Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.995
    Што пари е? И на што мириса, не е јасно од амбалажата? :D
     
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.623
    Пол:
    Женски
    Да не те излажам, ама мислам дека беше 400 денари. Мирисот не можам да го дефинирам, ама има нота на бадем и премногу трае, кожата на телото ја држи премека што мене ми е важно бидејќи ми се суши.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  3. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    14.339
    Пол:
    Женски
    Definitivno moj omiljeni produkt na mesecot, Lacalut multi efekt plus po preporaka na @Annath , odlicna pasta moite zabi se nikogas podobri, zabite mi se prirodno pobeli i gingivite pozategnati bar taka osekjam, golema blagodarnost od srce pozz :l:
    20220617_173504551.jpg
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Anie93, simoncelicius и 12 други им се допаѓа ова.
  4. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    За козметика за лице имам потрошено мало богатство до сега. За на крај да ги пронајдам овие два производи кои заедно чинат околу 300 денари и ја вршат скроз истата функција.
    Пената ја користам како 2 чекор после маслен чистач. Нежна е не го суши лицето. Како 2 step у рутина е перфектна.
    Кремата ја користам после серум, како last step, лесна е, брзо се впива а лицето е хидратирано. Од мое скромно познавање и составот и е океј.
    За 300 денари од мене имаат 10ка F22EABAA-8079-44B5-8AB1-87522C197EE0.jpeg
     
    На NoirSerpentine, IamSexyAndIKnowIt, simoncelicius и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    14.921
    Пол:
    Женски
    IMG_20220630_134853.jpg
     
    На Цунами, koritsaki, Emotional123 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Love Elixir

    Love Elixir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    127
    Каде ги има?
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.514
    Пол:
    Женски
    Го користев и претходно, не е само од месецов.

    fb7cfc64379bb0ccfff0da1d2fc0bcda.jpeg.jpg

    Путер за тело, микс од јасмин, ванила и јаболко. Ај што хидрира и ја прави мека кожата, ама и многу убаво мириса :f:
     
    На Bellaa1234, Hortenzija, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Се од Белина,освен сјаевите.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Додека сите спијат јас на раат да си напишам мислење…

    Novexpert serum Vitamin C booster

    Конечно успеав да го почнам најдобриот серум на сите времиња, серумот што ја храни кожата. За тие со мрсна кожа продуктов е идеално створен бидејќи дава убав изглед на лицето, помалку се мрси а притоа изгледа негувано. Според цената мислам дека вреди,како што пишував од пред некое време од еден тестер бев задоволна,а сега од цело пакување презадоволна. Освен тоа, ми се нема појавено акна и тенот ми е изедначен. Топла препорака од мене.
    5C8C94AB-9EDA-47B8-897C-748F3BA5C9AE.jpeg

    Skindivision масло за сончање

    Со двете раце потпишувам дека брзо се потемнува од него без да се изгорите. Мрсен продукт со светки,добивате убав бронзен тен. Не погрешив што го избрав за оваа сезона.
    D95DE047-49FE-417C-93E0-94B05EF134B8.jpeg

    Маска за коса од кавијар

    Маската е за оштетена и фарбана коса, го враќа сјајот и мекоста. Со оглед на тоа дека се фарбам оваа маска ми ја прави мека и нежна, како и на лицето така и на косата посветувам внимание.
    61EA7F1E-4D99-4584-B5FA-BA6A54B095B8.jpeg

    Natura Siberica пена за лице

    Од сетот само пената ја пробав и можам да кажам дека е одлична,мирисот е преубав. Длабински чисти и ја хидратира кожата. Оваа пена од 75мл ја потрошив брзо па ја купив таа од 100мл.
    54E94666-383D-4FDD-88F4-937F7A9CC94C.jpeg

    Organic shop маска лице и мат крема за лице

    Се работи за два различни продукти. Маската е за мрсна кожа,кога ќе се нанесе имате чувство дека сте нанеле нешто премногу мрсно но тоа е привремено. Додека делува на некој начин го извлекува вишокот себум а по измивањето дава чувство на пресушена кожа. Лично многу ми се допаѓа бидејќи ми нуди нега и хидратација,а чувството на пресушена кожа не трае долго. Кожата изгледа чиста и нахранета.

    Матифирачката крема за лице е наменета исто за мрсна кожа,на почетокот имав некоја фаза на whiteheads.Ми излегуваа по нанесувањето но со текот на времето исчезнаа. Кремата е мат идеална за преку ден но јас ја користам навечер. Дава минимално чувство на затегната кожа. Нејзината текстура не е густа ниту течна нешто измеѓу така што лесно се нанесува и се става малку. Во глобала и двата продукти имаат одлична моќ врз кожата и со уште подостапна цена.
    EFE33023-30B6-4A3E-8FF0-F75FAD56D952.jpeg 511EEAB1-A052-4675-9C3C-69797A490CD9.jpeg
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Hija.de.la.luna, EMoonlight и 8 други им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски
    Clinique superdefense spf 25 & night recovery moisturizer

    Овие две креми ги имам купувано веќе неколку пати, двете се тип 3/4 за комбинирана до мрсна кожа, пакувањето на дневната крема е сменето доаѓа во портокалова кутија, а немам појма во составот дали е нешто променето.
    И двете се доста хранливи креми, ноќната секако е доста погуста , но сепак не е мрсна воопшто. Тргнав по smart линијата , но ме премисли продавачката дека многу рано ми е за таа линија, по 40тата година ќе можам да ја пробам.
    Одлични креми , богати со антиоксиданси, општо за козметиката на Клиник ја користам со години и никогаш немам да кажам нешто лошо.

    Estee Lauder day wear eye cream

    Геласта крема за околу очи наменета за сите типови на кожа. Дава одлична хидратација, може да се чува во фржидер за поголем ефект на ладење. Ми се допаѓа што брзо се апсорбира и не остава чувство на лепливост на кожата.
    Оваа линија на Есте ја обожавам, ги имам купувано дневната и ноќната крема кои што се доста слични со тие погоре на Клиник.

    20220709_153143.jpg
     
    На Hija.de.la.luna, simoncelicius, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски
    Bourjois velvet rouge lipstick

    Од декоратива, најомилен производ на месецов се токму овие кармини на Буржуа. Од оваа линија има два типа , но мене повеќе ми се допаднаа класичниве кармини.

    Ги имам нијансите 02 и 05, 05 е нијансата која што ја носам премногу , прво мислев дека е некоја дреч боја , но се изненадив колку убаво ми стои. Карминиве се неверојатни , се нанесуваат како путер на усните и ЕДИНСТВЕНИТЕ кармини во ваков облик што не ја сушат устата. Карминот не се чувствува на усните. И иако е класичен кармин , долготраен е како течните , откако ќе се нанесе се суши и останува било што и да јадете и пиете.
    Ги имав земено за некоја смешна цена 5 евра со попуст на Notino.gr

    [​IMG]
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Dream-Girl, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    378
    Ги има ли во парфимерии или на друго место??
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски

    Ги има во Дм, Космо тинекс , шатци :)
     
    На lovemme, FridaodaMk и Caramell им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    1. Fresh feel - спреј за тело
    Не можев слика да најдам на нет, па еве моја. :D Го земав на некој попуст во дм, околу 150ден беше. Има свеж и убав летен мирис. Го осеќам на мене 2-3 час, значи нема некоја трајност, но од вакви спрејови многу и не очекувам. Најубаво ми е кога ќе ги нанесам и се освежителни и убаво мирисаат. За таа цена ми се допаѓа како мирисаат. :inlove:
    20220721_150909.jpg

    2. Catrice - lift up waterproof mascara
    Преубава маскара, четката е одлична, ги расчешлува и раздвојува убаво трепките, дава убав волумен и не се пресликува. Плус лесно се вади со средство за шминка. (y)
    [​IMG]

    3. Гел лаковите од Essence
    Многу брзо се сушат, убаво се нанесуваат, а и трајноста е добра. Планирам уште некоја нијанса да си земам, ми се допаднаа ептен. :inlove:
    [​IMG]

    4. Balea - сув шампон за коса
    Ист е како и сите останати суви шампони од Балеа ама мирисот е преубав за периодов. :inlove: Штета што е limited edition, се мислам да му направам залихи. :D
    [​IMG]

    5. Balea - пилинг за тело
    Од истата лимитирана колекција е како и сувиот шампон. Исто убаво мириса, но и пилингот е одличен. Сакам понежни пилинзи зошто имам нежна кожа, па овие од Балеа ми се погодени некако.
    [​IMG]
     
    На Anie93, Guns N` Roses, lovemme и 13 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.067
    Пол:
    Женски
    4CEDA874-9FFB-470F-B683-AA02C45A04F5.jpeg

    најубавиот спреј за тело.Мириса пре преубаво и свежо.Јас прскам и на лице и на тело,а го чувам и во фрижидер за по убав ефект :D
     
    На NoirSerpentine, IamSexyAndIKnowIt, Anie93 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    33.473
    Пол:
    Женски
    1. Afrodita - Česen šampon
    Мислам дека само јас го немав пробано овој шампон.:D Ми го препорача другарка и можам да кажам дека е најдобрата одлука што сум ја направила за мојата коса. Мислев дека ќе мириса на лук, затоа и го избегавав, ама не. Косата ми мириса преубаво и што е најважно - не ми се мрси толку често, а мене претерано ми се мрси. Не би го сменила за ништо!
    Го пробав и тој од кокос, ама не ми се допадна како овој.
    06DED297-9FC3-435C-A41E-5D7350EA45DF.jpeg

    2. Pantene - регенератор
    Исто и ова ми е ново откритие, фала на другарката.:D Регенератор сум заборавила да користам, а сум заборавила и колку мека ја прави косата. Буквално ми е како свила од регенераторов, едвај чекам да одам да си ја измијам косата со него, е до толку.:D
    CC84E204-CE6C-4F41-B1CD-081E1BD416EF.jpeg

    3. Balea - крем за тело со светки
    Случајно го видов во ДМ и велам ќе го пробам, летно време многу ми е убаво така да светкам. И не сум згрешила. Светките се толку нежни, ама забележувачки. Многу светат ама така како да си природно светкава, а не дека имаш ставено.:sun: Се надевам дека ме разбравте што сакам да кажам.:lol: Мирисот исто така многу ми се допадна, како glow goddess се осеќам кога ставам. :inlove:
    924B5CA9-E144-4DC0-ACC2-707FFC55DF8F.jpeg

    4. Armani - Si
    Како ли можев ова да го заборавам? :D
    Толку комплименти во животот не сум добила за парфем како што добив за овој во последниот месец. :inlove: Мирисот е фантазија, а и мислам дека скоро на сите овде ви е добро познат.
    160D6531-C700-4362-B015-DBE61574E40B.jpeg
     
    Последна измена: 27 јули 2022
    На NoirSerpentine, IamSexyAndIKnowIt, Anie93 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.307
    Пол:
    Женски
    Vichy dermablend пудра во прав
    Одлична пудра за мрсна кожа, супер сетира и при сликање со блиц или без блиц нема flashback


    Maybelline superstay vinyl lipstick-

    Трајни, убаво мирисаат а најинтересното е што изгледа како да сте нанеле сјај за уста, а впрочем е мат. И не се брише со ништо друго, само со масло или двофазно средство

    Dior backstage concealer

    Ми се допаѓа многу, исто како и течната пудра, доста покривен е , мириса минимално според мене на нешто цветно, има четкичка и така се нанесува. Пишува дека е водоотпорен, тоа не сум го проверила :) го сетирам со пудрата на Виши.

    20220802_155908.jpg
     
    На simoncelicius, Reina.Gitana, Lavender4 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    716B2540-1AFE-477F-A293-9DB230B37F50.jpeg

    1. Балеа дезодорансот ми е најубав од сите овој. Не знам дали уште го има мене ми е последно шише.
    2. Балеа маслото за лице ми е врв, некој кажа не вадела водоотпорна маскара јас ја извадив беспрекорно. Совршено чисти,а и цената е солидна.
    3. Есенц маскара дабл трабл ми е просечна но овде ја вметнувам поради убавата четка. Им дава волумен на трепките.
    4. Карминот на Мејбилин ми е совршен, мат и сјаен 2 во 1. Мана е што се лепи, мене не ми пречи.
    5. Катрис прајмер за лице за мрсна кожа - предобар е, ја држи шминката цел дн и притоа ја одржува мат.
    6. La biome eye patch - ја осветлуваат темната кожа во пределот околу очите, ја хидратира и освежува. Многу се добри навистина.
     
    На simoncelicius, Maca Macka, Kimberly11 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Одличен е и многу убаво мириса. :inlove: Има убава хидратантна и нежна формула. (y)
    Планирам да пробам и други производи од колекцијата од козјо млеко на Ziaja, бидејќи овој производ ептен ми се допадна.

    [​IMG]
    За сува и сензитивна кожа потврдувам дека е одличен. Без мириси е и функцијата си ја врши одлично. (y) Би го прекупила пак.

    [​IMG]
    Најубавата крема за раце што сум ја користела. :inlove: Има пријатен мирис, веднаш се впива во кожата, прекрасна е. (y)
     
    На Waverly Raven, Snowflake99, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.