Во зима толку ми е сува кожата што дури и стапалата ми се суви и ми се лупат. Оваа крема ја земав, многу ми се допадна. Баш ми е сега мека кожава на стапалата и плус убаво и свежо мириса кремава, што е бонус. И јас да ги пофалам моливчињата од Авон. Многу се убави, лесно се работи со нив, трајни се, прецизни, кога се шминкам набрзинка често посегнувам по нив, лесно и се блендаат, ги користам и како туш, па и како сенка. А и ми се допаѓа што се самоостречки, па не губам време острејќи ги. Кремава за раце ја земав од Кам зошто многу беше евтина, а јас си купувам такви ситници, но ме изненади. Деновиве ја употребувам и навистина ми стана омилена крема за раце, другите што ги имам дома скроз ги забаталив ради неа. Има доста убав и нежен мирис на маслинка, ме потсетува на некој сапун за раце што го имав од детство и може затоа ептен ми стана омилена, но и одлично ја хидрира кожата. Прекрасен и евтин производ. Ацетонов го пофалив и во соодветната тема за отстранувач за нокти, но ајде и тука. Исто и овој производ го земав од кам, по доста евтина цена, но квалитетот му е одличен. Одлично вади и темни нијанси на лакови, не остава боја по прстите, а и убаво мириса, не мириса тешко како ацетон, има некоја убава арома, пријатен мирис има многу. Ова ми е прекрасен производ, нешто како лосион за тело би дошло мислам да го наречам. Толку убаво и нежно мириса, мирисот го чувстувам со часови на мене, а и добра хидратација дава на кожата. Се заљубив на прво користење. И парфемов ми се допадна како и лосионов за кој пишував, ми беа подарок и навистина ми се погодени за мој вкус. Има исто прекрасен и траен мирис, често посегнувам по него деновиве, така да месециве ќе ми биде еден од омилените парфемчиња дефинитивно.
Веќе ти одговориле. Јас ја купувам околу 25-27 евра, зависи од каде и дали има некаков попуст (не во Мк).
1. Relove by revolution Овој хајлајтер многу ми се допаѓа бојата му е неутрална, нежна и се прелева. Многу убаво стои на девојки со темен тен и фаворит ми е периодов. 2. The Ordinary Caffeine Solution 5% + EGCG Многу ми се допаѓа серумов за осветлување на подочниците, всушност јас само и таму ставам. Намалени ми се темнините ( така си ги викам јас). Моите се наследни не очекувам траен резултат ама колку толку барем не ми се темни. 3. Chobs Rose face mask - за затегнување и против први брчки. Многу ми се допадна маската и есенцијата во неа, даваше чувство на ладен ефект а после нанесувањето ја чувствував кожата позатегната. Штета што е лист маска, би сакала да ја има како течен продукт. 4. Dr. Konopka's eye cream Одлична крема за хидратација, некогаш ја нанесувам после кофеинскиот серум. Многу ми се допаѓа.
1. Balea - Ruby Chocolate маска за лице Денеска ја потрошив маскава за лице, ја користев изминатите 2 недели само неа, премногу ми се допадна. Прво да го пофалам овошно - чоколадниот мирис на маската кој е прекрасен. Уште кога ја отворив маската забележав колку пријатно мириса, а потоа и додека ми беше нанесена на лицето се чувствуваше прекрасниот мирис. На упатството пишуваше дека дава интензивна хидратација на лицето, бидејќи во неа имало глицерин и провитамин Б. Потврдувам. Навистина даваше убава хидратација на мојата сува кожа особено во овој период, презадоволна сум. Криво ми е што не си купив бар 3 маски на залиха зошто е лимитирана колекција. 2. Alverde - Nutri care 5 во 1 маска за коса И оваа маска ја користев само овој месец, пакувањето ми стигна за 2 пати да нанесам, ја користев 2 недели, бидејќи имам многу долга коса. Како што кажав ја употребував еднаш неделно, косата ми изгледаше убаво и меко овие 2 недели. Веќе пишав мислење за неа во соодветната тема за маски за коса, па ќе се цитирам од таму, мислам дека опфатив се што сакав да кажам. Но, ми беше дефинитивно во омилените продукти овој месец, бидејќи додека ја користев другите маски за коса целосно ги заборавив. 3. Balea - лабело за усни од маракуја Прекрасно мириса, има многу сладок овошен мирис. Усните ми се премеки и хидрирани секогаш кога го нанесувам. Само не знам зошто многу брзо се впива во усните и за 30-40 минути веќе речиси и да го снемува од усните. 4. Rimmel 60 seconds super shine - лак за нокти Пребрзо се суши лаков и речиси цела недела го носев на мене, со минимална корекција на врвовите на ноктите на 4ти ден. Би купила уште нијанси од оваа колекција лакови, ми се допадна трајноста и тоа што стварно брзо се сушат. Овие 2 производи ги имам подолго, од Лидл си ги купив на некое патување ама сум ги збутала во еден несесер што не го отворав често, па го најдов и им дојде редот месецов да ги доискористам. 5. Cien - Ацетон за нокти Го имав пола искористено, се сеќавам дека и тогаш ми се допаѓаше ама мислам дека немам пишувано за него. Малку тежок мирис има во споредба на тој што ми се допадна од Галафарм неодамна. Но, многу големо пакување е, па вечно трае и знам дека доста евтино го земав, така да следно идење во Лидл би го прекупила. 6. Cien лабело за усни Ова лабело нема некој мирис баш посебно убав ко тоа погоре на усните, обично мириса на лабелце , но баш е така со потешка структура и го нанесувам пред да си легнам, па дури и сабајле кога ќе станам уште го имам на себе. Исто како што се сеќавам доста евтино го земав, па дефинитивно би го прекупила, стварно е добро за хидратација на усните.
Bourjois Healthy mix BB кремата. Малку бев скептик за кремата, читав рецензии дека била многу масна, ваква таква, а јас имам комбинирана накај масна кожа, ама решив да ја купам заради "хелтито" во неа, а плус и кожата малку ми се подзасуши перидов. Преубаво се размачкува, планирам да ја земам и за летоска зошто дефинитивно не е масна или тешка, нијансата (Light) е супер, не е многу жолта ни многу розева. Издржува солидно околу 4-5 часа, со тоа што јас не ја фиксирам, а се изненадив и од покривноста. Да напоменам, чисто лице имам, ама изгледам бледо како вампир некогаш. Има убав, појак, цветен мирис што мене воопшто не ми пречи.
И други нијанси... Општо многу сум задоволна од лаковите за нокти на Seventeen, многу се трајни и имаат убав сјај подолго време.
1.Some By Mi AHA-BHA-PHA тонер за лице Овој тонер го користам околу 2 месеци и толку многу сум задоволна што уште две пакувања си купив од истиот. Како некоја што имала проблем со лицето за време на ПМС, за првпат дури го користам овој тонер не ми е појавена ниту една акна. Овој тонер ми го осветли тенот, лицето изгледа чисто и исто така забележувам осветлување и повлекување кај некои лузни кои ги имав. Самите AHA, BHA, PHA прават ексфолијација на кожата и сметам дека се добитна комбинација за секоја проблематична кожа. Јас искористив попуст кој мислам дека сеуште трае и го купив за 833 денари од https://elloxy.mk/, редовна цена е 1190 денари иако сметам дека за производот вреди секој денар. 2. Mossa Glow Cocktail маска за лице Од оваа маска имав тестер, ама пак беше доволно за да ја пробам неколку пати во месецот и за кратко време да забележам резултати. Оваа навлажнувачка хидратантна маска дава прекрасен сјај на кожата и истовремено ја подобрува нејзината текстура. Збогатена е со алги и екстракти од скандинавска дива капина и дуња, за инстантно живнат тен. Дополнително, хијалуронската киселина содржана во маската ја навлажнува кожата, осветлува и заштитува од хиперпигментации. Маската за лице може да се нарача од веб сајтот bellina.mk, да се купи од нивните штандови или од ДМ.
1. Млеко за коса со мирис на кокос од Балеа Мислам дека ни со маска косата не ми била толку мека, мазна и лесна за расчешлување колку што ми е од млеково. Не ја мрси косата, но не редам на коренот, туку само од ушите надоле. Одличен ефект дава, а и мирисот е прекрасен. Како што после секое капење ја сушам косата со фен, огромен плус е тоа што пишува дека штити од топлина. 2. Лабело кармекс Усните често ми се распукани, посебно во зима. Откако го користам лабелово немам таков проблем, никогаш не ми биле помеки и хидрирани, а и е доста трајно. Одлично е. Морам да признаам на почетокот ми беше чудно, даваше ефект на разладување и пецкаше, а и јас како што сум навикната од други лабела да редам повеќе слоеви, веројатно беше до тоа. Сега ставам до два слоеви и веќе не ми е како на почетокот. Така да ако го користи некоја по првпат нека му даде шанса, треба само да се навикнете и тоа чувство на пецкање ќе се повлече со тек на време. 3. Маска за коса од Стокомак Маскава е супер. Со два пати поминување на чешелот косата е веќе исчешлана, ептен ја прави мека, а мирисот е сон. Дури и поскапи маски ми немале таков ефект, а ја има во стокомак за смешни 100 денари.
1. Спреј за коса Repair my hair од Натура Сиберика Се си врши спрејов баш како што си пишува на него, мене најмногу ми беше за отплеткување на косата, бидејќи после миење кога ми е мокра не можам да ја расчешлам Само прскам од спрејов, чешлам и ја сушам одма, косата одма делува по сјајна и здрава. Предходно користев од Глис спрејчињата што се, но ова дефинитивно повеќе ми се допаѓа а и преубаво мириса. 2. Масло за коса Repair my hair од Натура Сиберика Маслово го ставам одкако ќе се исушам и можам да кажам дека ми ја препороди косата и е holy grail. Ставам негде од пола коса па надоле, ту мач ми е на цела коса да ставам од корен,одма упива не остава мрсно, значи косата е пре мека, пре свиленкаста не можам да ви опишам колку здраво и негувано изгледа влакното (рачунајте јас се имам шатирано па замислете колку мртво ми изгледала косата од бланшот). Уште после првото користење си купив плус 2 шишиња, не се откажувам од маслово па што сака нека биде. Прочитав негде дека е замена за олаплех,ги немам користено а сакав да ги купам ама сега нема ни да им дадам шанса ќе си терам со маслово. 3. Маска за лице од Mossa Скоро го потрошив цело тубиче, убава е маскава ја користам еднаш неделно, ја оставав на лице по 15 мин. (препорачано е од 5-15 мин) Нежна е, има убав мирис (малце јак на некој би му сметал),има млечна киселина во состав, го остава лицето освежено дава некако убав сјај, и порите ги чисти ама делумно. Да ја потрошам па сакам да го пробам пилингот од јаглен. Моса како бренд ми е од поомилените. 4. Гел за миење лице на Лавера Го купив пред празнициве на попуст од ДМ бидејќи не можев нигде да го најдам мојот гел што го користев на Еуцерин (не баш нигде туку во една аптека го немаше и ме мрзеше да го барам), искрено се изненадив, мислам дека низ форумов прочитав дека е многу груб и го остава лицето суво и затегнато после миење, но кај мене такво нешто немаше, убаво ја чисти кожата вака ми се свиѓа и ќе продолжам да го користам. 5. Део Ролон од Лавера Имав спомнато по другиве теми дека Бен и Ана не ми помагаа па реков дека овој ми е последна надеж ако не се враќам на обичните дезодоранси со алуминиум и за среќа ми се погоди супер. Трае доста долго, ми држи и после интензивни тренинзи па така да 10/10. Ќе продолжам да го користам, наредно може тој од лимета да го пробам.
Маската е одлична , ја користев лето-есен 2021 , дефинитивно пак би ја земала. Маслото за коса баш читав е замена за тоа на Олаплекс , го имам и јас ама не сум го отворила уште, чекам да го довршам ова на Moroccanoil прво
Се согласувам за спрејот за коса , совршен обавезно ќе го пробам и јас маслото за коса можеби и шампонот.
1. Кремава за лице од Алверде наменета за многу сува кожа. Прекрасна ми е за овој ладен период. Премногу ми ја хидрира кожата, спас е за сува кожа и ладно време. 2. Моливчево за веѓи од Есенс е преубаво. Читав одамна дека доста го фалат членките, па решив да го земам и јас. Потврдувам, стварно е супер. Има голем избор нијанси и за тие што имаме светли веѓи, ми се допаѓа што не се само 2-3 нијанси, па да си ја утнеш. Си ја погодив бојата на моите веѓи баш. Задоволна сум и од продуктот многу. 3. Овие сиви моливчиња за уста од Малена. Има нежни нијанси, 501 особено ми е омилена за нежен нјуд секојдневен изглед. Лесно се нанесува, добра пигментација и трајноста е во ред. Бонус е што и цената е доста пристапна. 4. Палетиве од catrice и revolution. Не само месецов туку и последните месеци често посегнувам претежно само по нив. 5. Кремава за стапала од Балеа е одлична за нега и хидратација на стапалата.
Рано е за да ги сместам во омилени продукти на годината, ама дефинитивно едни од подобрите. Инаку имам комбинирана кожа, со масна Т-зона 1.Q+A Zinc PCA - Откако го користам, морам да кажам дека лицето и покрај тоа што сум пода маска по 8-9 часа и тоа КН95, ги нема повеќе оние болни акни, кои едвај поминуваа. Веќе користам 3 шишенце 2. Novexpert trio zinc Clear Skin Foaming Gel - Лицето по миење си го чувствувам чисто, а кожата не е затегната. Обично го користам навечер, после мицелраната на Оливал од Смиљ која исто така ми е една од подобрите продукти кои сум ги користела во последно време. 3. The Ordinary Pycnogenol 5% - не е конвенционален серум, ама јас по препорака на пријателка го земав и мора да кажам дека многу ми се допаѓа. Веќе забележувам подобрување во структурата на кожата на лицето, а мислам дека има подобрување и на фините линии, ама за ова ќе дадам мислење за некое време. Планирам да го надополнам со витамин Ц за подобар ефект.
Па да. Го комбинирам со The Ordinary Lactic Acid 5% (овој го користам само 2 пати неделно) и може да кажам дека кожата ми е многу чиста.
Спрејчето за коса е за сјај на косата? И јас барам нешто за сјај, не ми е третирана ама долу како сува ми е некако, без сјај иако редовно ја кратам. Па се мислев кое да го земам, имаше неколку. Од Белина го порача?
Вака читам на амбалажата пишува спрејот е 10 во 1, обновува регенерира, заштитува, против разлетување, враќа сјај итн... Пробај па види си, кај секој различно, ако ти е па многу сува можеш да пробаш со маслото од истава линија, ама не би требало бидејќи пиша не ти е оштетена. Иначе да, од Белина.