Девојки а смее ли ова да се прска и преку шминка? Или е само за на чисто лице? Би го земала само затоа што го намалува себумот а мене ни со ниацинамидот не ми се регулира лачењето. И само во пакување од 150ml постои? @Ano @Reina.Gitana
Може да се користи и како фиксатор за шминка, но јас искрено го немам така пробано за да кажам искуство. Пакувањето го има само во 150ml и до крајот на овој месец го има на акциска цена од 369 ден. во ДМ
Хаха значии одма кога ве прочитав влегов во месечниот каталог затоа што таму постојано е на попуст ама не ме привлекувале спрејчиња за лице никогаш па не сум го купила од таа причина. Сега дефинитивно ќе го земам.
Само мене ли никаква работа не ми вршеше спрејчево за погоре што го зборите? ми беше баш како обична вода да прскам, на La roche posay и Vichy ми се одлична замена плус поевтини
@simoncelicius јас пак ова го имам користено https://www.mccartanspharmacy.co.uk/products/uriage-baby-copper-zinc-spray Нњ знам дали е исто ко тоа горе, видов цинк па викам да кажам. Сакав и ја нешо слично а некев пари да давам аптекарката ми го препорача ова. Не беше лошо цело го потрошив.
Se ama bas se od esence e ekstra. Mene omilen proizvod za Fevruari mi e Eucerin cream PH5 . Ekstra e. Ефтини цени на парфемиве бре.Врв.Не над 1000.Фала на совет.
Пошо ја земам втор пат сакав да споделам искуство. Првиот пат ја земав по грешка, бев тргната по друга и тек дома приметив дека не е таа што ја мислев. Сеедно, се покажа многу добра и мислам дека ќе ја користам многу долго. Има лесна текстура и состав, може да се користи секој ден, јас ја користам како маска 2 до 3 пати неделно, ми е доволно. На лице се чува кратко, остава неверојатно свежо чувство после измивање. Со пудри немам некое големо искуство. Во средно почнав со Макс Фактор долго време, потоа со години ја користев на Есте Лаудер. Откако последната на есте и помина рок а ја немав потрошено ни 20% и ја фрлив решив да ја пробам оваа на Лореал. И сум многу задоволна. Има малку поводлеста текстура од онаа на есте која беше сува на која и бев навикната, има сосем солидна покривност, ми го изедначува тенот и што е најбитно ми трае неколку часа без светнување. Има и некои мали светки кои се сосем незначително приметливи, бар мене не ми сметаат. Знам дека јапонска и корејска козметика зема замав последниве години, но лично јас секогаш предност сум давала на француска козметика и со право никогаш ме нема изневерено.
Пудрава од Лореал е нешто најдобро што го имам пробано од пудри. Многу слична е и Хелти микс ама има погрд мирис што мене малку ми сметаше. За сува кожа најдобра дрогериска пудра според мене е баш оваа на Лореал.
1. MАC mattifine anti shine control прајмер за лице Најдобар прајмер што го имам користено до сега. За мрсна кожа е одличен, пудрите многу убаво се нанесуваат и траат цел ден. Сите прајмери ги имсм пробано од МAC до сега и ниеден и се немаше допаднато, овој нема никаква врска со останатите. 10 од 10 2. Mossa wild plum antioxidant bb cream Оваа бб крема ме изненади позитивно. На почетокот ја имав од тестерче и нешто не бев воодушевена, сега секој ден по неа посегнувам само, пудра оддамна немам ставено. Со камената MAC blot трае се додека не се измијам лице. Не е многу покривна , ама е мат , супер е за комбинирана мрсна кожа. И мирисот е супер. 3. La vie en rose - long keratin mask/ oil маска за коса и масло Го земав сетов за коса , тука во Грција на женава земаат замав нејзините производи општо за тели, лице и коса, имав купено шампон, маска и масло за раст на коса, од шампонот не бев нешто воодушевена , не беше лош ама ми требаше поголема хидратација. Маслото беше wow , косата ми растеше како луда од него. За маската да не зборам каква хидратација дава, и да не зборам како мириса (на ливчињата миризливи што ги собиравме како мали ) маслото не би го купила зошто немам потреба од него повеќе, ама маската, да
Јас имам комбинирана кожа со масна Т зона, пудрава ми е одлична. Зачудувачки, попогодена од претходните пудри што беа конкретно наменети за комбинирана/масна кожа. Прелесна ми е. Мирис нема јак, не го осеќам па не ми смета. Лореал генерално ми е топ козметика. Јас сум исто фан на кармините.
1. Catrice lift up mascara Задоволна сум од четчето и трајноста на маскарата, видов дека ги донеле водотпорните па за летоска ќе ја земам и таа. За моиве мали трепки екстра е, плус интензивна црна боја остава. 2. Ziaja cleansing face wash Овде ќе ја тагнам @Ugly Duckling бидејќи ме прашуваше за гелов. Многу е убав,комплетно чисти идеален за комбинирана и мрсна кожа. Едина лоша работа е одвратниот мирис, брзо се навикнав. Не сум го пробала на очи ама верувам пече. 8/10 давам само ради мирисот. 3. Uriage cleaning face and body wash Овој ми го дадоа во аптека да го користам за тело, имав алергија многу ме чешаше цело тело и имав лишаи. На почетокот немав ефект освен привремено смирување на чешањето но со тек на време ефектот беше задоволувачки. Наменет е за сува кожа, екстремно сува исто без сулфати и парфеми. Верувам дека оние кои имаат сува кожа на лицето ќе им одговара. 4. Ампули за лице против темни кругови Кој има живци да ги употребува овие само напред, непрактични за користење ама ефектот е ок. Ги ставам во оваа категорија чисто ради тоа што ми ја намалуваат подуеноста и осветлуваат кожата во тој дел. Иако сум забушант и не ги користам редовно, со една ампула терам барем трет нанесувања.
Фала шо не ме заборави. Јас го купив тоникот од истата серија, не видов многу разлика, но имам нормална/сува кожа, не знам шо си мислев. Се согласувам за мирисот, ако мирисаат исто.