Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    Јас иако имам комбинирана накај мрсна кожа , префектно ми одговара. Јас мислам дека како што е опишано на страната , дека навистина е за сите типови кожа. И да , овавезно и јас ја сетирам со на Laura Mercier пудрата во прав. Со здравје да си ја користиш.
    Таа pro filtr mat е катастрофална иако е за мрсна кожа, како цемент го прави лицето. Видов дека @marama ја купи па баш ќе ме интересира и твоето мислење.
     
    Последна измена: 15 мај 2022
    На buba4e89 и cooll им се допаѓа ова.
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    10.588
    Пол:
    Женски
    Искрено не верувам дека би им одговарала на оние со баш мрсна кожа, кои се жалат дека после некое време им свети лицето. Веројатно со добар прајмер + пудра во прав би била океј.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.608
    Пол:
    Женски
    На прво пробување ми се допадна иако не ја тестирав подолго за да споделам искуство.
    Деновиве сигурно ќе ја пробам по на долго па ќе пишам.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Glow cocktail - Серум против пигментации

    Мислам дека ова е совршено формулиран серум кој некогаш би произведен. Многу ми се допаѓа, како ја храни кожата, каков сјај и дава. Ниту една акна ми се нема појавено до сега. Мислев за време на викендите да го прескокнувам ама продолжив и не зажалив. Освен тоа, приметив ми се изедначи тенот и кожата ми изгледа негувано, поздраво. Се на се, продукт во кој вреди да се вложи.
    [​IMG]

    Skin solutions - тоник со салицилна киселина

    Не знам дали пишував за овој продукт ама сеуште го користам и тоа само навечер. Мислам не ми треба дополнителни продукти освен овој. За акни е одличен, барем мене минимално ми се појавуваат сега и ми помага.
    [​IMG]
    Леврана мицерална вода за лице

    Оваа вода на слепо ја купив и воопшто не се покајав, многу убаво чисти и не пече на очи. Ми се свиѓа што е речиси 99% природна и има мирис на тревки, на зелен чај. Mac маскарата тешко се вади, јас со ова вода ја извадив без проблем.
    [​IMG]
    YOU & OIL МАСЛО ПРОТИВ ВОСПАЛЕНИЈА ВО УВОТО

    Некогаш имам проблеми со внатрешната шуплина на увото, ми се прават ранички тоа ми се воздаваат востапаленија, си ставам од ова масло кое има мирис на чувар куќа. Да ми се смири воспалението, чешањето и раничката да заздрави. Многу е нежно и не пече, не е агресивен продукт според мене.
    [​IMG]

    Омекнувачки сет за тело

    Од овој сет само гелот го пробав кој многу убаво мириса, кожата е мека и мазна. За лосионот немав време ама верувам дека е добар исто. Интересно е што се идеални за travel.Сунѓерчето е многу меко.
    [​IMG]

    Гел за туширање Skin super good

    И овој гел е одличен, мирисот е ммммм неопислив. Мислам некогаш ми доаѓа да го изедам. :lol:
    Би рекла дека ја храни кожата, најважното е што после туш не се чешам. :inlove:
    [​IMG]

    Геловиве за туширање ги пробував во рок од неколку месеци, сега најдов време да пишам асална рецензија. Заслужуваат да бидат во темата ради преубавите мириси и хидратацијата што ја нудат. Јас имам многу осетлива кожа и реагирам на некои гелови и лосиони за тело. Затоа не можам да кажам дека не се добри кога едноставно ми одговараат на кожата. Оваа пена е нешто посебно, кога се нанесува на тело ( бидејќи не користам сунѓер ) имате чувство дека сте некаде на некоја фарма со цреши. Се прави се од цреши, бомбони и такви работи. Пената едноставно ви ги буди сите сетила, ве смирува. На сајтот пишува да се става во вода, јас директно на тело ставам по малку.
    [​IMG]

    Аура - сјај за усни

    Сјајот го добив на поклон, вториот од сликата и ми стана омилен. Без него никаде не одам, а и бојата е топ за секој ден. :l:

    [​IMG]
     
    На DoubleK, Nisse, Salome и 11 други им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски
    Одлична спф крема, лесна формула , светло беж нијанса што одговара одлично на лица со светол тен. Дава мало изедначување на тенот и задоволна сум како штити. Крајниот финиш е мат откако ќе се упие во кожата.

    [​IMG]

    Novexpert серуми (хијалуронска киселина и витамин Ц)

    [​IMG]

    [​IMG]

    Месец дена како ги користам серумите на Новексперт, тој со вит Ц го користам наутро пред кремата со спф, а другиот навечер на полу влажна кожа. (Го имав земено тој во мини верзија за да видам како ќе ми се допадне)
    Презадоволна сум и од двата , не се густи по состав, лесно се впиваат во кожата особено со користење на витамин Ц имам забележано голема промена во однос на изедначување на тенот.
    Исто така ми се допаѓа што е добро заштитен од светлина , да не навлезе воздух и сл со тоа што е добро затворен во вакумирана ќесичка :)
    [​IMG]
     
    На Salome, Annath, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Косата почна да ми фаќа првут.После консултација со дерматолог ми го препиша шампонов.Медицински е и после првото миење забележав разлика.Има упатство како се користи.Треба да се нанесе само на коренот и тоа во ограничен број пати.
    Исто така е добар и за габични инфекции на кожата(флеки).
    Цената му е многу пристапна скоро 200 денари.
    le-1505.jpg
     
    На Anie93, Waverly Raven, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    2.310
    Пол:
    Женски
    Само овој ме спасува:D
     
    На simoncelicius и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам….

    Крема за лице со спф 30 Моса

    Кремата е пигментирана и многу убава, се прилагодува на кожата. Пред неа не ставам крема бидејќи самата крема е доста богата,дава некој сјај ама ако се остави подолго време упива. Предобро штити. Многу ми се допаѓа.
    A7A3D54C-E465-4712-9854-EB53DA2220D4.jpeg

    Пена за лице со витамин Ц

    Во последно време приметив дека многу ми одговараат продукти со витамин Ц во составот. Ја имам мини-верзијата од пената и навистина е многу убава. Чисти убаво,по неа кожата е мазна. Ја пробав и на очи и навистина не пече.
    99BEDD18-2E7B-4102-863F-C64D7F3FF362.jpeg

    Маска за коса со кавијар

    Имам сува коса и оваа маска мислам ме прероди. Дава добар сјај, ја прави мека и свилена на допир. Штета е што нема поголемо пакување.
    144DA0A7-5383-4D2F-8423-4B3973791A56.jpeg

    Спреј за сува коса

    Овој спреј е за заштита на косата од топлина при користење на фен. Искрена да бидам ја штити косата,но не може да се забележи од првите неколку пати. Треба да се користи подолго време.
    7FCC85F6-600F-490A-B5CA-9DF136596E49.jpeg
     
    На EMoonlight, Luminary, Salome и 7 други им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    6.535
    @buba4e89 За Моssa сакам да кажам и јас, преубава, вака личи на пудра ама кога ќе ја размачкаш на лице само ти дава убав сјај и изедначување на тенот и супер штити. После неа пробав фактор од Sundance што ми ги изгори очите и плачев цел ден, и Levrana Pink што никако не се размачкува. Е сега, единствен проблем што го имав со Mossa е што буквално сегде ми оставаше траги, цела куќа ми беше ишлакана од неа. Откако ќе се намачкав, да измијам раце, цело лавабо ми беше обоено и тешко се миеше. Ми оставаше траги на маица, и по неколку саати да го потпрев телефонот на лице, цел ми го мачкаше. Баш би сакала да продолжам да ја користам, ќе преминам и преку цената, само да знам да се справам со проблемов.
     
    На Bananki023, naturally, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Не сум приметила оти цело време сум во црна работна униформа,освен тоа кога ќе дојдам од работа веднаш мијам лице и немам забележано ништо. За Леврана пинк го делам истото мислење остава бел траг и на маицата имав бели траги,тешко се мие отпосле. Можеби треба да дозволиш да упие барем пола час и тогаш не би имало проблем.
     
    На blueeparadise и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    И јас ја користев лани и имаш право за трагите, потоа почнав да ја сетирам со пудра во прав и немав проблеми
     
    На blueeparadise и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    1. Freeman маска за лице со глечерска вода и божур
    [​IMG]
    Многу е убава и освежителна на лицето. Дава чувство како ладење кога ќе се нанесе, па за овие топли денови ми е омилена за користење. :inlove:

    2. Quiz - балсам за усни со алое и шеа путер[​IMG]
    Од стокомак го земав доста евтино, но убаво се покажа. Барав повторно да го прекупам, но немаа, не знам дали уште го имаат во продажба... Долготрајно е на усните, има помрсна структура, има сладок вкус и усните се добро хидрирани.

    3. Balea балсам за раце и нокти со камилица
    [​IMG]
    Одлична е за хидратација на кожата на рацете и мирисот доста ми се допаѓа. :inlove:

    4. Alverde лабело од мандарина
    [​IMG]
    Веќе го пофалив во темата за лабело :lol:, но периодов омилено ми е, иако имам повеќе лабела, по него највеќе посегнувам. Вкусно ми е ептен. :lol: За хидратација и квалитет лабелата на Алверде се број 1, но одлично е што ова има и убав вкус и мирис, бидејќи вообичаено нивните лабела ми се невкусни и со тежок мирис. :rofl:

    5. Essence stay matte liquid lipstick 01
    [​IMG]
    Нежна нијанса за секој ден, а кармините им се со доста пристапна цена. Трајноста е добра, останува неколку часа на усни, но ме нервира што остава траги по шишиња и чаши. Со други течни кармини во принцип немам таков проблем, затоа и ги обожавам, ме нервира многу траги од кармин насекаде да оставам. Но, ми се допаѓа сепак. Можеби ќе купам и некоја друга нијанса, сепак за таа цена се солидни.

    6. Essence soft & precise lipliner 203 My advice
    [​IMG]
    Нијансата е прекрасна, трајноста исто, многу убава пигментација. Ми се допаднаа моливчињата многу, првпат земав од Essence и планирам да земам уште нијанси. Ме изненади квалитетот према таа цена.

    7. GR - Nude Look Lipgloss 01 Nude delight
    [​IMG]
    Многу ми се допаѓа сјајчево, го носам и самостојно и во комбинација со други кармини. Најубаво ми оди со класичниот кармин од истава nude look колекција што го имам. :inlove: Баш е погоден за сезонава.
     
    Последна измена: 28 мај 2022
    На Anie93, joy1, simoncelicius и 12 други им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски
    Колку само ПРЕКРАСНО мириса овој гел за туширање :inlove: значи мирисот е колачиња печени со чоколадо , штотуку извадени од рерна. Со ќерка ми си викаме постојано како не земавме барем уште едно пакување. До јули додека дојдам во Мк кој знае дали ќе го има во продажба. Дали има и други производи со овој мирис?

    [​IMG]

    Маска и пилинг на Pulpe de vie 2 во 1

    Одличен пилинг за лице, зрнцата се густи, и општо маската е густа многу ми се допадна што дава некој сјај одпосле кога ќе се измиеш. Мирисот толку не ми се допадна, го очекував да е киселкаст на портокал и сл.

    [​IMG]

    YSL Mon Paris

    Веќе некое време почнав да го користам парфемов на YSL, спаѓа во група на пудрести парфеми со ноти на круша, палули ,мешавина на јагоди и малини..
    Одличен парфем , наменет за луѓе што сакаат по сладок мирис на парфеми.



    [​IMG]
     
    На Anie93, joy1, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. My name

    My name Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И јас сум заљубена во мирисот на колачиња:inlove:
    Со сигурност има крема за раце. Истата ја имам и е предобра! Остава меки дланки со длабок мирис. Мирисот баш трае на дланките. Ефектот на дланките е како да се кадифени после нанесување на кремата. Само многу е мала 30мл спакована во мала метална кутија.
    Не сум баш сигурна, но мислам дека имаше и лабело со овој мирис. Баш ако ме носи пат до дм деновиве ќе проверам за сигурно.

    п.с. дали парфемот е траен?
     
    На simoncelicius и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    Е фала ти :) се ќе земам доколку начекам :D
    Да да доста е траен :)
     
    На My name му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hatula

    Hatula Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Ова масло за двојно чистење на лице. Имам користено неколку различни, но ова дефинитивно се покажа како најдобро.
    B1471E78-CAFA-45E0-8973-EB265C6BB2E2.jpeg
    За сува кожа, путерот за тело од Веледа мене ми се покажа како одличен. Се впива брзо и не остава мрсен слој врз кожата.
    8CCAE2F5-4A98-4149-949F-CF5A530ADADF.jpeg
     
    На Katie90, Guns N` Roses, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    1. Catrice - Lashes to kill
    [​IMG]
    Убава маскара, водоотпорна, не се пресликува, дава убав волумен. Минус и е само што тешко се вади, но со сите воодотпорни маскари ми е исто, па тоа очекувано ми беше.

    2. Balea - гел за миење лице
    [​IMG]
    Доста беше фален тука, стварно е преубав. Розевиот ми беше исто убав, но овој уште повеќе ми се допадна, па се префрлив на него сега. Темелно го чисти лицето, прекрасен производ. (y)

    3. Balea sensitive крема за раце
    Screenshot_20220621-235232_Chrome.jpg
    Верен фан сум им на кремите за раце, само секој месец различен тип им купувам. Убава им е и оваа крема за раце, мирисот многу ми се допаѓа, нежен е и свеж. :inlove:

    4. Balea - балсам за коса
    [​IMG]
    Од колекцијата за коса со кокос само уште ова го немав пробано. :lol: Доста евтино е, а за тие пари е супер. (y) Лесно се чешла косата, нежна е, слично ми е како млекото за коса. :)

    5. Balea - балсам за нега на стапала
    [​IMG]
    Убаво мириса, веднаш се впива во кожата, лесна структура има и одлично си ја врши функцијата. (y)

    6. Malizia bath foam
    [​IMG]
    Прекрасно мириса и овој производ, после туширање цел стан мириса на него. :inlove:Јас по мириси на производите се лажам и по убави амбалажи. :rofl:
     
    На Waverly Raven, Anie93, lovemme и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.240
    Пол:
    Женски
    Коректоров ми е совршен, густ е, но лесно се размачкува и доста е покривен.
    Претходно го користев Aura Correct Me ама многу беше водест и не ми покриваше ништо. Затоа овој ми е ептен погоден.
    maybelline-fit-me-concealer-68-ml-08-nude-1582029930.jpg
    Овој лосион за тело исто така ми е погоден, мириса онака баш како крема, суптилно и веднаш се впива.
    vaseline-moisture-body-lotion-500x500.jpg
    И моливчињава на Есенц се супер, посебно за таа цена.
    images.png
     
    На Snowflake99, koritsaki, Katie90 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    14.921
    Пол:
    Женски
    Odlicna :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • download (5).jpg
      download (5).jpg
      Големина на фајлот:
      4,2 KB
      Прегледи:
      9
    На Reina.Gitana, anggell, Andrejaaaaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.623
    Пол:
    Женски
    Сите производи на Cottage што за жал ги нема во Мк. Овие два ги имам моментално, мирисот е врв.
    293F8029-7EDD-4D69-8864-65062EC9C22D.png CA645C17-F20E-428C-8EA9-1CAF324AEDCC.png

    Салицилната на Ревокс. Одлична за цената.
    DD7D1CFB-8E0A-439A-BBD6-21F4CF0684DC.jpeg
    Путеров за тело што случајно го земав од Космо поради примамливата амбалажа. Одличен е:inlove:
    CCA86AF1-8D1B-4009-AF55-6686C7B18F99.jpeg
     
    На koritsaki, Skorpija25, Astrum.Obtutus и 2 други им се допаѓа ова.