Моливите за усни од Кико Милано од линијата Smart Fusion се совршенство. Кремасти, меки и трааат. Вредат за секој денар, а јас и на попуст ги начекав пред некое време Посебно им е убава нијансата 33, онака секојдневна.
Спрејот за тело Let the good times roll е мирис на годината, сладок, траен, мириса прво на пуканки па на карамела цел ден особено ако прснете на облека. Секој ден на работа некој ќе ме праша што мирис имам ставено или што мириса така слатко. Го препорачувам да го пробате одобрно тие што сакаат слатки мириси. Beauty od joseon spf 50 stick Одличен, мат е лицето цел ден, најматирачки стик до сега нешто по мат од Tocobo, одличен е и како база за пред пудра. AHC ten revolution - крема за очи Одлична хидратација, над 1000 денари кошта ама е value for money 30 ml има како цела крема за лице. Доволно е сосема малку да се нанесе. Bourjois Le petit strober - одличен хајлајтер, со четката од Голден роуз одлично ми се нанесува, не е препигментиран па така да може по желба да нанесуваш колку сакаш. Го користам секој ден. Буржуа има секогаш прекрасни производи тоа е факт Golden rose молив за веѓи- најдобар , ќе го земам пак и пак, водоотпорен е а нијансата според бојата на косата ми е најпогодена до сега.
Ја има во Бебехоум во Сити мол https://coslovemetics.mk/product/a-h-c-ten-revolution-real-eye-cream-for-face-30ml/
Производи кои никогаш не би ги сменила: Обичната и зелената за масна кожа, врв, имам испробано секакви, популарни, скапи.. Оваа мицеларна вода е нежна и со еден потег ја чисти шминката и други нечистотии + СПФ креми. Нежна гел-крема за масна кожа, ја користам долго, почесто во вечерна рутина, убаво легнува на лицето и го прави меко, хидрирано и мат. Блемиш ефект. Кремата која ми ја препорачаа од coslovemetics ми ја мрси кожата и тешка ми е, затоа пак си се вратив на оваа крема. Порано имаше црвена линија на овие со некоја кал беа, сега е глина. Многу нежно средство, а чисти беспрекорно без да ја пресуши кожата. Се осеќа убаво на лицето, мека и нежна текстура која не иритира, смирува инстантно. Ако знаете каде ги има овие со кал пишете. Тонери за хидратација и тонер со гликолна киселина и Ц витамин кој повеќе го нема во Стокомак, ми ја измазнуваше кожата. Каде да најдам добар тонер со гликолна киселина? Многу сум задоволна од парфемите на Waikiki, преубав мирис на ментол и нешто слатко, трае исто така. Серум со пептиди од coslovemetics за во рутината. Во вечерна рутина го користам после двојно чистење и тонер. Го омекнува и измазнува лицето. После него крема обавезно. Не го менам долго време, толку убаво мириса и чисти. Нежен е. Ги барам истите влажни марамици но никаде ги нема. Ако знае некој? Се што е минерали, добро е масна кожа и коса. Втор пат го користам,10-15 капки на скал се масират нежно на чиста измиена коса и потоа се измива. Јас се вратив на wash n go за волумен, во комбинација со капките. Колку толку има ефект, мене косата ми нема ич волумен постојано се мрси и ја фаќам во репче.
Продолжуваме: Овој спреј ми стана фаворит последните 3-4 месеци откако се користи клима и се спие со отворен прозор. Постојано се будев и заспивав со затнат нос, па и во текот на денот се случуваше. Спрејот ми ги отвори дишните патишта скроз, чувството е неописливо, колку помага! Не смее да се претерува и да се постане зависен од тоа. Млекото за тело ептен ја омекнува кожата и мириса преубаво, слатко овошно/цветно, сите околу мене го имаат забележано тој мирис. Спрејот исто мириса ама не трае мирисот долго. Пред неколку дена почнав да го користам навечер, добар е, убаво чисти, ептен малку ја пресушува кожата, сепак е гел. Две СПФ креми од кои сум задоволна од заштитата, а посебно од тоа како стојат на лице цел ден без да светнам(минерали се во прашање). Потешко се нанесуваат но со тапкање најдобро се впиваат. Јас ставам по 1 прст, за мене е доволно, не се изложувам на сонце скоро ич. Два слоја како и да ги нанесете, премногу е од овие креми, бидејки имаат ефект на избелување на кожата и тешки се.
тие последните капки за коса што се од каде ги земаш? И јас би да пробам. Косава ми е за нигде ем танка ем без волумен и капак на се се мрси невероватно Јас мислам дека до крајот на животот ќе ја земам таа кремата од бентон, минералната во плава амбалажа. Колку е погодна како подлога тоа чудо едно. Никогаш не ми светнало лицето со неа.
Јас таа на so by mi ја користев и со еден слој супер беше лицето, ако ставев два се мастеше многу. Мислев нешто до мене да не е, ама сепак не
@marchi-cool Од ДМ ги земав на каса беа, 380мкд. Мене Some By Me ми е подобра сега. Како бебешко го прави лицето. @koritsaki Ептен ја бидува за под пудра? Не сум пробала. Details please?
Па да, јас според рутината така и ја користев, со оглед на тоа што користам пудра за сетирање воопшто не ми се масти лицето со саати. Само два слоја ако ставев ми беше тешка некако
Овој body mist од Sinsay. Случајно го помирисав во продавница и морав да го имам, фантазија ми е. Мириса најgirly на свет, мириса како што сакам да мирисам 24/7, мириса на розе боја, мириса на Барби цртани филмови, значи !!! За само 4 евра !! Како некој што е многу picky за мириси, шокирана сум колку ми се свиѓа.