Маскари со силиконска четка немам земено од пред години кога една толку ми ги иритираше очите што не сакав ни да помислам на такви. После долго време користење една иста маскара и после сите essence маскари кои потфрлија, се осмелив да земам. Зедов Golden Rose кои до сега ми се покажале добри, а одлични со цена. И излезе дека во комбинација со било која друга, а оваа како „подлога“ односно прв слој дава одлични резултати. Golden Rose Catwalk Mascara Во омилени ги ставам и лаковите на Malena. Не ми се допаѓа што доста поскапеа зошто на колекција како мојата скапо излегува Стојат без проблем и веќе имам бои што ги купив од ново, а секако, бел и црн веќе по неколку пати.
Јас вчера го нарачав спрејот, морам да признаам дека ме убеди @koritsaki . Едвај чекам да ми стигне чудото, од Лаш поодамна го користев Ro's Argan крем за тело и преубаво мириса траен е и се тоа, ама со тек на време тежок ми стана мирисот. Носталгичен ми е ако не друго. Бомбите за бања исто ги имам користено, зелената маска за лице онаа лепливата со мирис на bubble gum заборавив како се вика, убаво се осеќаше на кожата.
Афродита има лосиони за тело еве ги. Ама не се трошат ко алва бидејќи искрено некако смрдат (барем мене) Ама затоа пилинзите за тело им се фантазија. Ништо не ексфолира подобро од нив, кожата мека како бебе
Во ДМ, од таму сум ги земала но верувам дека ги има во сите поголеми маркети. Паковањето им е цело црно но има едни и со златно капаче - има премногу врсти и мириси. Последно го земав овој со црешов цвет и е прекрасен Е сега овие се многу помрсни од другите пилинзи, пример не се како на Organic Shop или Dove бидејќи има и масла во составот па може на некој не му се допаѓа тоа.. Мене ми се убави бидејќи ја оставаат кожата премногу мека и нежна и не мора да ставаш крема потоа.
Самиот крем е масен. Не го препорачувам за масна кожа. И јас го купив го пробав(масна т зона имам инаку) цело лице ми го прави масно светкаво. Сега само прашина собира. Додека плавиот хидратантниот од ист бренд, подобар се покажа за масно лице. @FridaodaMk За масна кожа овој е ВРВ доживотно!
Не се согласувам. Еве јас имам многу мастна кожа, Цело лице и единствено од таа крема до сега, воопшто не светам.