И јас да се докопам до Авон производи, бидејќи ретко нарачувам, зашто ме мрзи да чекам и уште прашувам упорно - што не си отворат продавница? Нејсе, мајка ми го купила тоа комплетчето од 5 работи, и морам да ги испофалам следниве две: Шампонот од црешов цвет. Преубаво мириса, многу убаво и фино го чисти скалпот, и на мојата коса барем и дава прилично многу волумен. А и побавно ми се мрси некако. Ако продолжи да е вака добра до крајот, ќе морам да му се претплатам и понатаму. Овој лосион за тело, вториот на сликата. Бре бре, мераци. Преубав мирис, па и дискретни светки. Very nice.
Луѓенца ја морам да ви ги пофалам кремиве за тело од орифлејм со мед и млеко. Нешто фанстастично значи! Во истиот момент кожава ми стана мазна,мекичка,плус мирисот им трае доста долго абе милини Искрено изненадена сум,не очекував волку да бидат добри еве ги
Омилени продукти за месецов ми се следниве производи за нега на стапала од авон. Пилинг за стапала, купка за стапала, и крема за стапала. Преубаво мирисаат и релаксираат. Ми прават некоја новогодишна арома на цимет и портокал.
Оваа комбинација 3 во 1 беше во Авон. Многу ми се допаѓа, многу убаво мириса. Одпрвин си мислев дека е чиста глупост, дека ништо не прави - џабе фрлени пари. Но не е така, навистина ја укрутува косата малку и ја подига.
Ми дава дискретна црвена боја на усните, не многу нападна, баш како што сакам а истовремено ги омекнува и ги штити од штетните зимски влијанија. Супер, и тоа по цена од околу 150 денари
1.Кој се бања во пинаколада, знае! Купкава ме потсетува на лето и безгрижност, за 99 денари е супер продукт. 2.Прво бев скептик во однос на пудрава, зошто не користам пудри, многу ретко. Но после едно тестерче, видов дека има убава емулзија, точно дава чувство на гола перфекција. Заштитува, не се чувствува и лицето не е оптоварено. 3.Не одам никаде без кремава за раце. Мекушкав, убав мирис, омекнува и смирува премрзнати раце.
Mесецов имам многу омилени продукти за кои не е доволен зборот задоволна,абе презадоволна сум Toni and Guy dark brunette shampoo Spoiler Kаков сјај и дава на косата,плус не е пењаст што ми се допага,и преубав мирис има Evian facial spray Hе знам за што се користи спрејов дали само како освежувач на лицето или фиксатор,како и да е,го користам за двете,кога ке завршам со шминката се прскам на лице и ми стои шминката дури не се измијам,а претходно веднаш ми се размачкуваше Kога немам шминка така си се прскам,џоа се освежувам и убав сјај ми дава на лицето и го штити
Ми се допаѓа шампонот, и ќе пукнам што кај нас го нема, има и маска, следна прилика кога ќе одам во странство ја купувам, многу добра линија. Спрејот го користев летото после плажа за да ја отстранам солта, но многу лицто ме затегаше од него, чудно како да ми го суши.
За прв пат купувам и сум презадоволна. Го купив 110 ден., многу е густо, премногу трае, дава убава природна боја, има неодолив вкус...
Јас пред некое време си ja купив оваa крема за тело иако сум многу скептик на производите на Фелче ама мирисот на карамела ме привлече па ај да го пробам и испадна одличен! Кожата мазна,мазна.. толку убаво мириса и и дава сјај на кожата не би го менувала сега за сега.. http://www.emporioitaliano.com/images/F ... _Dolce.jpg Мајка ми ми купила еден шампон и ми вети дека бил убав пошто кога го видов така првпат бев : Шампонот е од Коприва на Херба сигурно го знаете , за сите типови коса ... Значи уште по првата употреба косата ми беше толку мека и бујна го засакав многу бидејќи со претходниот шампон на Нивеа а претходно што сум користела косата многу брзо ми се мастеше и не беше тоа тоа .. еве и слика http://www.ilirija.si/f/pics/Cvet_2/Cvet_kopriva_b.jpg
Омилени продукти овој месец ми се карминчињата maybelline 132 sweet pink,, debby pink diamond( не најдов слика) и една прекрасна маст од невен , од Regina, со прекрасен мирис , јас ја користам како крема за раце, а му ја смири сувата и испукана кожа на син ми , одлична замена за скапите лосиони :up:
Oмилена за овој сув месец Всушност, да бидам искрена, јас не ја знам вистинската намена на кремава/маст, што и да е(ако знае некој ќе бидам благодарна да ми каже) ама ја користам во ептен тенок слој после бричење, и баш никаква иритација немам Е тоа сум пресреќна, нема црвени брунки и точки А и мириса преубаво, на невен. Ја добив на поклон, ама сега му порачав и на брат ми да ми донесе од Немачка