Од секогаш сум се прашувала дали може големиве пакувања креми да се користат и за лице До сега не ти направи никаков проблем? Друг некој ја има користено за лице да сподели искуство?
Прекрасно мирисаат овие 2 гелови за туширање . Секогаш највеќе ми се свиѓаат limited edition што им се производите. По амбалажата се излажав ама и мирисот да ги купам. За таа цена, задоволна сум како мириса се кога се бањам прекрасно. Иако сум верен фан на производите за туширање на Dove, мала промена ми се овие.
Ја имам колекцијата со крема за раце, гел за туширање и лосионов. Лосионот дефинтивно би го купила пак, многу нежно и префинето мириса. Не се сеќавам дека некогаш сум помирисала нешто слично. Во составот има шеа путер, цреша, масло од сончоглед, и масло од рузмарин. Кога го користам, тој ден не ставам парфем, сакам да си мирисам на него. Душа мириса од него Плус има нежни светки, дискретни, само преливаат на светлина.Кожата мириса преубаво и по гелот за туширање од истава колекција, но штознам, сепак е нешто што се измива па затоа немам впечаток дека нешто посебно се упива у кожа, сеедно. Кремата сеуште не е дојдена на ред да ја користам. Во животов ова ми е второ моливче за веѓи, можеби 7-8 години го корисев она од есенц. Кога ќе споредам, ова е далеку подобро плус и нијансава некако ми ги "отвара" веѓите, иако мислев дека посветли нијанси на кафеаво ми одговараат. Чат пат и како молив за очи го користам, воопшто не се размачкува. Некој го сподели,па го земав да го пробам. Мислам дека подобар шампон не сум пробала, не иритира, доволно пени, не се масти коса пребрзо ....предобар, чудо.
Си ја обожавам косата после маскава Најтопла препорака од мене. Имам коса што брзо се масти и губи форма, тенко влакно, маскава дава убав сјај, форма и цврстина.
Јас спротивно И маската и шампонот најлошо нешто што сум пробала. И мене ми е таква косата, а после маската бетер
Штета. Оти навистина маскава е преубава, дури и поубава ми е од таа од Стокомак што ја фалат на форумов, и двете ги користам паралелно. Многу убав сјај дава, и форма.
Да, ептен бев надежна дека ми ги пофаливте.Ама ете не одговара Сега земав обична калос арган, од оние големите, врши работа. И пантен ми е погодена. А кои се тие од стокомак , имаш слика?
Овие Освен што мириса убаво, не е ништо посебно. Побрзо ми ја масти косата, и ми ја сплескува, немам волумен.
Јас од оваа сум задоволна дури и брзо ја потрошив. Каков сјај и дава тоа е нешто неверојатно за мене,ама јас имам густа коса.
За серумов имам доста читано и мислењата се поделени, што е нормално бидејќи немаат сите ист тип на кожа. Го користам кратко време, но ми се допаѓа бидејќи ја прави кожата мека и и дава сјај. Единствено што не ми се допаѓа е пумпицата. Маслово совршено ја вади шминката, посебно маскарата и најбитно ми е што воопшто не ми ги иритира очите. Имам и поскапи масла користено но или ми предизвикувале иритации или по миење на маслото лицето ми било многу суво.
MAC strobe cream (pinklite)- одлична крема може да се користи како прајмер пред шминката јас ја користам како хајлајтер Biome repair eye cream - одлично хидрира и мнооогу убаво митиса (на некое шумдко овошје) не е ни густа ни мн течна , златна средина единствен минус , многу е мала и скоро ми се потрошува по 2 недели користење Biome hydrogrl eye patch со пептиди Даваат одлична хидратација, свежина околу очите. Јас уживам додека ги носам. Може да се користат секој ден. Имаат 100% природен состав. Madara cleansing milk - Средството го користам кога немам мн шминка на очите , одлично вади се иако е млеко за лице. Само на водоотпорна шминка го немам пробано. MAC cleansing off face oil Вади се , буквално се за неколку секунди. Го користам секако на очи , па на останатиот дел на лицето. Па наводенувам памукче да е мокро а не мн водено и пребришувам. Има некој дискретен мирис, не ме печат очите од него ниту замаглува вид. Малку е поскапо, ама со 40% попуст го земав околу 22 евра.
Прекрасна крема за раце. Одлично мириса, веднаш се впива во кожата, а рацете ми се премногу меки и нежни периодов додека ја користам.
Шампонот на Конопка за сува коса ми ја опорави косата, ептен сум задоволна плус ми држи долго и не ми се мрси често. Плус бавно се троши,го користам месец и пол а не ми е ни до пола. Мат спрејот на Mac е еден од најубавите фиксатори што сум ги користела,ја држи пудрата долго мат и немам потреба да носам со себе камена пудра (не ни преферирам). Кога ќе се нанесе брзо се суши и не остава трага. Мат кремата со спф 15 на Леврана ми е одличен избор,многу е убава,дава мат ефект па кога ќе ставите пудра потоа убаво легнува на лицето. Идеална ми е за овој период за сега, само треба да се користи три месеци. La biome Vitamin C + 24k gold серум за лице кој по нанесувањето ја затегнува кожата (такво чувство се добива). Имено серумот е леплив кој кога ќе се размачка делува како да остава бела трага. Напротив брзо ќе се впие па кога ќе нанесете крема и крема со спф ( во мојот случај на Леврана) тоа чувство исчезнува. Приметив дека ми се изедначи тенот и дека лицето во текот на целиот ден изгледа здраво и свежо. Од кога го користам него забележувам дека поубаво ми е лицето,не го чувствувам валкано или некако тешко во текот на денот. Мислам дека вреди продуктов.
Од февруари почнав да ги користам лилјаковата маска и шампонот на Kerastase од линијата blond absolu , од маската останав најзадоволна, ја држам на косата 15мин , ја нанесувам на целата коса и косата ми е сива , најдоброто нешто што го имам користено кога се работи за лилјакови маака и шампон. Да знаете не дава голема хидратација на косата. За хидратација од оваа линија има друга маска , само што не е лилјакова.Шампонот е просечен и не би го купила, поевтина варијанта ми е на Fanola no yellow. Доколку немате бланширана коса никој од овие продукти нема да ви завршат работа.
Преубаво цветно мириса и одлично си ја врши функцијата. Се заљубив во мирисот, долго се чувствува како мириса откако ќе ставам на косата, дури повеќе и од парфемите мислам го мирисам. Обожавам тушеви со тенка четка. Овој одлично се покажа. Лесно се исцртува со него, пигментиран е, одма се суши и иако е водоотпорен со средство за шминка одма се вади, немам проблем. Не се размачкува и за таа цена е одличен.