Тоникот го имам и е за комбинирана и мрсна кожа, тебе повеќе ќе ти одговараше можеби таа со козјо млеко линијата.
Ги нема во аптеките, туку во нивни продавници Еве адреса каде се наоѓаат продавниците Еве сетовите колку се, а може и посебно да се купат
Можеш сама да направиш. Земи рицинусово масло и масло од рузмарин ( го има во Capitol mall, во аптеката доле Anni farm). Јас претурив пола шишенце масло од рицинус и цело шишенце масло од рузмарин во шишенце со пумпица. Еднаш до најмногу два пати неделно и ставам на косата и ја скоро цел ден ја држам така, вечерта измивам два пати со шампон
Маскава за лице од банана ми е одлична. Убаво мириса и кожата ми е многу хидрирана после маскава. Ми се допадна уште од прво користење. Уште една прекрасна маска за лице. Последниве месеци постојано ја користам, не само месецов. Штета што ја нема во поголемо пакување. Гелов за туширање мириса најпрекрасно. Го обожавам, слаба сум на вакви производи со убав мирис и убава амбалажа. Млеково за коса последниов период исто ми е омилено. Функцијата си ја врши одлично, бонус е прекрасниот мирис на коса што останува подолго време. Маскава за коса ја користам заедно со млекото за коса, ми се допаѓа и таа. Во комбинација се прекрасни, ја прават косата многу мека.
Па не баш, повеќе се производи со цел да не се се оштети косата, да нема премногу расцветани врвови. Не сум приметила разлика за тоа што праша кога ги користам овие производи.
Vekje mesec dena go koristam losionov za telo, lesen e , mnogu ubavo prirodno mirisa i osvezuva,ne bese skap okolu 250 den namalen mislam deka bese, ubavi sostojki ima. Za leten period e posebno pogoden bidejki vednas se upiva i preubavo mirisa! Isto taka sakam da prasam dali nekoj go ima probano na Dove ova za potemnuvanje , iskustvo ?
Olaplex 3, 6, 7 Овој сет го земав по препорака од фризерката, долго време се мислев кои поточно производи да ги земам. Ги користам еден месец, презадоволна сум од се, и од терапијата и од 6 и 7 , кои што се користат по маската за коса. Косата е мека, не се плетка, не е разлетана , изгледа поздраво како од салон да сте излегле. Само треба да се користат по правило како што е нагласено на производот, и секако не очекувајте чуда на веќе оштетена коса Missha bb cream 42 spf Од кога ја земав , пудра немам ставено на лице , покривноста е средна , не е ни мат ни пак сјајна премногу, нешто измеѓу трајноста е одлична. Плус позитивно е што има висок спф. Јас го земав малото пакување, што не е и пак мн мало 20мл.
Од notino.gr , 7 евра За мк, тука ја имаш https://coslovemetics.mk/product-category/brands/missha/page/2/
21 кога излегува од тубата сивкасто делува да, ама кога ќе се размачка барем мене нормално ми изгледа јас ставам потоа и пудра одозгора. Ти која нијанса ја имаш?
1. Beardburys спреј за зацврстување на коса Спојлер Го пробав наместо лак за коса, па ефектот ме изненади ептен позитивно. Имам обичај да направам плетенки па, да ја носам таква косата, со прскање на обичен лак ми држи дури 2 саати, со ова 3 дена. Го нема оној корка ефект како лакот, туку косата е баш мека и нежна на допир, плус изгледа ко да немаш ништо ставено. Овде не сум го сретнала дали го има некаде, па набавив залихи до следно одење да имам И откритие на годината ми е дефинитивно, исфрлив лаковите по дома што ми се шуткаа. 2. The body shop - Shea Body butter Ми се допаѓа што веднаш се впива и не остава масни траги. Го немам она чувство дека сум нашлапала нешто тешко. Мирисот е траен и се задржува доста долго. Спојлер