Завршува месецот па да ги пофалам продуктите што ги користам од почетокот и какви резултати забележав. Np+fab retinol fix night serum Производот го начекав на 50% попуст и решив да го земам, на почетокот не очекував вау ефект ама сепак има изненадувачки ефект. Пакувањето е со пумпица што е практично и не е воденеста текстура, туку густа и леплива што брзо се впива во кожата. Го користам навечер со мат кремата од тиква од Органик Шоп. Најпрво забележав резултат околу порите, ги минимализира речиси не се толку видливи, фините линии речиси ги нема, кожата е мазна, мека и хидратирана. Идеален е за возраст 30+ поради анти-ејџ состојки ама помагал и за флеки кои бледнеат по одредено време но јас не можам да забележам бидејќи ги немам. Ретинолот е во многу мал процент 0,3 што мислам е доволен за мојата кожа и затоа што со претходно искуство со појак немав баш ефект. Се на сѐ, комплетно убав продукт. Nip+ fab vitamin c fix serum Како и претходниот така и овој серум е со пумпица а текстурата е густа но не е леплива. Одличен продукт кој ја храни кожата, се грижи да изгледа свежа,здрава и хидратирана. Идеален е за сите типови на кожа, можат да го користат и трудници. Забележав дека ми го изедначи тенот, немам црвенила,иритации, нема акни што ми се допаѓа како легнува на мојата кожа, а особено кога ќе нанесам од Моса спф 30 кожата го задржува минималниот сјај од спф кремата а другото го впива. Лицето е беспрекорно чисто, освежено а мирисот е одличен. Највеќе го препорачувам за зимскиот период каде кожата е посува. Organic shop гел за туширање од Макадамиа Гелов е солиден производ кој и нуди хидратација на кожата, безбојна формула со минимален мирис кој не се чувствува баш, но кожата по туширањето е убава, мазна и мека. Идеален е за оние кои не сакаат агресивна формула на гелови за туширање т.е. за сензитивна кожа/осетлива. Сосема е доволно едно до две пумпања за да се нанесе на кожата.
Омилен производ на векот! Мислам дека ништо друго не ми помага за ситни бубуљици повеќе од масло од чајно дрво.
Етерично масло од чајно дрво, меѓутоа да си го земеш ова на ЕСИ, тоа е чисто. Го има во зегин, околу 300 денари. На времето беше 211 Помага и за некои несакани израстоци на телото. Мене ми има снемано нешто како тртка на прстот од секојдневно мачкање. Не се нанесува на цело лице, само локално со ушалка каде што има потреба, или пак во маска од глина за лице по неколку капки.
1. Мицеларна вода со зелен чај на Леврана. Вади сѐ, и водоотпорна шминка, без иритации и печење како други слични производи. Мирисот не е нешто нај нај, ама не ми пречи. Пристапна цена, дефинитивно производ кој долго време ќе го користам. Спојлер 2. Rejuvenating serum на Натура Сиберика, серум со хијалурон и сквалан, преубав за кожата, дава одлична хидратација. Спојлер 3. Radiance face serum на Натура Сиберика. Дава сјај и здрав изглед на кожата. Не ги користам истовремено со претходниот серум, овој обично наутро го ставам. После него задолжително оди спф крем. Спојлер 4. Novexpert the repulp cream со хијалуронска киселина. Со еден збор одличен. Е сега скап е доста, ама кремов има одличен ефект на кожата. Јас зедов мини верзија за да го пробам. И самостојно и после серум дава убава хидратација, ако има црвенило и суви делови ги хидратира и омекнува. И лицето свети со него, буквално како да има светки самиот крем. А нема, ама дава таков изглед на кожата. Навечер го користам обично, сабајле кожата е премека. Спојлер
Продукт ОМИЛЕН ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ. Конечно совршениот хидратантен-мат крем за масна или комбинирана кожа. Не ми се верува колку мазна, матирана а сепак со природно убав минимален сјај ја прави да изгледа кожата. После нанесувањето лицето е како порцелан. Го користам околу 10 дена и забележав дека лицето не ми е така суво-затегнато туку ми изгледа се по мазно, хидрирано и осветлено. Такви резултати немав ни од целосната рутина. Го користам и тоникот од истата линија но подобри резултати има од тоникот со гликолна киселина + оваа крема или хијалуронска киселина + кремата. Се става малку за да може да се размачка убаво и да се впие. Јас навечер по серум ставам повеќе од кремата и подолго и треба да се размачка и впие, околу 5мин. ја масирам со кружни движења додека не исчезне белото и тапкам за побрзо да упие. Ефектот е уште по мека и матирана кожа. Преку ден ставам по малку од навечер. Единствена штета е што ефектот кај мене не трае повеќе од 1час. Мене по 1 час проширените порички веќе ми светкаат со маснотии. Не знам зошто и нема што не пробав, нема спас од масна кожа. Барем сега има совршена крема која дава совршени ефекти. Пресреќна сум дури и само за тој едночасовен ефект. Друг поризвод од кој што сум задоволна и планирам да го користам и понатаму е шампонот за волумен на Konopka. Шампонот е органски и има мирис на билки нешто мента.. Јас имам долга и права коса и брзо спласнува по секој шампон. Од овој шампон сум задоволна дека волуменот се задржува околу два часа ако ја сушам косата надолу. Дава сјај ама и не ја прави косата толку мазна и тенка, некако е сјајна но сепак сува баш како што сакам. Претходно "пола коса" ми паѓаше по миењето, а и општо онака насекаде... додека со овој шампон одма по првото миење престана да ми паѓа коса, нормално по некое влакно ама не и цели топчиња влакна. Пишува дека со регенераторот заедно даваат максимални ефекти ама не го земав оти немам потреба да користам регенератор, не ми се плетка косата и мазна е. Трет ТОП производ омилен на месецот, а и доживотно е тоникот со гликолна киселина и витамин Ц на Биеленда. Пишав и порано за него. Го имав запоставено кога почнав со други активни состојки, а сега пак му се вратив и за 10 дена лицето повторно ми се врати во нормала. Мазна текстура, убав сјај, осветлена и освежена кожа. Ги изоставив сите други состојки и почнав пак само со гликолна и одма снемав иритации, нерамнини, акни, ситни бубулици итн... Не знам дали е само до гликолната киселина како состојка или и до брендот е ама резултатите од овој тоник се милион чекори понапред од рутината од Белина. Стокомак ме нервираат крајно зошто веќе не ги носат производите на Биеленда, совршени се, а со пристапни цени, посебно овие со PHA се воодушевувачки екстра.
Има производи во Стокомак од марката, е сеа за тоников не знам дали го има. Имаше креми, пилинзи, пена за лице, мицеларна вода...пред некој ден гледав баш.
Дали има некој кој можеби е задоволен од продукти за зголемен раст на косата? Гледам дека во странство користат масло од рузмарин на Mielle, но бидејќи тој продукт не е достапен тука, дали можеби некој знае добра алтернатива?
Имаат Bielenda ама нема од линиите со активни состојки. Барем во мојот град нема и тоа оддамна. Зошто не ги носат кога гледат дека доста се трошат не знам.
Омилена крема за околу очи, ја користам два месеца , одлично хидрира, се впива веднаш , не е мрсна... и мириса преубаво за 30+ е наменета Одличен тоник полн со антиоксиданси, лицето го остава чисто и сјајно. Чиста 10ка! Одлични производи за нега на сува коса, мојата е плава , бланширана и шампонот и маската одлично омекнуваат, наменети за брз раст на коса но рано е уште да кажам дали помагаат се на се одлични производи
Неколку продукти што ги започнав да ги користам и пред крај на минатиот и почеток на овој месец. Ла роше посеј ефаклар дуо… Кремата одговара за мрсна кожа,има лајт текстура што прави веднаш да се впие во кожата. Нуди убава хидратација и го матира лицето. Многу убав финиш има, не е тешка на лице. Би ја земала и со спф верзијата некогаш да ја пробам. The ordinary sun cream spf 30 Овој заштитен фактор има погуста текстура,остава сивкаста боја на лицето бидејќи самиот продукт е таков. Му треба малку повеќе време да се впие, го имам носено многу повеќе од 8 часа и едина маана му е што ја мрси кожата и се осеќа тешко лицето, но заштитата му е перфект. Мене не ми смета ни што остава сивило,ни што се мрси после некое време. Пакувањето е средно,нанесувам мала количина па така сметам дека ќе ми трае повеќе. Essence туш за очи Најновите тушеви за очи на оваа фирма се одлични за таа цена што ја нудат иако сметам дека вредат повеќе. Тој во форма на мини маркер е водоотпорен дури ни со мицерална вода не можам лесно да го извадам. Продуктот доаѓа со тврда четка во мало мини пакување со кое може прецизно и лесно да се нацртате. Одличен за мрсни капаци. Вториот е кафен туш кој иако бојата е темна мене ми се допаѓа,исто е добар за мрсни капаци. Брзо се суши и потешко се вади,четката му е мека и цртањето (лично мене) е малку потешко. Maybeline lipglosses Овој за кратко време ми стана омилен, не е како другите сјаеви што се лепат, не е мат туку е сјаен. Многу убав продукт,нијансата што ја земав е прекрасна,има мини светки внатре. Еве која нијанса ја имам јас: Четчето е доста практично,за прецизно нанесување,а мирисот е волшебен. Би зела и други нијанси.
MUA палета за очи blush nudes Многу пигментирана, одлична палета за утринско и вечерно шминкање. Од кога ја купив само по неа посегнувам MUA lipgloss- Heartfelt Го комбинирам со nude кармини, не лепи , не се чувствува дека го носиш, нијансата одлично ми стои , одличен! Не сум некој љубител на сјаеви ама овој е навистина прекрасен Lavera pure beauty 3in1- маска , чистач и пилинг за лице Овој продукт го купувам по втор пат. Го користиме јас и ќерка ми , има ситни гранули внатре и освен како чистач , се кориати и како пилинг и како маска. Но бидејќи е густ по структура , најчесто за пилинг и маска го користиме и јас и ќерка ми Масло за пред миење , за фарбана и оштетена коса Dr.Konopka's restore herbal oil no 52 Ова масло исто така по втор пат го купив и го користам, многу ми се допаѓа дава одличен сјај, не ја мрси косата, јас ставам неколку пумпици иако ми е кратка косата и ја завиткувам во крпа и така ја држам косата најмалку пола саат. Потоа нормално ја мијам со шампон 2х и маска. Го препорачувам особено на тие што имаат фарбана коса.