Преубава текстура, се топи на лице и преубав мирис. Но, му давав шанса на 3 пати, после секое користење огромни акни ми искочија. Еве скоро два месеца, уште ми стојат на лице, не се заздравени. Имам комбинирано лице, не го препорачувам за користење освен ако немате сува/нормална кожа.
Не ми се мрси често косата и не ми предизвикува иритации што ми беше доста тешко да најдам таков шампон.
За маслово и јас имам пофални зборови. Конкретно имав поткожно влакно кое ми се инфицира, за 2-3 дена се излекува инфекцијата со маслото.
Имам комбинирана кожа склона кон акни а гелов ми го исчисти лицето скоро па и да немам активни акни. Бев скептична за оваа марка на производи обично гледав да земам органски производи но сум била во заблуда. Имам болни поткожни акни и чудово некако ми ги повлекува постепено. Инаку премногу пече кога ќе го нанесам но се исплати доста добро делува. Треба константно нанесување и трпение за да видите резултат.
1. Mossa Glow Cocktail серум за лице Претходно бев многу задоволна од маската, па сега редно беше да го пробам и серумот од истата линија. Серумот на Моса за кратко време го покажа своето дејство врз мојата кожа и направи да се заљубам во ефектот и резултатот. Ја осветлува кожата, го освежува тенот и дава сјај на лицето. Во составот има дива капина и дуња, кои се полни со витамин Ц и нудат помазен тен како и заштита од пигментации. Серумот за лице може да се нарача од веб сајтот bellina.mk, да се купи од нивните штандови или од ДМ. Цената се движи 715 ден. во ДМ и 745 ден. во Белина. 2. Organic shop пилинг за тело од малина Одличен пилинг за тело со екстракт од малина и природен шеќер кои заедно во комбинација ќе придонесат за нежна, природна ексфолијација на телото. Мене лично многу ми одговара, има и преубав мирис, а за најдобри резултати се препорачува користење два-три пати неделно. Пилингот може да се нарача од веб сајтот bellina.mk, да се купи од нивните штандови, Космо или од ДМ. Цена: 325 ден. 3. Balea glossy touch кремасти гел за туширање Можеби најдобриот Балеа гел за туширање кој некогаш сум го користела, штета што е лимитирано издание. Толку многу сум задоволна што си купив уште три пакувања од ДМ за да искористам дури го има на залиха. Има прекрасен, нежен мирис на цреши и санделово дрво кои ќе го обезбедат потребното, релаксирачко задоволство и после туширањето ќе ја остават кожата свиленкасто мазна и сјајна баш како и самиот негов назив. Цена: 59 ден.
Го забележав во дм, некој нов производ е, се мислев дали него да го земам или овој Ама не погрешив што го одбрав овој со рицинусово масло Препорака е од челкна од форумов.
го земав за против опаѓање,ама и не ми се мрсеше толку косата. инаку такво ми е влакното тенко а темето за нигде,зејтин може да произведам следен пат баш ќе го пробам тој што ти го препорача
И мене често ми се мрси, преубава ја прави косата, мирисот е преубав, но со тој после неколку користења почна да ми се мрси. Ама секоја кожа на главата е различна. Пробај види.
Color correcting го имам, многу сум задоволна. Служи за изедначување на тенот, во него има спф исто така. Го елиминира црвенилото, дава некој сјај на лицето, но не го мрси. Од него се става многу малку, помалку и од нормална крема.Јас препорачувам малку руменило и сјај/кармин, кога се носи, да не изледате многу бледо. Дефинитивно не е за потемен тен, или за во лето. Мене ми одговара. Го земав од Сефора. Пак му се вратив на омилените путери за тело од Лидл , за во зима.Многу бавно се троши, а имам премногу залихи
Од овој вид на маска јас ја имам користено уште одамна таа со праска (или манго беше ) и беше предобра. Оваа од кокос ја немам забележано, а баш пред 1 недела бев до дм. Ја има ли уште?
Преубав мирис , се топи на лице брзо се впива. Остава мазен и сјаен финиш . Ми стана омилен производ. Би го земала повторно
Моите три фаворити Искрено мислев дека сувите шампони се безвезе ама додека човек не проба нема да знае. Ова чудо прв пат го купувам и ми е must have for all life. Пишува дека е за темна/кафена коса. Спас ми е посебно наутро кога станам во косата за нигде а сум прва смена. И ова е нешто што цел живот ќе го користам и секогаш ќе се навраќам. Беше новитет на торба.мк минатата година и ми испратија пакетче на тестирање. Совршенство. А и долго трае. Почиста кожа сум немала. за екстра хидратација посебно во летен период пред СПФ кремите ова е фантазија.