Кога бев помала, во средно школо 1ва година, мајка ми користеше еден серум од АВОН од Планет Спа линијата, зелено шишенце. За врат и деколте. Се сеќавам дека она иамаше некои минимални брчки, а од серумот од првото шишенце што се мачкаше, имаше неверојатен ефект. Вратот и деколтето и се измазнија ептен, значи ептен. И јас дури пробав, не знам зошто, знаев оти не смеам ама пробав, а кај мене ептен ми го омекна делот околу вратот и деколтето. Чудно, не верував на серумите од Авон ама ете сум погрешила дека немаат квалитетни прозиводи.
Ако ти треба и ако сакаш можам да прашам жената што нарачувам од неа, многу години работи во Авон и често имам земано нарачки од кај нејзе на залиха што ги нема во каталог.
Изненадена што повеќето не го зброуваат серумов За таа цена мислам дека е предобар и забележав разлика после 2 користења. Топло го препорачувам, еден од подобрите серуми според мене
Најверојатно овој серум го нема сега за сега за нарачка, чекаме повеќе инфо па ќе те известам дали ќе може да се земе. И јас го чекам, предобар е.
Пилингов буквално ја пегла кожата. Со оглед на тоа што имам мрсна кожа, воедно сензитивна, склона кон акни, досега ниту една хидратантна крема не ми се погодила, бидејќи секоја имала некоја состојка која ми прави проблем. Оваа на Neutrogena е првата крема со која немам никаков проблем, а воедно си ја врши работата.
Помазно, побело ми е лицето, изгледам посвежо и акните ми се намалија. Делувам негувано, за разлика од некои други креми кои не ми делуваат, изгледаш ко ништо да не користиш иако ставаш. Овој серум го користам со комбинација од Hyaluronic Acid серумот на REVOX (и тој е со ок цена) така да сега за сега имам супер резултати
Мене ми е океј, одма упива, воопшто не ја ни чувствуваш, а одма приметив разлика на кожава. Веројатно не ти одговарала некоја состојка... Моја претпоставка е презервативите.
И двата производи се ВРВ. За масна дехидрирана кожа. Polar White Birch целата линија на Natura Siberica ја користам. Средството за миење лице/пилингот, тоник и крема. Уште нешто мислам имаше не сум сигурна. Кремата на Neutrogena ептен ми одговара, можам да ја ставам на ист ранк со Nivea хидратантната крема, слична амбалажа. Убаво го навлажнува лицето и не го мрси дополнително. Убав сјај дава. Дефинитивно омилени продукти на животот! Овој серум ми го уништи лицето, му дадов многу шанси, лицето ми изби целосно, црвенила и акни, цело лице ме печеше. Сега само рафтот ми го пополнува, збира прашина.
Shteta. Jas podole pishav deka go koristam vo kombinacija so ushte eden serum i stavam samo navecer so privremeni pauzi (ednas do dva pati vi nedelata ne stavam) ovaa rutina mi odgovara, shteta shto it didnt worked for you
Серумов, преубава ми ја прави кожата, ептен ми се погоди. Дефинитивно пак ќе го земам кога ќе се потроши
Заљубена сум во овие. Мирисот е фантазија а и долготраен е. Моливчето за усни на аура уствари го користам како кармин нанесувајќи на цела уста. Преубаво изгледа. На крај ставам малку од сјајчето.