1. Катрис бронзер- ич не е портокалов, многу убав сјај дава и совршен е за лето 2. La roche posay cicaplast- кремава чуда прави против црвенила,флеки од акни, смирува кожата преку ноќ. Лицето го прави меко и мазно. Откритие на векот. 3. Fenty сјај- вреди за секој денар, мириса преубаво и сите ме прашуваат што имам на усните 4. Есенс маскара- ептен евтина а многу добра маскара, ги издолжува трепките, ги чешла убаво без да ми прави грутки, дава и волумен. 5. Лореал шампон со хијалуронска киселина- најомилен шампон ми е, многу пати го имам купено до сега, мека ми ја прави косата и сјајна. Иначе имам мрсна коса ама не ми ја мрси дополнително. 6. Катрис коректор- многу убаво покрива и делува природно, за лето ми е многу погоден го користам место пудра на места кај што имам да покријам нешто. 7. Aura молив за веѓи- најпогоден ми е до сега.
Dr. Hauschka маска од глина, ептен помага за чистење на кожата, зошто многу често средствата со СПФ ми ги затвараат порите. Embryolisse Lait-Crème Concentré, дава добра хидратација после користење на маската.
Млеко за чистење на шминка за очи и лице - бев скептик за овој производ , меѓутоа чисти одлично, нема парфем внатре, нема алкохол, вади лесно секаков вид на шминка, бев презадоволна од нивниот путер за вадење шминка , но поттајно ме копкаше да го пробам и ова.. Ова што го имам јас е наменето за комбинирана масна кожа Одлична маскара на Korres , дава волумен и ги издолжува трепките , за таа цена (9 евра) е одлична маскарата. Исто така дава и интензивна боја на трепките плус не се рони
Морав да ги испробам јас сум презадоволна..го тестирав некаде 5 часа, јадење, пиење, баш добро издржа и не се избриша. Единствено малку се пресликува на чаша а на кожа нема никакво пресликување..текстурата е лесна малку е леплива но мене лично не ми смета тоа
@Caramell И мене не ми смета лепливата структура ама не ми се покажаа трајни како мат кармините нивни... Некако очекував повеќе, мене овие одма ми се бришат ако пробаш да ги избришеш и со обична палома, не пак со средство за шминка, а мат кармините се мачам да ги извадам дури и со средство за шминка. Сепак ќе им останам верна на матот, овие и се поскапи, а и некако не ми оставија впечаток толку. Можеби дека беа премногу фалени, па очекував повеќе. Не би ги сместила во производ што не би го купила повторно, но не знам, во скоро време најверојатно нема да ги прекупам. Битно преубаво мирисаат, тоа ми се свиѓа кај карминиве, сите имаат толку убав мирис.
Јас само со палома не можев да го извадам..ниту со гел за миење лице. Само со мицерална вода. Тестирав и на рака, цел ден, никако не се отстрануваше. Секако малку изгуби на пигмент но за целосно да го отстранам морав со влажна марамица....и мене ми се допаѓа мирисот
@Dream-Girl сега се сетив..кога истражував за кармините пишуваше добро да се протресе пред нанесување. Можеби знаеш но се сетив па да пишам
Да да, пред да го купам и јас многу читав за карминов. Со сите кармини што не се мат имам ист проблем со трајноста и лесно бришење.
Производи кои ги користев последниве два месеци се следниве, а сум претежно задоволна. Се извинувам ако ми се повторуваат некои. На почетокот на користењето гелот воопшто не ми се допадна, почнаа да ми излегуваат некои ситни акни кои веројатно биле предизвикани од гелот, и ми беше суво лицето, но откако продолжив да го користам забележав дека убаво ми го чисти лицето, акните исчезнаа и сувоста беше намалена. Знам дека од гел очекувам резултат веднаш и брзо донесувам заклучок што ми е маана, впрочем не е лош продукт. Спрејот од оваа линија исто го користам второ шишенце и сум презадоволна. Јас ја имав мини- верзијата, така да оние што имаат мрсна кожа/ комбинирана кожа, сензитивна исто така можат да го користат. Од сите гелови од Белина овој исто така ми беше најубав. Чувството на чисто лице беше незаменливо. Го прави лицето мазно и посјајно, а мислам дека продукти со витамин Ц најмногу ми одговараат во лето. Дефинитивно е производ кој би го купила повторно. Исто како гелот од Novexpert така и овој гел ми е број еден. Многу убав специфичен мирис, создаден за комплетно чистење на лицето, за остранување на сите нечистотии. Го прави лицето мазно, меко и имате чувство на чисто лице. Искористив две пакувања дури, наредно идење повторно ќе го земам. Ако нешто ми има помогна за изедначен тен тогаш тоа е овој серум со Витамин Ц, Го користам од Јули месец и можам да потпишам со двете раце дека е предобар. И баш поради тоа што е предобар сметам дека според цената е преценет. Треба да е барем за сечиј џеб достапен. Од друга страна ова што го нуди е навистина изненадувачки но резултатите се одлични. Го користам наутро во комбинација со кремата со спф 30 на Моса и ми држи цел ден. Не можете да очекувате резултати веднаш. Ако немам време да го чекам да упие наутро нормално дека ќе ми биде сјајно лицето. Имам забележано дека лицето ми изгледа здраво, освежено и чисто. Намалени ми се темните кругови околу очите, но исто така многу убаво ми легнуваат пудрите. Одличен е за несовршености, флеки од акни. Оваа мат крема на почетокот не ми се допаѓаше ми даваше чувство на презатегнато лице, но со текот на времето почна да си легнува не знам некако да се навикнува на моето лице. Ми се допаѓа што упива веднаш. Ја ја користам навечер и кога ќе станам наутро станувам со лице без ниту една акна и помалку мрснотија. А сега малку да се свртам кон шминките Во последно време сите се свртени кон популарните Vynil Ink кармините на Мејбилин така што и јас си купив една нијанса. Ми се допаѓа што е 2 во 1 сјаен и мат, мене првиот пат брзо ми се избриша бидејќи не го потресов пред отворање ама после тоа дефинитивно ми стоеше долго. Би си купила и други бои. На исто ниво со Мејбилин Stay matte би ги ставила мат кармините на Севентин само што овие на севентин не ја сушат устата и се подобри од Stay Matte. За жал, првите многу ме разочаа усните ми изгледаа ко изгризани а и самиот продукт не беше во ред нешто. Севентин се ептен добри и вреди да се проба, мат. За сега толку нареден пат ќе дополнам...
Не знам искрено, да не те лажам. Јас го платив овде кај мене скоро 14 евра ако ги донесат ќе бидат речиси иста цена со тие на Мејбилин.
Омилен парфем ми е периодов. Често посегнувам по него, многу ми се допаѓа, а и шишенцето е многу слатко. Спрејчево за тело ми е омилено летово. Има убав нежен мирис на јагода, си го носам во ташна за шприцање, го обожавам, доста и пофалби сум добила за него. Ме привлече амбалажата за да го купам ама убав излезе и производот, мирисот е пресладок. Значи овие производи што им се од лимитирани колекции им се врв, највеќе ги сакам. Овие лосиони им се преубави, го имав порано зелениот, го земав сега овој за да сменам мирис само. Веднаш се впиваат во кожа, лесно се размачкуваат, убаво мирисаат и нежна и хидрирана е кожата.
Последниот лосионот го имам зелениот и многу тешко ми се размачкува, океј ја прави кожата, убаво мириса ама прееебела ме прави додека се размачка убаво, али вреди како и да е
Мене па овие од Балеа лесно ми се размачкуваат, но тој другиот од кокос од Балеа што им е поголемо пакување, таков ист проблем имав.
1. Balea дездоранс Ова ми мириса преубаво и не е скапо, мислам дека беше околу 80 денари. И од кокос ми е многу убаво, ама некако како да мириса на ванила повеќе неголи на кокос , како и да е, убавки ми се ептен ради мирисот а и трајноста му е солидна 2. Alverde моливче за уста Бојата ми е преубаваааа 04 berry нијансата исто ја имам ама 16ка ми е поубава. И двете се nude нијанси и траат долго. Само оти се моливчиња убаво хидрирајте си ја устата пред да ставите оти знаат да ја сушат малку 3. Felce купка за тело Само јас ли секогаш му на навраќам на Фелчето? Мирисот ме потсеќа на моето детство, моите скоро секогаш го користеа кога бев помала па тука се вљубив и јас во мирисот