No1 за месец мај (а и наредни месеци ќе ми е, осеќам): лосионов за самопотемнување од дм. Ако и некој друг е опседнат да има тен, а да не троши многу пари за лосиони и пени- ви го препорачувам овој за само околу 2-3€ максимум од дм. Секој ден се мачкам и има стварно преголема разлика, бидејќи јас сум ептен бела природно. Флеки на алишта на остава и не е леплив, одма упива што ми е мене многу важно дека немам нерви да чекам 100 саати да се суши. И плус ептен убаво мириса Тенот е ептен природен, бронзен баш како паковањево некоја боја се добива. Парфемиве ми се моментално врв, поготово Армани. Преубав мирис и ептен препознатлив. Цела фирма го осеќа Јас сакам вака појаки парфеми и стварно е уникатен. Овој е понежен и баш летен, супер за оваа сезона. Ептен потсеќа на лето и мириса на лимони Поубав крем за раце одамна немам користено. Иако сакам јаки парфеми, рацете сакам да ми мирисаат посвежо и чисто. Ова е тоа тоа. Ем чисти, ем меки дланки.
Одличен скраб, беше на акција во Cosmo минатиот месец, го земав и ме воодушеви. Најсовршениот кармин за секој ден.
1. Tiam vita B5 toner Тонеров од скоро почнав да го користам, капнувам на дланките по неколку капки и го нанесувам со тапкање на лицето, многу ми се допаѓа , дава одлична хидратација 2. Tocobo spf 50 stick Прв пат пробувам спф во вид на стик , при нанесување не се чувствува на лицето, матира, не ја масти кожата, иако е во вид на стик потпишувам со две раце дека не се троши брзо, го користам од крај на април и ми е до пола. Премногу ми се допаѓа само по него посегнувам. 3. Heimish all clean balm (верзијата со мандарина) Го користам за вадење на шминка, одличен е, вади се од очи и најтврдокорната маскара го користам два пати дневно понекогаш кога и поручек ставам спф крема, го имам големото пакување и уште не ми е потрошено. Вреди за секој денар. Мириса цитрусно ама скоро и да не се чувствува 4. Geek&gorgrous happier barrier Кремава за лице ја користам од април месец, едно време ја паузирав мислејќи дека ќе ми биде тешка ама пак се вратив на неа, дава одлична хидратација, од coslovemetics ми ја препорачаа другата за комбинирана и мрсна кожа, ама по препорака на некои членови овде ја земав оваа за сува и комбинирана кожа и иако имам мрсна кожа супер ми одговара. Наредно може да ја земам другата колку за проба, ама оваа е предобра, ја препорачувам
Јас го имам Tocobo во туба тој што е и исто сум задоволна како брзо се упива и не остава чувство на тежина како некои други спф креми. Супер е и над него шминка да нанесеш, многу убаво изгледа лицето. Од Heimish.го имам класичниот чистач и ептен сум задоволна, не сум го сменила откако почнав да го користам. Има некоја разлика во формулата со овој од мандарина или само мирисот е различен?
1. Тоник од Зиаја Прилично сум задоволна иако мислам дека за помлада кожа ќе е поидеален. Убаво чисти и освежува( такво чувство имам). Наменет е за комбинирана и мрсна кожа, го користам навечер. Омилен ми е периодов само затоа што наутро не се будам со мрсна кожа. 2. Кремата за лице од Зиаја Кремата ми е фејв за дневната рутина идеална за мрсна кожа затоа што има полесна текстура која брзо убава ама и хидратира. Што е 10 за мене бидејќи таква и барам. 3. Крема за очи Конопка Кремата одамна ја имам ама сега и најдов место, многу убаво хидратира ја користам наутро и навечер. Имам наследни темни кругови ама барем да не ми е сув тој предел. Задоволна сум од неа, навистина хидратира и нуди богата хидратација. 4. Крема на Конопка Ја користам навечер и искрена да бидам ова е единствената крема на која би се навраќала. Многу е убава,лесна и хидратира, лицето го чувствувам чисто. Наутро кога ќе станам не се будам со акни, мрснотија што мислам дека заедно со тоникот придонесуваат за тоа. По приступачна цена може да се најде. 4. Olaplex шампон Мислам дека повеќе нема да купам друг шампон Читав многу коментари за целата колекција а особено за шампонот. Имав многу сува коса не се чешлаше по миење, а после сушење беше како метла. Од кога го користам косата ми се обнови, многу лесно се расчешлува и многу помалку ми се мрси. Течноста е густа и сува и мора да се растопи со вода за да се распени и потоа да се измие убаво косата. Потоа регуларно си ставам маска од друг бренд. Вреди за парите иако читав дека кај некои немало видлив резултат, некои имаат лесна, мазна и сјајна коса јас немам таква. Лесно можам да ја исфенирам. Го порачав од некој сајт за 23€ - 250мл минатиот месец а не ми е ни до пола. Топло го препорачувам за оние со проблематика како мојата и само да напоменам се фарбам и бојата си стои со шампонот побавно спаѓа.
Одамна немам пишано во оваа тема, но ќе се фокусирам на работите кои моментално најмногу ги користам. Palmolive - нивните гелови почнаа да ми личат едни на други во миризбата, што секако воопшто не ми пречи затоа што според мојот вкус имаат две крајности: или преубаво ми мирисаат или не можам да ги поднесам. Овој го користев долго време но почнав поретко да го забележувам, за жал. па се префрлив на овој Паралелно со Catrice Blush Box Glowing + Multicolour Blush Купив две различни нијанси и иако имам премногу руменила, сепак сакав да си направев залиха зошто не само што руменилото е преубаво и стои долго туку е и нијанса која одамна ја барав (најсветлото). Ги немам забележано па претпоставувам дека се повлечени од продажба. Catrice More than Glow Highlighter - најсветлата нијанса Еден од најпознатите нагласувачи на Catrice и со причина. Неколку месеци го имам и сите други нагласувачи ми се оставени на страна, а овој веќе го преполовив.
Веќе некое време го користам и мора да го пофалам, за мрсна до комбинирана кожа е, баш како гел му е структурата. Бидејќи јас имам комбинирана кожа, претежно мрсна, само околу уста суви делови многу ми се погоди кремот. Претходно користев bioderma pore refiner, но по некое време користење кога ќе нанесев, деловите околу уста што ми се суви ми се лупеја. Со овој немам таков проблем. Има пријатен не премногу јак мирис
Морам топло да го препорачам овој лак за нокти. Прво нијансата е толку нежна и убава, со ситни светки, ноктите изгледаат како бисерчиња. Второ и најважно за мене, веќе една недела ми се лакирани ноктите на нозете и лакот нема мрднато воопшто. Нијансата е иста. Прв пат фалам лак за нокти. Ете како изгледа на ноктите на рацете по трет ден откако се излакирав.
Ова е нешто преубаво, косата изгледа прекрасно. Уште од прво нанесување се гледаше разлика. Намената му е за мрсни корени и суви врвови, така пишува, а ја прави косата толку убава, мека, лесна за расчешлување, кога убаво ќе ја исчешлам ми е сосема права, како пеглана. Ми требаше ова.
Mnogu sum zadovolna od setov.Uste od prvo nanesuvanje prımetıv kolku kosata e pomeka ı kolku ubavo mırısa.. Predobar set
Омилени лакови ми се. Белиот со розевкаст сјај да го пробаш колку е прекрасен, прв лак што целосно го имам потрошено и ќе го купам пак.
Овој што го имам е баш таков, бел со розов сјај. Како бисерен сјај има ама на розова нијанса. На рацете ми трае до 2 дена бидејки нонстоп работам нешто или во вода сум. Инаку на нозете не мрда над 10 денови.
од истава линија го имам шампонот. Мирисот е неверојатен и се задржува. После него ставам регенератор и спреј за расчешлување и пак косата ми мириса на шампонот. Инаку тоа шишенцето што е?
Гел за бричење е тоа во шишето. Многу е добар гелот, планирам да купам уште 2-3 такви, исто и од гелот за туширање.