Неможев да најдам слика од мојот омилен продукт а тоа е Caterina Arley камената пудра, која си ја купив за 120 денари и преубава ми е. Купив камена пудра, колку само да ми помине меракот, пошто имав наумено да си купам, ама оваа не ја заменувам за ништо.
Баш спас за се, се шљлапам по цело тело , башка имам сува кожа, башка ја користам за изгореници, акни, лишаи и незнам уште што, а бе иљач
Овие влажни марамици ми се најомилени,секогаш си имам дома а и во ташна.Дури и за отстранување шминка се многу добри. :up:
ова има функција на сув шампон и враќање на изгледот на штотуку миена коса... што значи дека ако денес ја измиеш косата, утредента веќе ќе почне да покажува знаци на мрсење... тогаш ова го земаш во рака, ја делиш косата дел по дел и прскаш на корењата... скоро иста функција како онаа техника на бебешка пудра на корењата од косата, со цел да не изгледа мрсно се надевам помогнав и во тинекс е од прилика 180 или 190 денари
Вазелинот го купив заради тетоважата и сега сум зависна од него, помага буквално за се, од распукана уста до пети.
ух една крема од Бугарија ја увезуваат јас ја земам по набавна цена на големо на природна база на билки е ,се користи и за лице и за тело,јас имав и проблематична кожа и мн ми помогна меѓу другото на сите што ја препорачав се презадоволни и ме благословуваат кремата чини 5 евра или 300 денари а е преубава
нели увек после фризер на сите косата ни е таква сјајна и се мислев што чуда ставаат. и така еден ден срам-несрам викам дај ќе си ја прашам фризерката и ми го кажа ова. и стварно маскава чуда прави...
мене фризерката ми ја нарача од таму она кај што ги зима по набавна цена, али види ваљда по сите поголеми маркети од типот на Веро ја има.
Хмм.. Мој омилен продукт месецов ми беше римелот од Авон за поволуменозни трепки. Ептен сум задоволно, плус не остава црни траги под очите
На времето јас ја користев истата маска, не се сеќавам каде ја купив, мислам во Ким, за 250 денари, ако не и 300 денари, одамна беше, маскава е вистина природна ама е за оние кои имаат суви и крути коси, мене ми ја омлитави косата колку што се сеќавам не ставив многу, па и ја дадов на мајка ми бидејќи се фарба мислев ќе и се погоди но и на неа и ја омлитави косата, а мирисот е неповторлив, ептен е убав.
Да даа машкиот му крадам на дечко ми ,го баталив HEAD AND SHOLDERS и си си туширам со овој ми се засвиѓа некако