Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Производите на Неутрогена ми се откритие зимава. Како некој што секоја зима мака мачи со сува кожа на рацете и телото воопшто, а и со испукани усни - си го најдов спасот конечно.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На BoniBons, IM.TMKQ, Andrejaaaaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.012
    Пол:
    Женски
    Омилени производи за цел живот :smirk:
    Screenshot_2022-01-31-22-17-15-968_com.android.chrome.jpg
    Долготраен и со еден слој дава интензивна боја. Криво ми е само што оваа нијанса никаде не можам да ја најдам подолго време, омилена ми е.
    Screenshot_2022-01-31-21-44-36-349_com.android.chrome.jpg Screenshot_2022-01-31-21-45-48-424_com.android.chrome.jpg
    Овие два производи ми го смирија и исчистија лицево, а долго време се мачев со акни од маските. Долго време ги користам и сум презадоволна.
    Screenshot_2022-01-31-21-46-47-572_com.google.android.googlequicksearchbox.jpg Screenshot_2022-01-31-21-43-15-836_com.android.chrome.jpg
    Омилено дуо. За сјајна, чиста и коса со бранови и локни кои траат до наредно миење. Плус косата мириса преубаво после миење.
    Топла препорака од мене за сите пет (fingers)
     
    На marchi-cool, eli25, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.994
    Не знам колку години уназад (да не е декада дури можда?!) сакав да го пробам млеково, ама нонстоп "поинтересни" мачкала ми привлекуваа око во Дм. Сеа конечно го пробав и ми е едно од подобрите нешта што ги имам користено. Текстурата му е врв, вакви ги сакам, потечни. Преубаво ја омекнува кожата и мириса нежно на оној универзален мирис на крема. Супер е и тоа за некои си 100 денари. (y)

    20220201_131743.jpg
     
    На oblace1, kuc, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    12.046
    Пол:
    Женски
    20220201_190021.jpg
    Од овие два производи ми се препороди косата, добро ја хидрираат, дават сјајност и што е најважно немаат силикони, цената им е прифатлива. Сум користела многу поскапи производи, фалени марки, кои не ми помогнаја воопшто. На сите ви ги препорачувам
     
    На BoniBons, Gloria95, oblace1 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Подобар top coat немам користено.
    Минатата среда се налакирав и ставив од овој top coat, лакот тек вечерва го извадив веќе зошто ми здосади со исти нокти да седам, навикнав на 3 дена да ги менувам, сега 6 дена многу ми се видоа. :D Малку на врвовите на ноктите од вчера е излупен лакот, но нешто ситно што не се ни забележува освен ако ептен не загледаш, можев да ги носам ноктите уште два дена сигурно. Многу ми се допадна, ептен ја зголемува трајноста на лакот, a и ноктите убаво изгледаат, дава убав сјај. Од сега не планирам да престанам да го користам. Одличен производ. (y)
    [​IMG]
     
    На IamSexyAndIKnowIt, BoniBons, Gloria95 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    106.305
    Пол:
    Женски

    Одличен е навистина, јас со години го купувам само него :inlove:
     
    На crazylady, NarCis@ и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.174
    Допаѓања:
    180.742
    Пол:
    Женски
    Одличен е. Да ја пробаш и базата, супер се во комбинација.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    106.305
    Пол:
    Женски
    20220205_170433.jpg

    1. Dove дезодоранс со мирис на јаболко - уште кога го видов реков сигурно ќе ми се допадне, мириса баш на свежо јаболко и штити одлично (y)

    2. Madara city cc cream *light
    Одлична цц крема , покривноста е лесна и се надоградува , јас немам проблематично лице и покрива добро , сега зимно време ептен ми врши работа, мал недостаток што јас имам светла кожа и ми е мааалку темна ама бидејќи ставам и коректор и пудра во прав толку и не се познава :)
    Тие со мрсна кожа обавезно мора да ја сетираат зошто нема мат финиш кремата. Мириса на наполитанки , кој ја има пробано нека каже дали сум во право :D

    3. Madara spf 30 крема за сончање - исто така супер производ, ја користам секојдневно под шминка не ми го мрси дополнително лицето, тонирана е , не е мат ама ако нанесете мат камена пудра или пудра во прав лицето ќе изгледа како да имате ставено бб крема.

    4. Madara deep moisture balancing fluid
    Оваа крема е наменета за комбинирана кожа. Полу геласта е , такви креми баш обожавам. Лесна, веднаш се впива. Мојата кожа е нешто помрсна ама пак ми одговара. Ја користам веќе три месеца, преку ден и ноќ , одлична е (y)

    5. Natura siberica c-berrica eye cream

    Може имам пишано за оваа крема, ја користам од декември , геласта е, лесно се впива, дава одлична хидратација. И најдоброто има 30мл што е најголема мл што сум користела досега од креми за очи. 3 месеци ја користам и ми е до пола. Само преку ден не ја нанесувам зошто содржи ретинол.

    6. Essence princess lash mascara- прекрасна маскара , по 2 недели од отворање е уште попрекрасна :D нема зошто да се фрлаат повеќе пари за маскара навистина

    7. MAC retro matte liquid lipstick
    Најдобрата линија на кармини од Mac, и течните и обичните ретро мат се супер. Трајни пигментирани , особено со базата на Mac prеp & prime се одлична комбинација.:inlove:
    Овој на сликата е so me нијансата и иако е нешто потемна, си ја носам и преку ден. Не се копираат на маските воопшто колку саати и да ги носам.
     
    На BoniBons, Gloria95, JustBeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    16.266
    Пол:
    Женски
    Perfectly Purifying пилинг за лице од Авон

    Преубавв. Многу ми одговара на кожата на лицето, го чисти и го прави меко како на бебе, а го земав за 109 ден.

    prod_1163700_1_613x613.jpg
     
    На BoniBons, crazylady, Hortenzija и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    za sto namena e ova so pumpicata? Koja e cenata?
     
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    12.046
    Пол:
    Женски
    Млеко за коса, ја хидрира, не се измива се нанесва на влажна и е околу 170 денари
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    11.251
    Пол:
    Женски
    nivea rose.png
    Не сум фан на роза мирис, ама оваа колекција ми пријаеше супер. Баш така нежна е како и амбалажата. Спрејот не го користев, не беше вклучен во мојот сет, ама гелот, кремата и мицеларната вода ќе ги купам пак.
     
    На BoniBons, Gloria95, Guns N` Roses и 4 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    1. Ice profesional refill hair spray
    - Ми се допаѓа ефектот по нанесувањето од спрејот на мојата коса и што при фенирање не дозволува да изгори. Приметувам по врвовите, не ми се така ко метла на допир туку меки и нежни. Сепак е спреј со природни филтри. Нареден пат сакам да го пробам розевиот.

    2. Balea hair milk
    - Ова млеко е навистина убаво,а уште поубаво е што може да се нанесува низ цела коса дури до коренот и без да се мрси косата потоа. Јас го земав од кокос и баш убаво мириса, се нанесува на влажна коса а по фенирањето дава некој убав сјај.
    1434ECDB-7428-41D2-9CD6-118CACF91FA2.jpeg

    3. Mossa тоник со салицилна киселина од црна рибизла
    Тоникот има убав мирис и баш убаво ми ја чисти кожата, ми го смири црвенилото на образите и носот. Ми се допаѓа што е нежен тоник, го спречува појавувањето на акните.

    4. Revox салицилна киселина
    - За оваа киселина одамна имам пишувано,сега пак почнав да ја користам поради ситните акни кои ми се појавија.

    5. The ordinary moisturizing factor + HA
    За оваа крема имам доста пишувано, густа е и малку потешко се размачкува поради тоа што остава бела трага, богато е хидратантна една од најдобрите креми што сум ги користела.
    28278E87-5E67-4031-A289-DD4226912F2D.jpeg
     
    На BoniBons, Gloria95, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Тоникот колку пати неделно го користеше? Гледам многу го фалат, па планирам да го пробам. :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    ke se zamesam jas :) i jas go koristam istiot tonik, go stavam preku edem den, osnosno premu edna vecer
     
    На Reina.Gitana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Секој ден го користам.
     
    На Reina.Gitana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    IMG_20220215_110437.jpg
    Ептен сум задоволна од кремава.
    Има и 200 мл верзија, но вака многу повеќе се исплаќа и трае п-р-е-д-о-л-г-о.
    Бидејќи немам целосно сува кожа, но имам екстремно чувствителна кожа, мислев ќе ми е многу тешка на лице, но баш спротивно ме изненади.
    Одлично хидрира, нема парфем а има плус и ниацинамид.
    Јас ја користам само навечер, преку ден сепак преферирам гел креми, кои се за нијанса полесни и скроз се впиваат. Но за навечер е одлична, премеко го прави лицето а забележувам и ниацинамидот дава ефект.
    Би рекла за нормална, сува па и комбинирана кожа солидно би одговарала.
     
    На eli25, Salome, ана.1230 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Една од најубавите колекции за тело што до сега сум ги користела. Мирисот е прекрасен, a и доста траен, плус одлично ја хидрираат кожата.
    За жал не сум ја видела маркава кај нас, можда и да ги има додуша не знам :?:, од Србија ми ги донесоа. Баш би сакала и други видови да пробам во следна прилика, ме интересира како би мирисале и тие. :inlove: Карамелава доста нежно мириса, се заљубив скроз во мирисот. :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На BoniBons, Gloria95, Kimberly11 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. _Monroe

    _Monroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    1. Афродита - лосион за тело и гел за туширање

    Ги земав бидејќи преубаво мирисаат јас преферирам така овошни по малку киселкасти мириси
    Лосионот за тело ептен хидрира и убаво се размачкува не остава бели траги, држи мирисот подолго отколку лосионите на Зиаја, имаат и еден исто ваков лосион од арганово масло и шеа путер мислам дека беше, прво за него се фатив ама пре благо и тешко мирисаше, такви мириси не можам да поднесам

    Гелот за туширање е маслен гел со тоа што не пени, но сепак чисти како што треба, предходно користев на Нивеа ама ќе продолжам сега со овој.

    Единствена замерка ми е што немаат поголеми амбалажи, многу брзо ќе ги потрошам
    upload_2022-2-23_9-2-35.png
    upload_2022-2-23_9-3-29.png
    2. Кико Милано - молив за очи, камена пудра и спреј за сетирање

    Моливот за очи има некоја кремаста текстура и поради тоа мислев дека ке ми се размачкува но тоа е така само првите минути после тоа тешко се брише, стои цел ден не мрда на мрсни капаци и ептен е пигментирано. Сунгерчето што е на другата страна не го користам некако дебело ми е и го брише веќе нацртаното, не можам линија да подвлечам со него си користам посебна тенка четка

    Предходно користен кафеаво моливче на Голден Роуз, не се мери со ова.

    Можам тука да спомнам дека и моливчињата за уста им се предобри и вредат за секој денар.

    Камената пудра мене ептен ми се погоди убаво сетира не светнувам, остава некој убав финиш не е ептен мат и не е скроз како брашно да имам лепнато на лицето, можев да земам една нијанса посветла ама многу им се лоши светлата во продавницата тешко се проценува која нијанса ти одговара. Ова е од некоја холидеј колекција мислам дека е лимитед едишн. Кога ќе ми се потроши пак ќе купам камена од Кико, а генерално пакувањата им се преубави, јас сум од тие што паѓаат на убава амбалажа...(facepalm)

    Спејот за фиксирање исто така е супер, матира, сетира, држи доста долго, мана му е што мириса како лак за коса мислам дека еден ден ќе се угушам. Ама не останува мирисот на лицето ветрее одма.

    upload_2022-2-23_9-13-5.png
    upload_2022-2-23_9-14-15.png
    upload_2022-2-23_9-15-14.png

    3. Хада Лабо - хијалурон

    Не знаев кој хијалуронски серум да го земам па го видов овој на попуст од ДМ некои си 700 ден, се исплати и многу долго трае.
    Го ставам на полувлажна кожа веднаш после тоникот одма упива лесен за разлика од тој на новексперт густ е тешко го осеќав на кожата и бавно упиваше, ама тој не е за мрсна кожа па така да овој ми се погоди.

    upload_2022-2-23_9-31-8.png

    4. Есенц-сјај за уста

    За тие што сакаат сјај од оние што пецкаат што демек ја зголемуваат устата им го препорачувам овој, го тестирав ставив само на пола уста разликата беше богами видлива8-|
    Не ни видов дека е за тоа, обично таквите сјаеви ги избегнувам ме привлече бојата ми се виде некако убава нуд нијанса ама од бојата ништо не се познава кога ќе ставиш има некои суптилни светки што би дошле до израз под некое светло.
    Ми се свиѓа што убаво стои врз кармин и не е леплив
    upload_2022-2-23_9-39-41.png
     
    На BoniBons, Gloria95, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Маскава за коса ја користам неделава и е прекрасна. :inlove: Косата ја прави многу мека, а во комбинација со млекото за коса од кокос, косава предобро ми изгледа. Многу ми е криво што нема големо пакување од некои маски како оваа, многу ми е погодена. А да купувам мало пакување не ми се исплати. Ама одлична е 10/10. (y)
    [​IMG]

    Лабелово нема некој убав мирис ама одлично ги хидрира усните и долго останува на уснитe. Дефинитивно лабелата на Алверде се многу поубави од тие на Балеа (овие само имаат многу вкусни овошни лабела :lol:).
    [​IMG]
     
    На BoniBons, Gloria95, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.