го има во Белина и ДМ. 4. Berëza Siberica гел-крем за лице Оваа гел-крема од Berëza Siberica ја користам повеќе од 2 месеци и многу сум задоволна. Лицето ми го прави мазно и најважно хидрирано во комбинација со тоникот од истата линија. Го препорачувам за секој што бара хидратантна крема за мрсна и комбинирана кожа. Оваа е чиста 10ка. Цената е 520 ден. и може да се купи од Белина и ДМ. За секој што сака да ја проба, овој месец е на акција 399 ден. во ДМ.
Амбалажата ме привлече на производов. Ме изненади во поглед на квалитетот и мирисот, прекрасно мириса значи, се заљубив во мирисот. Обожавам вакви производи од limited колекции да купувам од дм, но некогаш кога ќе ми се погоди некој производ ептен, а знам дека нема да го има пак, баш ми е криво. Овој е еден од тие производи. Маскарава за веѓи е одлична. Многу нежен и природен изглед дава на веѓите. Плус и цената од некои 100ден на производов ми одговара ептен. Балзамов за усни го добив на подарок од другарка, не знам која цена е и од кај може да се најде. Првпат користам вакви производи со екстракт од канабис, но ми се допаднаа, што дури почнав да гледам и некои пудри и креми да пробам, не знам зошто до сега сум ги избегавала. Ова има мирис на ванила и многу ми е вкусно онака ептен иако пишува да се избегава да се вкусува. Усните ми се хидрирани, постојано посегнувам по него последниве денови, што дури мислам ќе го барам откако ќе го потрошам кај го има за да си го купам. Исто и лосионов за тело ми се погоди, ми прија на кожата. Мирисот малку е потежок, но добро си ја врши намената. Него не знам дали би го користела по вторпат, но вака како производ е добар, мојата кожа го засака, ќе го користам додека не се истроши.
Не знам дали сум пишала за кремава ама мислам дека немам досега. Ја користам веќе една година и не би ја сменила. Цената обично е 200 и нешто денари но некогаш се наоѓа на попуст за 190 денари, во Зегин. Инаку сум ја забележала и во Тинекс. Вреди за парите, егземата и сувоста на рацете не памтам од кога вака под контрола ми биле. Минати зимски сезони, сум била во состојба кожата да ми се суши до степен на пукање и крварење а откако ја користам не сум го искусила повторно тоа. Нема парфем, што за мене е клучно. Што и да е со парфем, дополнително ми ја суши кожата, така да од тој аспект баш е погодена.
Ептен се согласувам со напишаното. Нема подобра крема, а и трае вечно бидејќи многу мала количина е потребна да се стави.
Точно, концентрирана е и многу долго трае. При крај кога ќе е јас ја сечам амбалажата, уште за плус 2 недели крема имам.
Се согласувам и јас за оваа крема. Нема нешто друго до сега што ми ги средува рацете толку брзо кога ќе ми дојдат до степен на рани од пресушеност. Единствена мана е што многу е масна и јас не можам да ја котистам преку ден, особено не на работа. Ставам исклучиво навечер и до утрото рацете ми се како нови.