Natura siberica anti ox blueberry Оваа линија од НС почнав да ја користам во декември, серумот е двофазен, се протресува убаво па се нанедува по миењето на лицето. Дава супер хидратација и ми се допаѓа особено навечер да го користам. Малку е мрсен , ама ништо страшно. За лето не знам каков би бил на моево мрсно лице, ама до тогаш сигурно ќе го искористам. Кремата со спф 20 е со хемиски фактор , малку е густа за мој вкус кога се работи за дневна крема, ама бидејќи е уште ладно не ми смета, не ми го мрси лицето. Еднаш пробав да ставам како што се става ктема со спф , ама не ми се допадна воопшто, ја чувствував тешка на лице. Кремата - маска ми се допадна највеќе од сите три производи, не е густа како дневната и се впива одлично , воопшто не ми го масти лицето а се чувствува дека дава хидратација. Сите три производи мирисаат како средството за миење , фантазија
За каква кожа се и за што поточно се наменети, каков ефект и какви резултати дават? И како се користи крем-маската?
Крем маската ја користам како и обична крема. Наведено е за дека се за сите типови кожа, ама јас на мн масна не би ги препорачала. Сега зима на пример не ми е толку мрсна кожата па ми одговараат. Содржат антиоксиданси, хијалуронска, нијацинамид , даваат супер хидратација, а немаат антиејџ состојки , може секој да ги користи јас не очекувам некаков ефект да дадат ,немам некој проблем со лицето
Ја користев месец ипол кремава (ми ја дадоа на поклон во Сефора , 15 мл) одлична како и другата што ја имам неколку пати користено, разликата е што оваа е за сите типови кожа и од кога ќе се нанесе , лицето добива некоја нијанса како да има бб крема. И мирисот одличен, на краставичка како и целата линија. Чистачов за лице на Моса ми е омилен чистач месецов. Во вид на крема е не е баш геласт, не ја суши кожата, прекрасно мириса.
Мадара Сос серум за сува кожа Серумов од кога ми е купен дури периодов го почнав, значи најидеален за зима кога е посува кожата. Јас го користев дур бев во Македонија, ми ја хидратираше кожата. Го користев навечер. Но, имав акна која морав да ја стиснам за да истече гнојот па нанесов од серумот и другиот ден немав ништо. Нема некој убав мирис, ама вреди за парите. Освен тоа ја штити од пресушување кожата и притоа таа изгледа здрава и свежа. So bio etic light cream идеална за комбинирана кожа,има лесна текстура и брзо се впива. Ја користам навечер, така што маснотијата не ми се познава наредниот ден. Многу убав продукт и мислам дека би била топ и за потопли денови. Мадара рол-он серум со салицилна киселина. Се нанесува стриктно на акната, малку пецка но има ефект. Треба да се користи по редовно, јас го користам кога имам некоја подлабока акна и ми помага.
Godina dena go koristam dve imam , predobri se za eksfoliacija ama nezna,ubavo mirisaat ne e jak mirisot, moze i za posle depiliranje / bricenje na nozete ubavo vi e ova da se pomine so skrabov. Vo dm go ima jas go zemav namalen 300 denari tolku otprilika e do 400 golemo pakuvanje e dolgo vreme se koristi !
и јас имам комбинирана кожа, од so bio би ти препорачала да ја земеш двофазната мицеларна вода. Предобра е, совршенство.
Конкретно на сликава е Lancôme Miracle, пред некој ден го купив и Versace Crystal Noir, за таа цена им се претрајни искрено. 10/10 препорачувам. 400 денари се 30ml, така што како за проба прв пат мислам дека е таман. Имаат добар избор на парфеми, во East Gate им е продавницата. Да се едитирам, го заборавив и ова: Ништо не функционира толку добро во зимен период на сув студ како ова. 200 и нешто денари е во аптеки, е малку помрсно во однос на други лабела/балсами, но многу добро штити и негува.
Маскава ја обожавам. Ми ја прави косата свиленкаста и мека. Втора најдобра маска што сум ја користела ever. Омилена крема за раце дефинитвно. Убаво впива и ги прави рацете нежни и меки. Дискретен мирис. Со години ја користам. Ниту една друга крема за раце не можам да поднесам (освен la roche).
Овие не на месецот, мислам на годината ми се фаворит, Cosrx acne pimple patches. Jaс ги земам од coslovemetics, шлапам на акните што ми искачаат во пмс периодот, влече све од нив, и ме спречува да си ја чепкам и корнам кожата. Glycolic acid од the ordinary Ja имав земено за тело, за strawberry skin, и помага навистина. Меѓутоа пред некое време снемав салицилна и ја имав само оваа по дома, викам ај ќе пробам на лице да ставам. Значи ми го среди лицево врв. Ја користам 2/3 пати неделно, навечер. Multi peptide lash and brow serum - the ordinary Искрено скептична бев за ова многу. Го користам само на трепки, на веѓи немам потреба. И искрено се покажа како ептен ефикасно. Ми пораснаа трепките и не ми паѓаат толку.
тие лепенките за акни како се користат? Т.е откако ќе се залепат колку време треба да стојат така, колку пати треба да се лепи на една акна....
Се препорачува 6-8 саати да се држат на местото, јас најчесто преку ноќ ги ставам. Инаку колку пати треба да се лепи на една акна е индивидуално, се додека има внатре што да извлече можеш да ставаш. Јас користам една до две.
Долго време го барав Diplona шампонот за волумен но никаде го нема во мојот град. Овие се чиста 10ка, совршена замена, шампон + регенератор од истата линија. Баш како што сакам ми ја прават косата. Имам права коса која не се заплеткува, и не сакам да ми биде сјајна и мазна, туку сакам волумен и не толку светкава и мазна, туку по матирано мазна. Дополнително овој шампон ја осветлува косата, мојата е светло кафеава а кога ќе ја измијам и исушам после шампонот и регенераторот ми е скоро светло смеѓа. Нежен е, од многу малку прави пена. Убаво и нежно мириса и трае мирисот. Додека дејствува регенераторот на влажна коса со прсти поминувам, расчешлана и како свила ја прави. Ја сушам надолу, првиот ден држи волумен екстра, 2-3 дена не се масти и има колку толку волумен. Се надевам нема толку брзо да ми се засити косата од овие, не ја ни мијам секој ден веќе, ми дојде паметот. Овој шампон и млекото за коса (без регенераторoт во средина) ги користев кратко пред да ги почнам Гарниер. Шампонот ја омекнува косата, а млекото убаво ја расчешлува и дополнително ја омекнува и ја прави свиленикасто мазна(како што не сакам јас). Убаво мириса млекото и трае мирисот. Но другиот ден косата ми е масна, и не ја осветлува како овие погоре. Некако потемна ми е косата по миење со линијата од Балеа. За секој што сака свиленикасто мазна коса овие се добри за таа цена. Не се WOW како Гарниерот но вршат добра работа за цената навистина.
Не се сеќавам одамна, да сум била задоволна од некој производ толку многу. Скоро све купувам, менувам производи и не гледам разлика да има на моето лице. Ова е производ вреден да се сподели тука Околу 500 денари, го има во Белина, во ДМ... Со три вида на цинк, против лачење на себум. Освен што помага против создавање на акни, мислам дека и прочистува пори и секако се користи како навлажнувач на кожата. Ќе го земам и гелот за миење на лице од истата линија
Не на месецот, туку омилен производ за цел живот. Кој пробал знае, мислам дека нема некој незадоволен од овој спреј кои има одлични намени и за лице и за тело. Јас сега го користам само за регулација на себум на челото, но ми помогна кога го користев порано за акни на грб и за maskne во време на короната.