Hair Evolution - Aqua Booster Шампон за сува коса Пакувањето на овој продукт е мало и доаѓа со пумпица за практична употреба. Имам сува коса, на скалпот ми е мрсна. По миењето ми изгледа здрава и нахранета, мека и сјајна иако не ја мијам сега често, само еднаш неделно. Едина маана е што не пени многу и треба повеќе пати да стиснеш за да има за цела коса, така што ако гледаме по тоа нема ни за два месеци употреба. Ми се допаѓа поради тоа што сега не ми паѓа толку многу, како претходно. Би го купила пак само да има поголема милитажа. Natura Siberica hair evolution - be curl Фризерката ми рече да си побарам крема за локни, ако се сеќавате прашував во соодветна тема па една форумџика ми го препорача овој крем. Јас немам многу виткана коса, таа самата ми се прави таква поради времето тука па затоа се одлучив да го купам. Го нанесувам после миење, не се измива, лесно се расчешлува и убаво мириса. Ми се допаѓа мене. Јас мислам нема кој не ја пофали оваа маска за коса, па така и јас. Едноставно преубава, а прениска цена. Ја прави мака, нежна и сјајна косата. Плус убаво мириса.
Овие 2 толку ми се погодени. Маскава ми ја прави косата мазна и мека, а кремава е супер, само што некако брзо се троши
1. Bioderma шампон за коса , многу убав состав има , нежен е и убаво ја мие косата , дава многу волумен и сјај на косата и не се масти брзо. 2. yvesrocher шампон против опаѓање - не содржи силикони и сулфати , многу убаво го чисти скалпот , го намалува опаѓањето и не ја отежнува и масти косата . 3. киселина за коса - неможам да опишам колку ми е убава косата од овој производ , ептен дава сјај, мекост и го чисти скалпот , плус не се масти косата 4. сум пробала секакви скапи маски ама дефинитивно оваа вреди ! Предобра а цената смешна ако треба да изберам еден производ кој ќе го користам до крајот на животот е овој ! Неможам да опишам колку ми го смири лицето , како ги осветли флеките и црвенилото … предобро масло за чистење на лицето , иако имам комбинирана кожа многу ми одговара , ептен убаво ја чисти шминката , многу пена прави ..
Dr.Konopka's protective hands cream Рацеве ми пукаат многу често во зима, спас најдов во кремава од Др.Конопка, има некоја средна густина, веднаш се впива , а кожата е хидратизирана, мека. Препорачувам! Clinique moisture surge 100h Кремава излезе неодамна во продажба најверојатно променето е нешто во составот, старата верзија беше 72 часа, оваа 100 Од неодамна се префрлив на по геласти креми, особено оваа иако е геласта, иако брзо се впива во никој случај не е матирана кожата, туку дава одлична хидратација. Не ми создава дополнителна маснотија. Особено сега кога Клиник во Грција има 50-60 % попуст на сè вреди да се проба The ordinary coverage foundation Одлична пудра секојдневна пудра, јас ја земав попокривната верзија, покрива супер а не е тешка на лице и не е мат. Со пудра во прав одозгора со сигурност издржува 6 часа на моево лице, повеќе не сум ја носела за да кажам како ќе е. Ако некоја го користела коректорот , чекам мислење
Мислам дека овие производи ќе ги користам долго време, месецов ми станаа омилени Спојлер Млечниот чистач со магнезиум на Новексперт, одличен како прв чекор за вечерна рутина. Нежен, смирува црвенила и иритации, вади шминка (не користам водоотпорна). Спојлер Најубав од сите бб или цц кремови што досега сум ги користела. Изедначува тен перфектно, пори и линии не се познаваат особено со добра хидратација на кожата, под него секогаш го користам glow cocktail серумот на Mossa, кој исто ми е еден од омилените производи месецов. Спојлер Следи хијалуронскиот бустер серум на Новексперт, најдобар производ со хијалурон што сум го користела. Ефект до максимум, одлична хидратација и plump ефект. Спојлер Дневниот крем против брчки на Моса, го користам нешто повеќе од месец дена, одлично си ја врши работата. И мирисот ми е прекрасен. Спојлер Не можам да не го спомнам ноќниот крем од истата линија, одат во пакет кај мене. Спојлер Топла препорака од мене за сите овие производи, а може да се најдат во Белина, онлајн или во нивните био шопови.
Кој производ? Glow cocktail серумот или хијалуронскиот бустер? Првото навечер, второто наутро, а претходно, пред да го земам хијалуронскиот бустер, серумот на Моса го ставав и наутро и навечер. Наутро обавезно спф 30 кремот на Моса. Тој крем сега ми е на пауза, немам потреба од спф.
Балеа спреј за тело Tagtraumer Спрејчево онака го земав пред неколку месеци а сега ми е омилено. До пола ми е потрошено, и мислам дека е еден од најдобрите спрејови општо од цела линија на Балеа. По цел ден мирисам под пазуви дека таму го користам. Mossa eye make up remover Го користам веќе некое време и многу ми се допаѓа, ако треба да одберам меѓу Моса и The Body Shop дефинитивно Моса. Вади комплетно се и тоа само со едно туфтерче и не пече на очи. Како да се споени вода и масло во едно мало пакување. Презадоволна, вреди за парите. Mac retro matte lipstick Имам повеќе нијанси и ми се допаѓа текстурата, што не ја сушат устата. Само се преценети во однос на цена.
Дебора пудра Искрено, често сум го избегнувала Дебора како бренд, но по препорака од другарка ја земав пудрава и е прекрасна. Текстурата и е доста тешка но одлично се размачкува со мокро сунѓерче па и со четка. Само дефинитивно пудрата е за оние кои имаат комбинирана и масна кожа и кои сакаат поголема покривност, акни и флеки покрива без гајле и дава убав мат финиш. Авон моливчиња Овие моливчиња ми се омилени за секојдневна шминка. Трајни се, лесно се користат и се прецизни при цртање на очите. Јас имам две нијанси, cosmic brown и brown black и се одлични за дневна лесна шминка. Деина лак за нокти Доста ефтин а траен лак, ми трае и до 3 дена по лакирањето а е само 30 денари.