Мене и шампонот ми е 10ка, го немав сменато 5-6 години, убаво мириса и ми дава волумен. А на домашниве не им бил убав. Сега и омекнувачот за алишта го купив, преубав.
Омекнувачот неќна во ДМ го видов, ама цената не ја забележав. Колку e? И дали трајноста е добра? А за тоа колку убаво мириса можам да замислам, сѐ ми мириса преубаво на фелче
Од Тинекс го зедов, околу 160 денари беше. Го немам пробано за трајност, ама ако е како другиве производи, не се сомневам.
Nip&fab clay mask За маскава пишував пред некое време и повторно ќе пишам дека е број 1 за акни. Мене ми излезе една во пределот под очите и веднаш нанесов од маската,резултатот е неверојатен, акната се засуши и се повлече по некој ден. Самата маска брзо по нанесувањето исчезнува од лицето а по миењето лицето е мазно и меко. Само треба да бидете упорни и трпеливи за добри резултати треба да се нанесува барем два пати неделно првиот месец,а потоа по потреба. Во однос на цената е скапа околу 25€ пакувањето е големо,а количински се нанесува малку. Во Мкд за жал не може да се најде. Pixi collagen toner Овој тоник е мешавина на колаген и пептиди кој не содржи алкохол. Брендов брзо се прослави во доба корона,одамна сакав да го пробам и конечно го купив. Неговата формула е наменета да го спречи стареењето на кожата, текстурата е лесна брзо се впива. Ги израмнува нерамнините на кожата и помага во ревитализација на истото, исто така нуди и хидратација. Мене лично ми се допаѓа, баш е убаво лицето потоа. Негативни страни нема во поглед на акни или црвенило. И мислам дека мали пакувања на тоници повеќе ми се интересни. Цената е 12€ за 100мл. Mac pro longwear conceal Имав роденденски попуст во Mac кој не знаев за што да го искористам па по препорака на продавачката го земав овој. Не зажалив воопшто,предобар е. Совршено ги покрива темните кругови и е доста траен. Има голем избор на нијанси.
Soft flower Balea Овој спреј ми е еден од незаменливите,многу убаво мириса и трае. LRP CICAPLAST COLLECTION Оваа колекција на почетокот не ме привлекуваше, но се тетовирав и барав нешто за брзо заздравување на раната. Продуктот со спф50 многу ми помогна, но не знам зошто има спф50 ако на кутијата пошува дека не е продукт за сончање. Како и да е,обичната крема ја користев за одреден дел од телото исто така ефектот беше зачудувачки. Дерматолошкиот гел многу ми се допаѓа,комплетно чистење на лицето без да го суши. Идеален е за оние со чувствителна кожа според мене. Dr. Konopka anti-hair loss shampoo Шампонов е исто предобар особено кога се работи за опаѓање на косата,после месец дена опаѓањето е намалено на дневно ниво по три-четири влакна,за разлика од претходно каде цели прамени ми паѓаа.
OPI Infinite Shine 2, нијанса Passion - најдолготраен лак што досега го имам пробано, нијансата дава природен изглед и е супер за секој ден. KORRES Probiotic Super Dose маска за лице, ја имам во мини пакување, секогаш после користење кожата изгледа освежено, пишува дека е потхранувачка, ама мене ефектот ми е повеќе за хидратација. NOVEXPERT детокс маска со розева глина, најчесто ја користам после вежбање или кога сум цел ден излезена со шминка на лице. Супер чисти и не ја суши кожата.
Dr. Konopka шампон со рузмарин Шампонот постојано го купувам, го користиме јас и ќерка ми. Дава волумен на косата и ќе ви биде супер доколку имате мрсна коса. Единствена мала забелешка е големиот отвор и некогаш знае да ми истече нешто повеќе но со тек на време се привикнав Natura siberica ice keep my blonde (Шампон, регенератор, маска) Мислам дека имам пишувано за шампонов на темава, користам веќе второ пакување, одличен е доколку имате бланширана плава коса. Балзамот и маската се исто супер, и двете не се воопшто тешки и не ја мастат косата. Mossa vitamin cocktail 5in1 day cream Лесна крема , наменета за дехидрирана мрсна кожа , веднаш се впива и дава супер хидратација. Исто така мириса пре прекрасно!
Во потрага сум по крема па ми фати око оваа на Моса. Каков финиш има? Да не е многу мрсна? И дали ја користиш и сабајле и навечер?
и јас ја имам испробано, нема мат финиш. Не е воопшто мрсна туку како што рече @koritsaki веднаш се впива, лесна е. Можеш и навечер и наутро, не гледам причина зошто да не
Не е мат, ама веднаш се впива ја користам и сабајле и навечер. Од истава линија има и ноќна крема , па здравје ќе ја купам кога ќе дојдам Мк
- Гелот ми е ептен погоден, акните побрзо ми поминуваат од него. - Лаковиве ми се супер трајни, моментално имам ставено од catrice само еден слој од една потемна нијанса што ја имам и веќе 4ти ден терам со него, со минимално лупење на краевите. Тој од аура е на попуст во ДМ месецов и е 125 денари.
п Каде ја има пудрата и која цена е? Колку време држи мат? Овие на Лореал се ептен суви, иако изгледаат добро и мат. Па да ја пробам и оваа на толку пудри
Јас ја купувам во Космо околу 560 денари мислам дека беше. Исто така ја има и онлајн на декоратива класик и е намалена моментално на 495 денари. Трајноста е супер, а со комбинација на камена пудра има уште подобар мат изглед. Пробај ја и верувај нема да зажалиш, јас сум воодушевена од пудрата.
Го користам шампонот од истата линија, и јас имам коса што брзо се масти, шампонот мириса ептен убаво и трае до следо миење мирисот. Ама ич не дава волумен, некако тешко си ја осеќам косата, чекам да го дотрошам за да земам некој за волумен. Некој шампон за волумен што нема да ме разочара по не знам кој пат