@Adidas888 За Германија ја тагнувам @danichap да не знае каде може да ја има @cooll Единствено тестер да пробаш само така. Јас на ризик ја земав и ми се погоди
Ќе се вмешам и јас. Јас ја користев 23 и навистина во прв момент кога почнував да ја нанесувам изгледаше сиво, но многу бргу се претопуваше кон нијансата на тенот. Јас ја користев индивидуално наместо пудра, ама јас немам проблематична кожа. Се на се одличен производ. Не ја земав повторно зошто се трудам да се преориентирам на природна козметика, ама ако се решам да прекрша дефинитивно би ја земала пак.
Кремот е мрсен при самата апликација исто како некоја мрсна маст да ставам на лице. Свети. Убаво се осеќа и убаво се размачкува но дефинитивно не е за мрсна кожа, би кажала дека е за ептен сува кожа што ќе го впие добро. Не знам на што си мислела @Lotus Girl кога си пишала дека е за мрсна кожа.
Не може да биде мрсна како маст пошто is not oil-based. Пред да го земам чистав доста ривјус и беше еден од нафалените затоа и го земав. Кај мене одма се впива и не свети, и сум најмногу задоволна од сите СПФ што ги имам користено до сега. Така да секоја кожа е различна.
Мојата кожа е масна, знам што е крема што се впива и не свети. Само што нема спф. Оваа крема е сјајна, остава сјај при самото нанесување. Ако не ти е тешко испрати ми слики да видам кај тебе како изгледа, ќе ти испратам и јас. Повеќе креми што ги имам дома се oil free, а пак светат, сјајни се. Инаку лесно се осеќа на лице тоа морам да кажам.
За мојата сува кожа одлична е поготово денски, бидејки имам доста чисто лице(нема голема покривност но доволна за мене) хидрира и дава здрав сјај. Презадоволна
Одамна не сум пишала… Прво за пудрите и бб кремата. Фенти бјути бара да се размачкува добро за да упие, не е густа туку течна ама малку потешко се размачкува. Нијансите за среден тен се жолти и да знаете оксидира малку. Има мирис на бисквити. Е сега јас без и со прајмер ја тестирав и трајноста е 50/50, мора да се сетира со камена пудра. Се на сѐ, повеќе идеална ќе биде за лица со сува кожа. Камената пудра на mac blot ми е најдобрата инвестиција на пари од брендов . Најтрајна е, не покрива ич но добро матира, а мене тоа ми е потребно. Пудрата Фит Ми и камената се одлични за секој ден, ја користам без прајмер и поубаво лежи, подолго држи отколку со прајмер, само не требаше да земам иста нијанса камена бидејќи ми е темна малку плус дека оксидира, ама добро. Летово ќе ми биде тамн. Бб кремата на Миша ми е врв, лесна текстура не се осеќа на лице, и таа мора да се сетира. После 10+ часа со едно сетирање почнува да ми спаѓа и највеќе ја осеќам во пределот кај носот и околу него. Кремастиот руж омилен периодов, пигментиран може да се надогради количински нанесувањето. Не се губи брзо што ми е многу важно Маслото за коса ми е спас за суви врвови и против горење при фенирање. На база на вода, сосема случајно го купив. Мат кармините на Севентин ми се фејв сезонава, не се бришат лесно и не ја сушат устата. Само тие две бои ги имам. Сјајот на Аура ми е одличен за тсо тренерки и некој лабав ден, сум го потрошила. Не е леплив и има светки. За кремата за тело веќе пишував овде многу ми се допаѓа, сега после некое време кожата изгледа мазна и мека, негувана и свежа. Мирисот е феноменален се задржува долго. Задоволна сум ептен. И за крај, лабелото на Mon Reve ми изгледа како оние лабела со вкус. Остава нежна црвена боја, хидратира. Идеален е за на работа или маалско кафе преку ден. Фејв периодов.
Да се надополнам… За So bio etic cream веќе пишував низ темите дека оваа light верзија е одлична за комбинирано-мрсна и мрсна кожа. Нејзината текстура е баш light брзо упива и нуди убава хидратација. За жал,вчера и кажав чао. Ја користев навечер претежно, но може и денски универзална е. Гел за миење лице од Зиаја е наменет за комбинирана кожа,убаво чисти само не пени многу. Не го суши лицето, убав продукт за сечиј џеб. Брзо се троши,некаде околу два месеци го имам а веќе ми е при крај. Скработ за тело веќе го пофалив еднаш,одличен за оние со сува кожа на телото. Темелно чисти и масира, има ситни гранули внатре кои даваат такви чувство на масажа. Мирисот е одличен кој потоа се задржува на кожата, после него кремите за тело легнуваат брзо и кожата е уште помека и свиленкаста. Тушевите за очи и лабелото ми се омилени периодов. Тешко се отстрануваат тушевите само,идеални за мрсни капаци. Црниот во форма на мини фломастер ми е погоден, лесно се исцртуваат линиите,четчето е тврдо. Лабелото е многу хидратанто,вистински лек за испукани усни. Серумот со цинк ми е предобар серум периодов, за акни, за пори. Го користам наутро и сум презадоволна, ми ги суши акните и ги снемува по некое време. Ми се допаѓа хидратацијата која ми ја нуди и мислам дека ќе пробам и нешто друго од овој бренд. Мат карминот на Mon Reve не сум го фатила во кадар. Бојата е сон,а пигментиран е премногу, не ја суши усната и е траен, но за жал остава траги по чашите.
Следно пробај ја хијалуронската киселина од Q+A. Ќе се изненадиш колку е квалитетна за таа цена. Јас немам некој ефект уште од серумот со цинк. Ем и кремата ја земав и цинк капсули за пиење. Не ги користам секој ден, а ако го ставам серумот под спф ептен мрсно ми е лицето после. Затоа само навечер, кога не користам други серуми.
Фала за предлогот. Може не одговара некоја состојка со спф-то мене баш ми е погоден ама јас ставам од овој спф.
Те читам дека долго време го користиш овој спф, каков е за масна кожа? Инаку сакам да го нарачам следно овој темно синиот на Бентон, го нема на Олпео на залиха, дали имаш претстава каде може да се нарача?
Овој има сивкаста боја мислам дека тоа може малку да е проблем кај тебе, мене ми е океј убаво ми легнуваат пудрите. Дури и кога немам шминка лицето ми е мат со спф-во. Како е возможно не знам. Ама ете. Инаку, баеги е густ и размачкувањето е малку тешко,треба убаво да се размачка за да упие. За Олпео ич не знам, да ти кажам.
Истите од претходно + Медицинскиот коректор на Еуцерин Во принцип сакам да решавам проблеми, а не само да покривам под пудра, па ова ми е голден солушн, за некои акни или црвенила ако се појават од време на време. Lancôme Haute Definition маскарата Ем тенка нежна четка, ем не ја чувствувам како товар на трепките, што ми е од најголема важност. Кико Милано Micro Tip тушот